Tour overview
Бањата се наоѓа во котлината на Бањска река, на 442м надморска висина и на 11км од Куршумлија.
Комплетно реновираниот хотелски комплекс Куршумлиска Бања е лоциран на падините на шумовитиот Копаоник. Лековитата моќ на термоминералната вода која овде извира е потврдена уште во времето на Римјаните, а денес достапна до Вас преку понудата на современиот медицински и велнес центар на хотелот „Планинка“.
| ПРОМО ЦЕНА – 189€/ 11.720 ден. |
| ЦЕНА НА АРАНЖМАНОT 209€/ 12.960 ден. |
ТЕРМИН: 12.12.2025-14.12.2025
| 1. Ден 12.12.2025 (Петок) СКОПЈЕ – КУРШУМЛИСКА БАЊА |
Состанок на групата во 05.30 часот на паркингот кај Хотел Русија (нас. Аеродром). Поаѓање за Србија во 06.00 часот Се патува преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и на царински формалности.
Пристигнување во Куршумлиска Бања и сместување во Хотел Планинка 4*.
Слободно попладне за одмор и релаксирање во СПА центарот на хотелот.
Вечера. Ноќевање.
| 2. Ден 13.12.2025 (Сабота) КУРШУМЛИСКА БАЊА |
Појадок. Ден предвиден за одмор и користење на содржините на велнес центарот на хотелот и
индивидуални прошетки долж Бањска Река, во прекрасно зелено опкружување низ бањските
паркови. Вечера. Ноќевање.
| 3.Ден 14.12.2025 (Недела) КУРШУМЛИЈСКА БАЊА – СКОПЈЕ |
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални
активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во
12.30 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности.
Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
| ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА: |
- Автобуски превоз на наведената релација;
- Сместување во Хотел Планинка 4* во стандардни соби на база 2 ноќевања со појадок и вечера на база шведска маса;
- Користење на отворено – затворен базен, полуолимписки базен, релакс базен со термална вода со температура од 33-35⁰C;
- Секојдневно користење на содржините од Велнес центарот: сауна, солена соба, парна бања, ледена пештера, топли клупи тепидариум, соба за релаксација;
- Користење на сала за забава пинг-понг и билјард, користење фитнес сала, детска игротека;
- Туристичка такса.
| ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА: |
- Задолжително патничко осигурување;
- Индивидуални трошоци (пијалаци, масажи и останати неспоменати услуги).
| ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ: |
- Дете до 6.99 год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет- бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/ 2170мкд;
- Дете 7-11.99 год. во придружба на 2 возрасни на дополнително легло-50% попуст;
- Доплата за сместување во Апартман -20еур/ 1.240ден по лице за две ноќевања (на барање);
- Доплата за еднокреветна соба 20€/1.240ден за две ноќевања (на барање);
- Намалување за сопствен превоз -10€/620ден од патник
**Во двокреветна соба 2+1, може да се смести макс. 2 возрасни +1 дете до 11.99г. или 2 возрасни + 1 дете до 11.99 + 1 дете до 2.99г.)
| НАПОМЕНА: |
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници;
- Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и целосна доплата 7 дена пред поаѓање;
- Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд;
- Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни соби за најмалку 2 лица во соба;
- За Србија може да се патува со лична карта или со пасошот (важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањето);
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите;
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување;
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба;
- За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ.

