Tour overview
Прага – европска метропола на културата, главен град на Чешка, златен град, град на стотици кули, град на мостови. Лежи на брегот на реката Влтава, најголемата Чешка река, која градот го дели на четири дела (Стар Град, Нов Град, Храдчани и Мала Страна). Градот е единствен комплекс на културни споменици, галерија на сите уметнички стилови во архитектурата. Основан е во 9-от век со доаѓањето на Словените во тој регион. Многу уметници го опишале овој магичен град во своите дела – Бержих Сметана, Антонин Дворжак, Франц Кафка, а низ неговите улици шетале и Моцарт, Ајнштајн и Никола Тесла. Во 1992 година центарот на Прага е прогласен за светско културно наследство и е под заштита на УНЕСКО.
Термин: 28 Декември
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТА ДО 31 октомври 249 € / 15.440 денари
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 279 € / 17.300 денари
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ: |
1 ден 28.12.2025 СКОПЈЕ – ПРАГА |
Состанок на групата на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски во 10:30ч. Поаѓање на автобусот во 11:00 ч. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија. Ноќно возење со попатни паузи.
2 ден 29.12.2025 ПРАГА |
Пристигнување во Прага во пладневните часови. Факултативно панорамско разгледување на градот со локален водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Еврејската четврт, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Слободно време за индивидуални прошетки. Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден 30.12.2025 ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ |
Појадок. Препорачуваме полудневен излет до бањскиот центар Карлови Вари. Посета на деветнаесет извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка како и музејот на Бехеровка . Враќање во Прага во доцните попладневни часови. Предлагаме крстарење со брод по реката Влтава. Слободно време. Вечерта препорачуваме посета на традиционална пивница со вечера и шоу програма. Враќање во хотел во доцните вечерни часови. Ноќевање.
4 ден 31.12.2023 ПРАГА – ДРЕЗДЕН |
Појадок. Целодневен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија, некогаш (по Втората светска војна) дел од Источна Германија. Основан уште во 600 година п.н.е. на обалата на реката Елба. Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби, како остатоци од некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на богатото и славно минато: Палатата Звингер, седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики, прекрасна неоренесансна градба, прекрасната Готска Богородична црква – Фрауенкирхе, Кралската палата – денеска државен музеј каде што се чува Зелениот трезор, Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински), Августовиот мост на „Фиренца на Елба“ – како што се споредува денешен Дрезден. Излет што нема да ве остави рамнодушни. Враќање во Прага. Дочек на Нова година на централниот градски плоштад. Ноќевање.
5 ден 01.01.2026 ПРАГА – OUTLET FREEPORT – ВИЕНА |
Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT. По пристигнувањето во Виена, прошетка низ стариот дел на градот: Стефан Плац, катедралата Св. Стефан. Слободно време за индивидуални прошетки. Поаѓање за Скопје во вечерните часови. Ноќно возење.
6 ден 02.01.2026 СКОПЈЕ |
Пристигнување во Скопје на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во пладневните часови.
Во цената на аранжманот е вклучено: |
• Превоз со високотуристички автобус
• 3 ноќевања со појадок во хотел Sport 3* во Прага
• Организација и водство на програмата
• Посета на Виена
• Попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT
• Организација на аранжманот
• Лиценциран туристички придружник
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено: |
• Разглед на Прага со локален водич (20€)
• Факултативен излет Карлови Вари (40€)
• Крстарење со брод по Влтава (20€)
• Целодневна посета на Дрезден (45€)
• Туристичка такса 3 евра по лице на ден
• Влезници за музеи и локалитети
• Доплата за еднокреветна соба 4.650 ден
• Доплата за избор на седиште во автобус 20€
НАПОМЕНИ: |
• За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
• Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
• Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
• За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
• Останатите услови на патување важат според годишниот програм на БАЛКАН ЕКСПРЕС ТРАВЕЛ
• Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
• Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и место на поаѓање.
ID 002
ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |