Tour overview

Метаморфози, вашата дестинација за целосно исполнување на вашите очекувања за заслужениот одмор во Грција. Уживајте во привлечноста на кристално чистото Егејско Море, живописните плажи и паркови како и локалната култура. Со својата раскошна понуда на хотели, ресторани и активности, Метаморфози ќе ве трансформира во вистински љубител на грчкиот начин на живот.

Резервирајте сега и доживејте ја вашата метаморфоза со нас!

Вила „ЛИНА“ е во срцето на Метаморфози, каде и да одите морате да поминете од тука! Со својата извонредна местоположба на само 50 метри од песочната плажа ви нуди прекрасно сместување на самата обала. Со различните видови студија и апартмани, гостите можат да уживаат во пространите тераси, од кои повеќето нудат незаборавен поглед кон синото море или на живописниот градски парк.

Сите сместувачки капацитети, без исклучок, се опремени со целосна функционалност за да им овозможат на гостите највисоко ниво на удобност и практичност. Кујни, бањи, фен за коса, телевизори, WIfI и клима уреди – сето ова е достапно, без дополнителни трошоци, што го прави престојот во Вила Лина не само удобен, туку и безгрижен.

10% ПОПУСТ ЗА РАНА УПЛАТА

за резервација до 01.02.2026 со уплата од 50 % и целосна уплата до 21 ден пред поаѓање

 

ТЕРМИН ОД НОЌИ 1/3 Студио (море) 1/4 Студио (море) 1/4 Апартман (странично море) 1/4 Апартман (море) 1/4 Дуплекс
23.05 7 199 219 249 259 269
30.05 7 269 299 319 369 379
06.06 7 329 379 409 439 459
13.06 7 389 429 459 489 519
20.06 7 439 479 509 549 579
27.06 7 489 509 559 629 659
04.07 7 519 549 619 659 679
11.07 7 549 589 649 679 699
18.07 7 569 619 669 699 739
25.07 7 569 619 669 699 739
01.08 7 569 619 669 699 739
08.08 7 569 619 669 699 739
15.08 7 569 619 669 699 739
22.08 7 529 559 619 659 699
29.08 7 439 479 539 569 629
05.09 7 369 389 449 459 519
12.09 7 279 309 369 379 429
19.09 7 239 259 279 299 329
26.09* 7 189 219 239 259 269

* Цените се однесуваат за наем на студио за 7 ноќевања;

* Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, односно исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест. Единствено, над бројот на кревети е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години. (не користи легло);

* Туристичка такса се плаќа во агенција;

* Сместувањето во собите е после 14:00 часот локално време, а напуштањето на собите е до 10:00 часот локално време;

* Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во апартманите/студијата;

* Плаќањето се врши во денарска противредност каде 1 евро = 62,00 денари

* Промена на име на патник, термин или сместувачки капацитет без оправдана причина се смета како манипулативен и административен трошок и се наплаќа 620,00 денари (10 евра)

 

ПОПУСТИ

* За уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања одобруваме вкупен попуст од 5%;

* Различните попусти не се комбинираат, односно не се одобрува попуст на веќе одобрен попуст по друга основа;

* Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти;

РЕЗЕРВАЦИИ И ПЛАЌАЊЕ

* За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот;

 

УСЛОВИ ЗА РАНА РЕЗЕВАЦИЈА:
* Уплата 50% од износот на аранжманот;
* Доплата најдоцна до датумот кога истекува попустот за рана резервација;
* Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуeлни во периодот на доплата;

ПРЕВОЗ

* Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до влезот на вила Лина;
* Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот;

* Агенцијата, распоредот на седење во автобусот го прави 2 дена пред датумот на поаѓање;

* Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот;

 

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ Скопје-Халкидики-Скопје:

* 50 € возрасни (повратен билет) / 40 € возрасни (eден правец)

* 40 € деца од 2-12 год. (повратен билет) / 35 € деца од 2 – 12 години (еден правец)

* БЕСПЛАТНО за деца до 2 години (не користи седиште)

ID044

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ