Tour overview

Вила KALIAMBOS „B“ категорија – се наоѓа на левата страна од местото, на 200 м. од главната улица, и САМО 30 м. од прекрасната песочна плажа. Секоја соба е опремена со модерно опремена кујна, ТВЦ, ТВ и КЛИМА (со доплата – 5 € на ден).

Димензиите на креветите во апартманите и студијата во Грција се разликуваат од нашите стандарди.
Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-80 см x 185-190 см, брачен кревет (француски)  145-155 см со 180-190 см

за Лептокарија
Лептокарија (село од лешник) се наоѓа во подножјето на планината Олимп, на околу 100 км од Солун.
Се смета за едно од најубавите одморалишта во Грција.
Шеталиштето, топлото море и прекрасната песочна плажа се само дел од привлечностите на Лептокарија.
Местото е идеално за семејства со деца, за оние кои сакаат вистински одмор, и за млади кои сакаат добра забава.
Многу продавници, таверни, кафулиња, ресторани, бутици и летна врева се печат на Лептокарија.
Местото има многу игралишта, забавни паркови, како и огромен парк со детски активности, лулашки….
Секоја вечер кружат два воза низ Лептокарија, кои по релативно ниски цени ги носат туристите на обиколка. Главната улица е исто така главното шеталиштето каде има многу кафулиња, ресторани.
За оние кои бараат и забава, има дискотеки и барови покрај плажата…
Цените се многу пониски од другите одморалишта.
Кафулињата и рестораните ги нудат своите специјалитети по многу пониски цени.
Сепак најевтин е пазарниот ден во вторник, каде освен свежо овошје и зеленчук….
Добра патна мрежа, ја поврзува Лептокарија со сите околни места што можете да ги посетите.
Местото има сè што му треба на еден град.
Лептокарија е едно од ретките одморалишта каде можете да консумирате вода од чешма.
Интересно е што ноќе нема горштини како во други места бидејќи има влијание планината Олимп.
Градската плажа е долга околу 5 км и има Сино знаме, што зборува за чистотата и квалитетот на водата.
Со нарачан пијалок во кое било од многуте кафулиња, туристите добиваат чадор и лежалка..
Плажата Скотинас се наоѓа на 5 км од Лептокарија и е особено интересна за семејства со деца.
Молос плажата е на околу 2 км од одморалиштето.
Има спортски терени каде исто можете да се забавувате, играте…..
Спецификација на собите (студиата) :
Двокреветно (1/2) студио : 1 брачен кревет, комплетна кујна, ТВЦ, ТВ, тераса (источна страна – поглед кон море, со тенда) и клима.
Трикреветни (1/3) студио: 1 брачен кревет + 1 единечен кревет, комплетна кујна, ТВЦ, ТВ, тераса (источна страна – поглед кон море, со тенда) и клима.
GPS : 40.064673, 22.567205

– 20% попуст за резервации и целосна уплата до 31.12.2023
– 10% попуст за резервации и целосна уплата до 28.02.2024

Цена за НАЕМ на студио/апартман за 8 дена 7 ноќевања

термини 1/2 студио 1/3 студио
25.05-01.06 69 89
01.06-08.06 109 129
08.06-15.06 139 169
15.06-22.06 169 199
22.06-29.06 209 239
29.06-06.07 239 269
06.07-13.07 269 299
13.07-20.07 279 309
20.07-27.07 309 339
27.07-03.08 309 339
03.08-10.08 309 339
10.08-17.08 309 339
17.08-24.08 309 339
24.08-31.08 259 289
31.08-07.09 209 239
07.09-14.09 179 199
14.09-21.09 139 159
21.09-28.09 89 99

Цени во € се плаќа во денари 1€ = 62 денари
Понудите кои се ПРОМО не подлежат на промена и не е можна рефундација на средствата.

Во цената Е вклучено:

7 ноќевања во студио
Безжичен интернет

Во цената НЕ Е вклучено:

Превоз
Патничко осигурување ( задолжително е да се има )
Доплата за клима уред 5€ на ден (се плаќа во вилата)
Туристичка такса 0,50€ на ден за соба (се плаќа во објектот)

НАПОМЕНИ: 

Информации, услови, попусти
Цените обележани со црвено се промо цени

На промо цените и цени за рана резервација НЕ следува попуст
Сместување во собите прв ден е после 14 часот (локално време),
Напуштање на собите последен ден најдоцна до 10 часот (локално време)
Туристичката такса се плаќа на лице место по пристигнувањето во објектот..
За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
Агенцијата организатор не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во капацитетите од понудата.
Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман понуден и продаден по рани резерваци или т.н. last minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот поради: отказ од клиент, намалена цена од сопственикот или непродадена соба од контингентот) НЕ следува корекција на цената.

Важат Општите услови на ТА
Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди.
Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-80 см x 185-190 см, брачен кревет (француски)  145-155 см со 180-190 см.

За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст.
Попустот важи само на редовни цени. – попустите не може да се комбинираат,
Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата) – Важат Општите услови на Т.А. 

Отказни трошоци во случај на отказ на услугите  
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма.
Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).
Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услуга / индивидуален престој се различни за секој објект/хотел и тие ке бидат составен дел во понудата.
Доколку не се опишани во понудата други услови се применуваат и во сила и со важност се
Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )

– за отказ од 60 до 45 дена пред патувањето се наплатува 5% од аранжманот
– за отказ од 44 до 30 дена пред патувањето се наплатува 10% од аранжманот
– за отказ до 30 дена пред патувањето се наплатува 30% од аранжманот
– за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето се наплатува 50% од аранжманот
– за отказ од 14 до 5 дена пред патувањето се наплатува 80% од аранжманот
– за отказ од 5 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето се наплатува 100% од аранжманот.

Напомена: 
За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата.

ПРЕВОЗ

Информации; цени, време на поаѓање, места на поаѓање:

Град – место поаѓање возрасен дете 2-12 г
 Скопје – Дрводекор 04:00 45 € 35 €
 Велес – БП мотел Македонија 04:30 45 € 35 €
 Штип – паркинг пред пошта, трансфер до Велес 03:40 60 € 50 €
 Неготино – бензинска, Неготино 05:00 45 € 35 €
 Граничен премин – бензинска Шимов 06:00 45 € 35 €
 Битола – Автобуска станица Транскоп – на перон 04:00 40 € 30 €
 Прилеп – БП Селида,  трансфер до Битола 03:15 40 € 30 €
 Струга – Хотел Дрим 02:15 45 € 35 €
 Кичево – БП Пуцко Петрол 02:15 55 € 45 €
 Охрид – БП Лук Оил излез Битола 02:30 45 € 35 €
 Ресен – Автобуска станица 03;15 45 € 35 €

Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe

ТА  го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во  во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70%

Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето
Поради густиот сообраќај во летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до/од објектот на сместување.
Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.

ID 040

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
Download pdf brochure