Tour overview

КАН – СЕНТ ТРОПЕ – МОНТЕ КАРЛО – АНТИБ – НИЦА – ЕЗ -МОНАКО

Ве водиме на незаборавно патување со колоритни предели и неверојатно убави градови… Не ја пропуштајте можноста да уживате во мирисот на ловори, маслинки, море, јасмин и парфем во воздухот… Сето тоа зачинето со неверојатни приказни и сцени кои ќе Ви го одземат здивот… Кан – монденски центар познат по својот престижен филмски фестивал, Ница – Кралица на Азурниот брег, сместена во заливот на Ангелите, кнежеството Монако со романтичната приказна за една љубов и секако Монте Карло и неговите луксузни коцкарници. Уживајте во магијата на Азурниот брег – најпрестижната ривиера на Медитеранот, која е створена да ги заведе очите, умот и фантазијата…

СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА
  1 ДЕН 06.12.2024 СКОПЈЕ:

Состанок на групата во 09 00 ч. Поаѓање во 09:30 часот од спортската сала Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска.Денско и ноќно возење со попатни паузи.

2 ДЕН  07.12.2024 КАН:

Oчекувано пристигнување во Кан околу пладневните часови. Почнуваме со запознавање на монденскиот Кан. Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, стариот град со тврдината.. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки, кафе во кафуле со автентичен француски амбиент или вечера во центарот на Кан. Индивидуално враќање во хотел.

Ноќевање.

  3 ДЕН 08.12.2024  КАН – СЕНТ ТРОПЕ – МОНТЕ КАРЛО:

По појадокот препорачуваме Крстарење до островот Св. Mаргарита во близина на Кан, – Ексклузивна и ретка можност да го посетите островот Св. Маргарита во близина на Кан и затворскиот музеј со одајата на најтаинствениот затвореник на сите времиња – Човекот со железна маска… тајна која живее повеќе од 350 години и сеуште ги интригира историчарите а ги инспирира писателите и сценаристите, приказна по која е снимен и истоимениот филм на Рендал Валас а главните улоги ги одиграа легендарните Леонардо ди Каприо, Џереми Ајронс, Џон Малковиќ, Жерар Депардје, а потоа препорачуваме посета на најгламурозниот град на Азурниот брег – СЕНТ ТРОПЕ: Прошетка по живописните улички, пристаништето со луксузните јахти и прочуени кафичи ( Senequer) каде вообичаено се испива утринското кафе со познатиот колач Tarte Trapezien, катедралата… Во попладневните часови враќање во Кан. Слободно време за одмор. Вечерта предлагаме излет до гламурозниот Монте Карло… слободно време за прошетки  и посета на најлуксузната коцкарница во светот. Враќање во хотел.

Ноќевање.

  4 ДЕН 09.12.2024 АНТИБ – НИЦА:

Појадок.  Препорачуваме целодневен излет до монденското место Антиб и потоа посета на кралицата на Азурниот брег – Ница. Антиб е прекрасно градче кое го маѓепсало Пикасо, прошетка по калдрмата на автентичните улички, преполни со уникатни локални дуќанчиња, бистроа и ресторани… несекојдневна можност за посета на уникатниот музеј посветен на генијалниот Пикасо ( влезница 12 еур)…  продолжуваме со посета на Ница: Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата, катедралата, променадата… Слободно време за  индивидуални прошетки низ центарот на Ница, препорачуваме ручек во некој од автентичните провансалски ресторани во центарот на градот. Во вечерните часови враќање во Кан.

Ноќевање.

   5 ДЕН  10.12.2024 КАН – ЕЗ – МОНАКО – СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од хотел. Посета на Монако со попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, егзотичните градини… Слободно време за индивидуални прошетки и ручек.  Можност за посета на Океанографскиот институт и аквариум во Монако ( влезница 20 Еур).  Поаѓање кон Македонија во попладневните часови. Патот продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија… Ноќно и денско  возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности. 

   6 ДЕН 11.12.2024 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 30.09: 259€ / 16.060 МКД
РЕДОВНА ЦЕНА: 289€ / 17.920 МКД
Во цената на аранжманот е вклучено:

–  Сместување во Кан/ Ница, во Хотел 2*/3*, на база 3 ноќевања сопојадок;

–  Превоз со високотуристички автобус на наведената релација;

–  Разглед на Кан/Ница;

–  Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето;

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

–      Задолжително патничко осигурување;

–      Посета на Сент Тропе – 50€

–      Посета на Кан и Антиб – 50€

–      Вечерна посета на Монте Карло и коцкарниците – 30

–      Задолжителна посета на Монако и фабриката за парфем “Fragonard” последниот ден – 40€

–      Крстарење до островот Св.Маргарита во близина на Кан(брод плус влезница во музејот) – 30€

–      Влезници за културно историски споменици, музеи и билети за јавен превоз;

–      Туристичка такса во Кан/Ница 3€ (По лице на ден, се плаќа во агенцијата);

–      ПАКЕТ ИЗЛЕТИ*** Азурен брег 170€;

НАПОМЕНИ:

–  За еднокреветна соба се доплаќа дополнителни 6.900 денари

– За реализација на аранжманот потребен е миниум од 45 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето.

– За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

– Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.

–  Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 20 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот) и доплата за празно седиште 150€.

– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

– Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место.

– За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Балкан Експрес Травел.

 

НАШИОТ ФЕЈСБУК ПРОФИЛ
(Кликнете на сликата подолу, ќе Ве однесе на нашиот профил)

 

НАШИОТ ИНСТАГРАМ ПРОФИЛ

ID 002

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
  •                                                                                                                                                                                 

ФОТОГРАФИИ