Tour overview

Вилата „Tsitsirikos“ е еден од најпознатите и најбараните објекти во Торони, позната по одличниот сооднос на квалитет и цена. Сместена е на само 70 метри од плажата и шеталиштето, во прекрасен двор полн со зеленило и цвеќиња. Мирна атмосфера, исклучителна чистота и љубезни домаќини се причината зошто оваа вила е омилен избор за семеен одмор во Торони.
Вилата се наоѓа на само 70 метри од песочната плажа во Торони, во непосредна близина на сите содржини – маркети, таверни, кафулиња и продавници. Лесно се пристапува со автомобил, а вилата располага со сопствен паркинг за гостите.
Објектот се состои од 12 четирикреветни апартмани (30 m²)
Апартманите располагаат со: спална соба со брачен кревет; кујна со трпезариски простор каде има еден поголем и еден помал единечен кревет; во два апартмани дополнително има и фотелја-кревет; сите апартмани имаат балкон (некои со трема), клима, ТВ, Wifi и комарници. Вилата има простран, уреден и зелен двор, идеален за семејства со деца. Во дворот има лежалки и чадори, масички со столици, скара (BBQ) достапна за сите гости, како и делови со сенка за попладневен одмор. Паркингот е бесплатен и обезбеден во рамките на дворот.

Сместувањето е исклучително чисто и редовно одржувано. Постелнината и пешкирите се менуваат на секои 7 дена. Домаќините се познати по својата љубезност и внимателен однос кон секој гостин.

Координати до вилата „Tsitsirikos“.

-20% ПОПУСТ ЗА 50% УПЛАТА ДО 31.12.2025 И ЦЕЛОСНА ДОПЛАТА ДО 01 АПРИЛ 2026

ТЕРМИН НОЌЕВАЊА АПП 1/2+2
17.05.2026 7 249
24.05.2026 7 275
31.05.2026 7 324
07.06.2026 7 421
14.06.2026 7 584
21.06.2026 7 681
28.06.2026  7 681
05.07.2026  7 714
12.07.2026  7 746
19.07.2026  7 763
26.07.2026  7 779
02.08.2026  7 925
09.08.2026  7 925
16.08.2026  7 828
23.08.2026  7 746
30.08.2026  7 600
06.09.2026  7 437
13.09.2026  7 421
20.09.2026 7 249

Цените во табелата се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.

Цените се дадени за наем на соба без превоз за 7 ноќи/8 дена.

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

Сместување во апартман за 7 ноќи.

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
  • Превоз до избраниот објект во Грција;
  • Задолжително патничко осигурување;
  • Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци;
  • Туристичка такса.
НАПОМЕНИ
  • Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни
  • Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 10:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време);
  • Хигиената во објектот за време престојот ја одржуваат самите гости;
  • Агенција го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитетите да ги објави и продаде слободните капацитети по Last Minute цени при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студија, а не се селектирани од едно студио, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот за сместување.
  • Кујните во сите студија се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
  • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Превоз од Скопје/ Велес/ Неготино/ Смоквице/ Гевгелија;
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
  • Попустите за ран букинг НЕ се комбинираат со други попусти.

ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПОНУДА ПО РЕДОВНА ЦЕНА, 30% ОД ВРЕДНОСТА НА АРАНЖМАНОТ СЕ УПЛАТУВА ВО МОМЕНТОТ НА РЕЗЕРВАЦИЈА, А ОСТАТОКОТ 21 ДЕН ПРЕД ПОАЃАЊЕ.
ПАТНИКОТ ВО СЕКОЈ МОМЕНТ МОЖЕ ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД АРАНЖАМОТ. ТОА СЕ ПРАВИ ВО ПИСМЕНА ФОРМА И СОГЛАСНО СКАЛАТА КОЈА Е ОБЈАВЕНА ВО ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Во случај на отказ на аранжман, кој е со попуст за рана уплата 50% од сумата е неповратна, а вториот дел од 50 % се задржуваат согласно скалата објавена во општите услови за патување.

ID051 и 025

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ