Tour overview
Вилата „Tsitsirikos“ е еден од најпознатите и најбараните објекти во Торони, позната по одличниот сооднос на квалитет и цена. Сместена е на само 70 метри од плажата и шеталиштето, во прекрасен двор полн со зеленило и цвеќиња. Мирна атмосфера, исклучителна чистота и љубезни домаќини се причината зошто оваа вила е омилен избор за семеен одмор во Торони.
Вилата се наоѓа на само 70 метри од песочната плажа во Торони, во непосредна близина на сите содржини – маркети, таверни, кафулиња и продавници. Лесно се пристапува со автомобил, а вилата располага со сопствен паркинг за гостите.
Објектот се состои од 12 четирикреветни апартмани (30 m²)
Апартманите располагаат со: спална соба со брачен кревет; кујна со трпезариски простор каде има еден поголем и еден помал единечен кревет; во два апартмани дополнително има и фотелја-кревет; сите апартмани имаат балкон (некои со трема), клима, ТВ, Wifi и комарници. Вилата има простран, уреден и зелен двор, идеален за семејства со деца. Во дворот има лежалки и чадори, масички со столици, скара (BBQ) достапна за сите гости, како и делови со сенка за попладневен одмор. Паркингот е бесплатен и обезбеден во рамките на дворот.
Сместувањето е исклучително чисто и редовно одржувано. Постелнината и пешкирите се менуваат на секои 7 дена. Домаќините се познати по својата љубезност и внимателен однос кон секој гостин.
Координати до вилата „Tsitsirikos“.
|
-20% ПОПУСТ ЗА 50% УПЛАТА ДО 31.12.2025 И ЦЕЛОСНА ДОПЛАТА ДО 01 АПРИЛ 2026 |
| ТЕРМИН | НОЌЕВАЊА | АПП 1/2+2 |
| 17.05.2026 | 7 | 249 |
| 24.05.2026 | 7 | 275 |
| 31.05.2026 | 7 | 324 |
| 07.06.2026 | 7 | 421 |
| 14.06.2026 | 7 | 584 |
| 21.06.2026 | 7 | 681 |
| 28.06.2026 | 7 | 681 |
| 05.07.2026 | 7 | 714 |
| 12.07.2026 | 7 | 746 |
| 19.07.2026 | 7 | 763 |
| 26.07.2026 | 7 | 779 |
| 02.08.2026 | 7 | 925 |
| 09.08.2026 | 7 | 925 |
| 16.08.2026 | 7 | 828 |
| 23.08.2026 | 7 | 746 |
| 30.08.2026 | 7 | 600 |
| 06.09.2026 | 7 | 437 |
| 13.09.2026 | 7 | 421 |
| 20.09.2026 | 7 | 249 |
Цените во табелата се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
Цените се дадени за наем на соба без превоз за 7 ноќи/8 дена.
| ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО: |
Сместување во апартман за 7 ноќи.
| ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО: |
- Превоз до избраниот објект во Грција;
- Задолжително патничко осигурување;
- Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци;
- Туристичка такса.
| НАПОМЕНИ |
- Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни
- Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 10:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време);
- Хигиената во објектот за време престојот ја одржуваат самите гости;
- Агенција го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитетите да ги објави и продаде слободните капацитети по Last Minute цени при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
- Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студија, а не се селектирани од едно студио, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот за сместување.
- Кујните во сите студија се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
- Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори.
- Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
- Превоз од Скопје/ Велес/ Неготино/ Смоквице/ Гевгелија;
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
- Попустите за ран букинг НЕ се комбинираат со други попусти.
ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПОНУДА ПО РЕДОВНА ЦЕНА, 30% ОД ВРЕДНОСТА НА АРАНЖМАНОТ СЕ УПЛАТУВА ВО МОМЕНТОТ НА РЕЗЕРВАЦИЈА, А ОСТАТОКОТ 21 ДЕН ПРЕД ПОАЃАЊЕ.
ПАТНИКОТ ВО СЕКОЈ МОМЕНТ МОЖЕ ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД АРАНЖАМОТ. ТОА СЕ ПРАВИ ВО ПИСМЕНА ФОРМА И СОГЛАСНО СКАЛАТА КОЈА Е ОБЈАВЕНА ВО ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.
Во случај на отказ на аранжман, кој е со попуст за рана уплата 50% од сумата е неповратна, а вториот дел од 50 % се задржуваат согласно скалата објавена во општите услови за патување.

