Tour overview

 1 ДЕН 28.12.2025 СКОПЈЕ:

Состанок на групата во 09 00 ч. Поаѓање во 09:30 часот од спортската сала Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска. Ноќно возење со попатни паузи.

 2 ДЕН  29.12.2025 ФРЕЖУ:

Пристигнување на Азурен брег  во пладневните часови… Ве водимне на прошетка низ Фрежу. Фрежусе наоѓа на половина пат помеѓу Кан и Сен Тропе, во срцето на Азурниот Брег.Градот е изграден на песочник од планините Естерел, со поглед на долините Арженс и Рејран.Има изглед на мал провансалски град … Градот се наоѓа на местото на античка поморска база основана од Јулиј Цезар околу 50 година п.н.е. и првично позната како Форум Јулиј.Неговите римски урнатини вклучуваат амфитеатар од крајот на 1 век, аквадукт и антички утврдувања.Катедралата Нотр Дам и Сент Етјен (13 век) има крстилница од 5 век.Фрежу е родно место на римскиот поет Гај Корнелиј Гал, римскиот генерал Гнеј Јулиј Агрикола и францускиот револуционерен државник Емануел-Жозеф Сиејес (1748)година. Првично мало земјоделско село, Фрежу сега е голем туристички центар со плажи, продавници и пристаништа за јахти.Сместување во хотел. Слободно време за  одмор и индивидуални прошетки.  Ноќевање.

 03 ДЕН 30.12.2025 КАН – КАН, АНТИБ, НИЦА

Појадок.  Препорачуваме целодневен излет кон Кан, Антиб и Ница… Започнуваме со  прошека низ стариот дел на Кан: прекрасна прошетка по Кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажетик, филмската палата, плазата на фотомоделите, стариот град со тврдината…  потоа посета на монденското место Антиб и кралицата на ривиерата Ница. Антиб е прекрасно градче кое го маѓепсало Пикасо, можност за посета на музејот кој е единствен музеј на светот посветен на еден уметник уште во текот на неговиот живот( влезница 10€)…  потоа продолжуваме со посета на Ница… Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата… Слободно време за прошетки и ручек. Враќање во хотел во вечерните часови.  Ноќевање.

04 ДЕН 31.12.2025 СЕН ТРОПЕ – МОНТЕ КАРЛО :

Појадок. По појадокот препорачуваме посета на најгламурозниот град на Азурниот брег – СЕН ТРОПЕ: Прошетка по живописните улички, пристаништето со луксузните јахти и прочуени кафичи ( Senequer) каде вообичаено се испива утринското кафе со познатиот колач Tarte Trapezien.  Во попладневните часови враќање во хотел. Слободно време за одмор и подготовка за дочек на Новата Година.

Препорачуваме дочек на Новата Година во гламурозното Монте Карло, заедно со светскиот џет сет… единствено доживување. Враќање во хотел во ноќните часови.  Ноќевање.

05 ДЕН  01.01.2026 КАН  – ЕЗ – МОНАКО – СКОПЈЕ: 

Појадок. Одјавување од хотел. Посета на Монако со  попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, градините на принцезата Грејс Кели, патеката на F1, пристаништето…Препорачуваме посета на Океанографскиот музеј и аквариум во Монако кој е филијала на Институтот во Париз и е единствен од тој вид во светот.( влезница 25€). Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патот продолжува преку Италија, Словенија, Хрватска, Србија… Ноќно возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

06 ДЕН 02.01.2026 СКОПЈЕ: 

Пристигнување во Скопје, на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во вечерните часови.

Во цената на аранжманот е вклучено:
  •   Задолжително патничко осигурување 300 мкд,
  •   Новогодишна посета на Монте Карло (50€)
  •   Посета на Ст. Тропе (50€)
  •   Задолжителна посета на Монако и фабрика за парфеми ‘Fragonard’ последниот ден (40€) ( се плаќа во агенција)
  •   Посета на Кан,Ница и Антиб (60€)
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
  • Задолжително патничко осигурување 300 мкд,
  • Новогодишна посета на Монте Карло (30€)
  • Посета на Ст. Тропе (40€)
  • Задолжителна посета на Монако и фабрика за парфеми ‘Fragonard’ последниот ден (30€)
  • Посета на Ница и Антиб (50€)

*** ПАКЕТ ИЗЛЕТИ – Азурен брег – 180€

  •   Туристичка такса во Ница (3€ по лице на ден, се плаќа во агенција)
  •   Влезници за културно историски споменици, музеи.
  •   Билети за јавен превоз
  •   Доплата за еднокреветна соба 6.900 ден
  •   Доплата за избор на седиште 20€
НАПОМЕНИ:
  •  За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  •  Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари.
  •  За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.
  •  Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.

ID 002

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
  •