Tour overview

НОВИ САД е вториот по големина град во Србија по Белград. Според најновиот попис од 2011 година, градот има урбано население од 277.522 жители, додека населението на општината е 341.625. Градот се наоѓа на границата помеѓу регионите Бачка и Срем, на брегот на реката Дунав и каналот Дунав-Тиса-Дунав, притоа гледајќи на северните падини на планината Фрушка гора. Уште од формирањето во 1694, Нови Сад е центар на српската култура и го добил името Српска Атина. Денес Нови Сад е голем индустриски и финансиски центар на српската економија, а исто така е еден од најголемите градежни локации во регионот. 

Петроварадинската тврдина е тврдина која се наоѓа во градот Нови Сад, Србија, во населбата Петроварадин на десниот тек од реката Дунав. Денешната тврдина била изградена од страна на Австрија која владеела од 1692 до 1780 година, на местото на поранешна тврдина која била изградена во антчко време. Австријците оваа тврдина ја изградиле поради блискоста на границата со Османлиската империја. Оваа место се нарекува и Гибралтар на Дунав.

Најголемиот и главниот град на Србија – БЕЛГРАД, носи во себе еден посебен шарм на град кој се има преродено од сопствената пепел. Удобно лоциран на местото каде се вкрстуваат реките Дунав и Сава, овој град лесно ќе се вреже во меморијата и душата на секој патник. Иако целосно и припаѓа на Источна Европа, Белград дише западен воздух, предизвикувајќи го она посебно чувство, создадено во некое од неговите скриени катчиња, исто како кај француските градови. Голем број на туристи веќе ги имаат откриено убавините и богатствата на овој град, кои беа непознати до неодамна. Љубителите на културата тука ќе може да уживаат во архитектурата и музеите, додека вљубениците на лудата забава, неуморно ќе можат да го истражуваат незапирливиот, белградски, ноќен живот.

Белград е на врвот на листата на градови со најдобар ноќен живот. Главниот српски град го зазеде првото место поради богатата понуда на ресторани, барови и клубови на улицата Скадарлија и на дунавските и савските сплавови, но и поради локалното население, кое со својот ентузијазам придонесува за добрата забава.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:
ПРВ ДЕН:  24.05.2024  СКОПЈЕ – БЕЛГРАД

Поаѓање за Белград во 04:00 часот од Штип, паркингoт пред Новата Пошта, 05:30 часот од Скопје, пред хотел Континентал, 06:00 часот од Куманово, бензинска Макпетрол. Патот води преку граничниот премин Табановце со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Белград во претпладневните часови. Разглед на Белград: плоштадот Теразије, Славија, храмот Св. Сава, булеварот и плоштадот на Револуцијата, тврдината Калемегдан каде ќе се посетат Римскиот бунар, Војниот музеј, Споменикот на победникот и панорама од каде се гледа вливот на реката Сава во реката Дунав. Слободно време за индивидуални активности до 14 часот. Сместување во хотел во 14: 30 часот. Попладне прошетка на плоштадот Теразије. Слободно време. Враќање во хотелот. Ноќевање.

ВТОР ДЕН: 25.05.2025  БЕЛГРАД – НОВИ САД – БЕЛГРАД

Појадок. Поаѓање за Нови Сад. Нови Сад е центар на српската култура уште познат и по прекарот Српска Атина. Посета на Петроварадинската Тврдина, катедралата, прошетка низ стариот дел на градот. По посетата слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел во попладневните часови. Посета на Скадарлија или Сплав. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН: 26.05.2024 БЕЛГРАД – СКОПЈЕ

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Посета на шопинг центар Галерија – слободно време за шопинг. Попладне, поаѓање за Македонија со попатни одмори. Пристигнување во Куманово/Скопје/Штип во доцните вечерни часови.

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  6.600,00 денари 
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
  • превоз со туристички автобус или минибус
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3*во Белград
  • туристичка такса
  • патничко осигурување
  • водство и организација на програмата со лиценциран придружник
  • разглед на Белград и Нови Сад
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
  • влезници за културно- историски споменици
НАПОМЕНА:
  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 40 патници.
  •  Може да се патува и со лична карта.

ID 032

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
Download pdf brochure