Tour overview
Туристичката населба Сутоморе се наоѓа помеѓу Бар и Чањ, во еден од најубавите делови од Јадранското крајбрежје. Со својата долга песочна плажа, прекрасното сино море, како и многубројните ресторани, кафе-баровите, дискотеките, забавните паркови за деца и другите објекти за забава, е омилена туристичка дестинација и нуди можност за незаборавен одмор.
ВИЛА СКАУТ – СУТОМОРЕ
Сместувањето е во центарот на градот, на само 250 м од плажа. Вила Скаут располага со двокреветни и трокреветни соби и четворокреветни апартмани. Секоја соба има клима, тоалет, фрижидер, ТВ и тераса. Користењето на клима уредот е вклучено во цената.
Капацитет: 1/2 и 1/3 соби и 1/4 апартмани.
| 20% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 31.12.2026, СО УПЛАТА ОД 50% ДО 31.12.2026 И ДОПЛАТА ДО 01.03.2027 |
| Термин |
Ноќевања |
Цена по лице |
| 14.06 – 23.06.2027 |
9 |
310 € |
| 23.06 – 02.07.2027 |
9 |
310 € |
| 02.07 – 11.07.2027 |
9 |
320 € |
| 11.07 – 20.07.2027 |
9 |
330 € |
| 20.07 – 29.07.2027 |
9 |
330 € |
| 29.07 – 07.08.2027 |
9 |
330 € |
| 07.08 – 16.08.2027 |
9 |
330 € |
| 16.08 – 25.08.2027 |
9 |
320 € |
| 25.08 – 01.09.2027 |
7 |
270 € |
| 01.09 – 08.09.2027 |
7 |
250 € |
| 08.09 – 15.09.2027 |
7 |
240 € |
Цените се по лице, за пакет аранжман: 9 или 7 ноќевања со појадок и вечера, со вклучен превоз.
- Прво дете до 12 години – попуст од 50% од цената на аранжманот;
- Второ дете до 12 години – гратис (доплата за превоз 45 €), за сместување во 1/3 соба;
- Второ дете до 12 години – попуст од 50% од цената на аранжманот, за сместување во 1/4 соба;
- Трето возрасно лице или дете над 12 години – попуст од 20%;
- Дете до 5 години што не користи кревет – гратис (доплата за превоз 25 €);
- Доплата за еднокреветна соба – 70%;
- Попустот за деца важи за сместување со две возрасни лица;
- Намалување за патување со сопствен превоз – 10 €.
- 9 или 7 ноќевања (според терминот) со појадок и вечера во вила Скаут;
- Превоз со автобус или минибус;
- Користење на клима уредот;
- Туристичка такса – се плаќа на лице место;
- Патничко здравствено осигурување;
- Избор на седиште: 10 € во правец (освен седиштата 1 и 2);
- Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност (1 евро = 62 денари).
- Доколку се прави промена на аранжман уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник и во периодот кога се во тек попустите за рана уплата.
- Сместувањето на првиот ден е по 14 часот, а одјавувањето на последниот ден е во 9 часот.
- Агенцијата не сноси никаква одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во објектите.
- Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студија, а не се селектирани по едно студио.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first и last minute или друг тип промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени што се разликуваат од оние што се веќе објавени во ценовникот. Лицата што го уплатиле аранжманот по редовен ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цената.
- За резервација по редовна цена, 30% од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на резервација, а остатокот 21 ден пред поаѓање.
- Патникот во секој момент може да се откаже од аранжманот. Тоа се прави во писмена форма и согласно скалата објавена во општите услови за патување.
- Во случај на отказ на аранжман што е со попуст за рана уплата, 50% од сумата е неповратна, а вториот дел од 50% се задржува согласно скалата објавена во општите услови за патување.
- Поаѓање за Црна Гора: Скопје, „Борис Трајковски“ – 05:00 часот.
- Превозот е со автобус или минибус и е до соодветното место за запирање согласно локалните сообраќајни услови.
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж и 1 парче рачен багаж.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
- Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето. Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона, можни се определени доцнења, за кои однапред се извинуваме.
- Доколку патникот сака да бира седиште, се доплаќа 10 € во правец (освен седиштата 1 и 2).
ID 051
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |
Download pdf brochure