Tour overview
Хотел „ГОЛДЕН БИЧ“ е во самиот центар на Метаморфози и на само 20 метри од неговата приватна песочна плажа. Со самата феноменална локација, вие сте во центарот на сите случувања во гратчето. Пред хотелот има прекрасен градски парк кој е фантастичен за попладневни прошетки и ќе имате можност да уживате во колоритните зајдисонца кои Метаморфози може да ги понуди. Метаморфози е исто така познато по енормното присуство на иглолисна, борова шума и претставува воздушна бања која се граничи со синото Егејско Море.
Хотелот е на услуга ПОЛУПАНСИОН и располага со 47 соби: 1/3 Приземје собите се наоѓаат на приземје и имаат ограничен поглед (брачен + eдинечен кревет), 1/3 Стандард собите се наоѓаат на кат и имаат страничен или директен поглед кон море (брачен + единечен кревет), 1/4 Студио собите се наоѓаат на кат со поглед на море или базен (брачен + 2 единечни кревети во иста соба), 1/4 Апартман собите се со страничен или директен поглед кон море (брачен + 2 единечни кревети во различна соба) и 1/5 Апартман со директен поглед кон море (брачен + 1 единечен и 2 единечни кревети во различна соба). Секоја соба има простран балкон и е опремена со: фрижидер, клима уред (вклучен во цената), Wifi, сателитска ТВ, тоалет, пешкири, средства за лична хигиена и сушара. Хотелот има главен ресторан, базен со чадори и лежалки, бар покрај базенот, детско катче, лизгалки и други реквизити, сопствена плажа и бар на плажа кој е со доплата.
Појадок 08:00-10:00 ч. на база шведска масa;
Вечера 18:30-21:00 ч. на база шведска маса
|
10% ПОПУСТ ЗА РАНА УПЛАТА за резервација до 01.02.2026 со уплата од 50 % и целосна уплата до 21 ден пред поаѓање |
| ПОЛУПАНСИОН | НОЌИ | 1/3 | 1/3 | 1/4 | 1/4 | 1/5 |
| ТЕРМИН | Приземје | Стандард | Студио | Апартман | Апартман | |
| 23.05 | 7 | 250 | 260 | 315 | 335 | 365 |
| 30.05 | 7 | 270 | 310 | 355 | 380 | 410 |
| 06.06 | 7 | 325 | 345 | 405 | 430 | 460 |
| 13.06 | 7 | 355 | 390 | 460 | 485 | 515 |
| 20.06 | 7 | 390 | 425 | 485 | 505 | 535 |
| 27.06 | 7 | 430 | 450 | 510 | 535 | 570 |
| 04.07 | 7 | 470 | 485 | 565 | 585 | 620 |
| 11.07 | 7 | 510 | 545 | 595 | 620 | 660 |
| 18.07 | 7 | 510 | 545 | 595 | 620 | 660 |
| 25.07 | 7 | 510 | 545 | 595 | 620 | 660 |
| 01.08 | 7 | 510 | 545 | 595 | 620 | 660 |
| 08.08 | 7 | 510 | 545 | 595 | 620 | 660 |
| 15.08 | 7 | 510 | 545 | 595 | 620 | 660 |
| 22.08 | 7 | 480 | 520 | 570 | 590 | 620 |
| 29.08 | 7 | 415 | 455 | 485 | 505 | 545 |
| 05.09 | 7 | 370 | 390 | 450 | 470 | 515 |
| 12.09 | 7 | 305 | 325 | 390 | 410 | 460 |
| 19.09 | 7 | 275 | 290 | 335 | 355 | 380 |
| РЕЗЕРВАЦИИ И ПЛАЌАЊЕ |
За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот;
ПОПУСТИ ЗА РАНА УПЛАТА:
Попустот за рана уплата од 10% важи за резервации направени до 01.02.2026; со аконтација од 50% од вкупниот износ на аранжманот и целосна доплата до 15 дена пред поаѓање;
| НАПОМЕНА |
- Цените во табелата се дадени по лице и се однесуваат за услуга ПОЛУПАНСИОН за 7 ноќевања;
- Во собите е дозволено сместување на лица според бројот на кревети, и едно дете кое нема да користи кревет, на возраст до максимум 5,99 години;
- Прво дете во 1/3 соба, Приземје или Стандард, и 1/4 или 1/5 Студио и Апартман” од 0 до 11,99 г. со двајца возрасни на редовно легло – БЕСПЛАТНО;
- Второ дете во 1/3 Стандард, од 0 до 5,99 г. без легло – БЕСПЛАТНО;
- Второ дете во 1/4 Студио или 1/4 и 1/5 Апартман, од 0 до 5,99 г. на редовно легло БЕСПЛАТНО;
- Второ дете во 1/4 Студио или Апартман од 5,99 до 11,99 г. со двајца возрасни на редовно легло, плаќа 20% од цената;
- Второ и трето дете во 1/5 Апартман од 5,99 до 11,99 г. со двајца возрасни на редовно легло, плаќаат по 20% од цената за возрасен;
- Трето дете во 1/4 Студио или Апартман од 0 до 05,99 г. без легло – БЕСПЛАТНО;
- Четврто дете во 1/5 Апартман од 0 до 5,99 г. без легло – БЕСПЛАТНО;
- Втора, трета, четврта и петта возрасна личност над 12 години во 1/3 Приземје и Стандард, или 1/4 студио, и 1/4 и 1/5 апартман плаќаат по 60% од цената по лице;
- Туристичка такса се плаќа на лице место во хотелот;
- Во цената на аранжманите вклучено е користењето на клима уредот;
- Бесплатно користење на Wi-Fi интернет во склоп на хотелот и во соба;
- Сместување во собите е по 15:00 по локално време а напуштање е до 10:00 по локално време;
- За уплатени два последователни термини (7+7 ноќевања) одобруваме вкупен попуст од 5% (попустите не се комбинираат со актуелните промоции);
- Цените се изразени во евра, а плаќањето е во денарска противвредност 1 € = 62 денари
| ПРЕВОЗ |
Цената на превозот на релација Скопје – Халкидики – Скопје изнесува:
- возрасни: 50 € (еден правец 40 €)
- деца од 2 до 12 години: 40 € (еден правец 35 €)
- деца до 2 години: БЕСПЛАТНО (не користи седиште во автобус).
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |

