Tour overview

12% ПОПУСТ на цените во табелата за резервации во период од 10.12.2024 до 18.01.2025 (минимум уплата од 50% и доплата до 28.02.2025)

На само 400км оддалеченост по копнен пат и 3 часа со траект се стигнува до прекрасниот остров – Скијатос. Припаѓа во групата на Северни Споради, изобилува со борова шума, пространи плажи со ситен песок и кристално чисто море. Заедно со островите Хвар, Елба и Корзика припаѓа во групата на најзелените и најшумовитите острови во Европа. Островот – Скијатос има површина од 50 км2 и преку 50 плажи со резлична тематика. Градот Скиатос со својот модерен стил и многубројните ресторани, бутици, кафетерии и дискотеки, како и туристи од цела Европа, ќе ве опушти и ќе ги задоволи сите ваши потреби.

Вила “Спиридула” е лоцирана на Мегали Амосна оддалеченост 50 метри од плажа и 5 минути пешки до центарот на градот. Вилата располага со двокреветни и трикреветни студија, четирикреветен апартман и петокреветен дуплекс апартман. Сите соби се со комплетно опремена кујна, клима уред (се доплаќа), WiFi, балкон.

Координати на Вилата;

Цените се за наем за 1 и 2 лице со доплата за 3 и 4 по лице со вклучен превоз
Термин Ноќевање Цена по лице за 1 и 2 лице Доплата за 3 и 4 лице  Доплата за деца до 12 години
28.05.2025 7 129 89 69
04.06.2025 7 139 99 69
11.06.2025 7 159 109 69
18.06.2025 7 219 129 69
25.06.2025 7 239 149 69
02.07.2025 7 289 169 69
09.07.2025 7 289 179 69
16.07.2025 7 289 189 69
23.07.2025 7 289 189 69
30.07.2025 7 289 189 69
06.08.2025 7 289 189 69
13.08.2025 7 289 189 69
20.08.2025 7 239 179 69
27.08.2025 7 229 169 69
03.09.2025 7 199 139 69
10.09.2025 7 179 119 69
17.09.2025 7 159 89 69
24.09.2025 7 129 89 69

Термините објавени во табелата се однесуваат на ден на сместување, поаѓањето е ден претходно (вторник)

ВО ЦЕНАТА ВКЛУЧЕНО Е
  • Автобуски превоз, трансфер пристаниште-вила-пристаниште, за минимум 2 лица;
  • Трето и четврто лице плаќаат според табелата;
  • Прво и второ дете до 12 години плаќаат според табелата;
  • Дете до 2 години бесплатно (без седиште);
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО
  • БРОДСКА КАРТА ВОЛОС-СКИЈАТОС – ВОЛОС = 50 € / 3.100 мкд (за возрасен и за деца) се плаќа во автобус;
  • Цените се изразени во ЕУР, плаќањето е исклучиво во денарска противвредност по курс 62ден.
  • Само автобуски превоз Скопје –Волос-Скопје 60 еур за возрасни, 45 еур за деца до 12 год.- повратна автобуска карта;
  • Само автобуски превоз 50 € за возрасни, 40 € за деца до 12 год. – еден правец;
  • За користење на аранжман со сопствен превоз се одбива 45 € за прво и второ лице, за 3 и 4 лице по 25 еур,за деца до 12 години не се одбива;
НАПОМЕНИ
  • Oбезбедено е трансфер од пристаниште-вила-пристаниште на денот на пристигнување и заминување;
  • Во случај на промена на часот на поаѓање/враќање од страна на бродската компанија, агенцијата го задржува правото за промена на часот на поаѓање/враќање во согласност со промените на бродската компанија;
  • Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставник на агенција, истата изнесува 2 евра на ден по студио/апартман;
  • Ве молиме минимум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информирате за потврда за времето и местото на поаѓање;
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената;
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе (на промотивните цени НЕ следува попуст, попустот за рано букирање и попустот за две смени НЕ може да се комбинираат);
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена;
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки;

ID010

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.

ФОТОГРАФИИ