Tour overview

Вилата „Dias“ се наоѓа во Неи Пори  на 50 метри од  плажа, располага со трокрветни студија, четворокреветни мезонети-апартмани и петкреветни апартмани, сите опремени со кујни, купатило со WC, ТВ, клима уред, балкони со директен или страничен поглед на море и апартмани  со поглед на двор.  Сите соби имаат ТВ, клима уред која се доплаќа 6€ од ноќ.
Неи Пори е познато и многу посетувано туристичко место во областа Пиерија. На оддалеченост 160 км. од границата Пресвета Богородица-Гевгелија ,ова туристичко место е релативно блиску а сепак нуди нешто повеќе за туристите. Широките плажи со ситен песок, булеварите и пространите улици, уредените паркови, цркви, многубројните таверни, долгото шеталиште, модерните вили и хотели го карактеризираат Неи Пори за дестинација на која се навраќате повторно и повторно. Медитеранската клима затскриена во пазувите на планината Олимп го прават идеалното летувалиште што може природата да го соедини. Многу кафетерии, слаткарници, гиро ресторани, ресторани со тематски содржини, детски забавни паркови се само дел од вашето летно доживување.

Координати до вилата „Dias“.

ТЕРМИН НАЕМ Студио 1/3 бр. 303, 304 (максимум 3 лица) Студио 1/4 бр. 202 (максимум 4 лица) Апартман-мезонет 1/2+1/2 поглед во двор бр. 101, 102 (максимум 4 лица) Апартман 1/3+1/2 поглед на море бр. 201, 301 (максимум 5 лица)
16.05.2026* 7 ноќи 69* 69* 79* 79*
23.05.2026* 7 ноќи 89* 89* 99* 99*
30.05.2026* 7 ноќи 109* 119* 129* 139*
06.06.2026* 7 ноќи 129* 139* 139* 149*
13.06.2026 7 ноќи 389 399 409 489
20.06.2026 7 ноќи 429 449 459 499
27.06.2026 7 ноќи 449 489 489 539
04.07.2026 7 ноќи 479 509 509 589
11.07.2026 7 ноќи 509 549 559 609
18.07.2026 7 ноќи 529 569 579 629
25.07.2026 7 ноќи 539 579 589 669
01.08.2026 7 ноќи 539 579 589 669
08.08.2026 7 ноќи 539 579 589 669
15.08.2026 7 ноќи 529 569 579 629
22.08.2026 7 ноќи 479 509 519 589
8929.08.2026 7 ноќи 459 469 479 499
05.09.2026* 7 ноќи 139* 149* 159* 169*
12.09.2026* 7 ноќи 119* 129* 139* 149*
19.09.2026* 7 ноќи 109* 119* 129* 129*

ЦЕНИТЕ СЕ СО ВКАЛКУЛИРАН ПОПУСТ, НО ОДОБРУВАМЕ И ДОПОЛНИТЕЛЕН ПОПУСТ НА ПОПУСТОТ НА СМЕНИТЕ БЕЗ ЅВЕЗДИЧКА;

ЦЕНИТЕ СО ЅВЕЗДИЧКА СЕ ПО ЛИЦЕ;

ЦЕНИТЕ БЕЗ ЅВЕЗДИЧКА СЕ ЗА НАЕМ.

Во студио/апартман дозволено е сместување согласно предвидениот капацитет, преку дозволениот број со претходно одобрување и “доплата” од 10 евра од ноќ,може да се смести максимум + едно дете (6 години) во кревет со родител.

СМЕСТУВАЊЕ

КЛИМА СЕ ДОПЛАЌА 6 €, WI-FI Е  БЕСПЛАТНО,
ПАРКИНГ СЛОБОДЕН НА ПРИНЦИП ПРВО СЛОБОДНО МЕСТО

СУДИЈАТА И  АПАРТМАНИТЕ НЕМААТ КРПИ, ИМААТ САПУН И ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА

АПАРТМАН – МЕЗОНЕТА БР. 101 (1/2 +1/2) 4 лица   (приземје)

Располага со две спални соби кои се меѓусебно поврзани со внатрешни скали. На долниот кат во спалната соба е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер, електрично решо, аспиратор+дворче .Во долната спална соба има два единечни кревети кои можат да се спојат како дупли кревет, плакар за алишта, клима уред, ТВ .Во другата спална соба која се наоѓа на вториот кат поврзана со внатрешни скали, има два единечни кревети. Апартман-мезонет има стандардно купатило со WC.

АПАРТМАН – МЕЗОНЕТА БР. 102 (1/2 +1/2) 4 лица  (приземје)

Располага со две спални соби кои се меѓусебно поврзани со внатрешни скали. На долниот кат во спалната соба е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер, електрично решо, аспиратор+дворче .Во долната спална соба има два единечни кревети кои можат да се спојат како дупли кревет, плакар за алишта, клима уред, ТВ .Во другата спална соба која се наоѓа на вториот кат поврзана со внатрешни скали, има два единечни кревети. Апартман-мезонет има стандардно купатило со WC.

АПАРТМАН БР. 201 (1/2+1)+(1/2) 5 ЛИЦА (прв кат)
Апартманот располага со две спални соби меѓусебно одвоени со ѕитче без врата + кујна комотна и комплетно опремена со кујнски инвентар, електрично решо, голем фрижидер. Во едната спална соба има брачен кревет и поединечен кревет, клима уред и излегува на тераса со поглед на море. Втората спална соба има еден брачен кревет, плакар за алишта, ТВ и излегува на тераса со поглед на море. Апартманот има стандардно купатило и WC.

СТУДИО БР. 202 (1/4) 4 лица (прв кат)

Студиото располага со еден брачен кревет, еден поединечен кревет и еден кревет на спуштање. Во склопот на собата е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар. Има решо со две рингли, аспиратор и фрижидер. Излегува на комотна тераса со маса и столици и има страничен поглед на море. Студиото има клима уред, ТВ и стандардно купатило со WC.

АПАРТМАН БР. 301 (1/2+1)+(1/2) 5 ЛИЦА (втор кат)
Апартманот располага со две спални соби + кујна комплетно опремена со кујнски инвентар .Во едната спална соба има брачен кревет и поединечен кревет и голем фрижидер и излегува на тераса со поглед на море. Втората спална соба има еден брачен кревет, плакар за алишта и излегува на тераса со поглед на море. И во двете спални соби има клима уред.. Апартманот има стандардно купатило и WC.

СТУДИО БР. 303 (1/3) 3 лица (втор кат)
Студиото располага со еден брачен кревет, еден поединечен кревет. Во склопот на собата е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар. Има електрично решо ,аспиратор и фрижидер. Излегува на комотна тераса со маса и столици и има поглед на море. Студиото има клима уред ,ТВ и стандардно купатило со WC.

СТУДИО БР. 304 (1/3) 3 лица (втор кат)

Студиото располага со еден брачен кревет, еден поединечен кревет. Во склопот на собата е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар. Има електрично решо, аспиратор и фрижидер. Излегува на комотна тераса со маса и столици и има поглед на море. Студиото има клима уред, ТВ и стандардно купатило со WC.

НАПОМЕНИ

За пакет аранжманот во СТУДИО или АПАРТМАН-МЕЗОНЕТА  потребни се минимум 2 лица;

  • Трето, четврто, петто, шесто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз
  • Доколку користат 50€ за возрасен или 35€ за дете од 02 – 12 години;
  • Дете до 02 години не плаќа (бесплатно) не користи седиште во автобус;
  • Да патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10€ по лице.

*Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште.

  • Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
  • Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
  • Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1€ = 62 ден.);
  • Кога има акциски попуст, НЕ важи за смените со sвездичка;
  • За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
  • Целосна  доплата на аранжманот е дваесет и еден ден  (21 ) пред поаѓање;
  • Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства) само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
  • Во случај на промена на цените  (зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
  • Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ  НА ПАТУВАЊЕ;
  • Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
  • Во случај на направена поголема штета во АПАРТМАНИТЕ и ДУПЛЕКСИТЕ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
  • Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
  • Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата и апартманите (доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета).
ПРЕВОЗ

ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:

  • 50 € за возрасни – повратна карта
  • 35€ за деца до 12 години – повратна карта;
  • 35 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
  • 10 € за бирање на седиште во превозно средство освен прв ред на седишта;
  • 20 € за прв ред на седиште
ДЕНОВИТЕ ДАДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ДЕНОВИ НА ПОАЃАЊЕ ОД
Град Место на тргнување Време
Куманово Бензинска пумпа Макпетрол 00:15 часот наутро
Скопје Спортска сала Борис Трајковски 01:00 часот наутро
Велес Мотел Македонија бензинска пумпа Мак.Оил 01:45 часот наутро
Кочани Основен суд 00:15 часот наутро
Штип Нова Пошта 01:00 часот наутро
Неготино Бензинска пумпа Макпетрол 02:15 часот наутро
Гевгелија Бензинска пумпа Окта-Шимов 03:00 часот наутро
ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР – 25 € ПО ЛИЦЕ – ОД ПРИЛЕП И БИТОЛА
Прилеп Бензинска пумпа Лукоил 01:00 часот наутро
Битола Спортска сала 00:15 часот наутро

ID031

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ