Tour overview
Студио „С“ се наоѓа на 20 м од пешачката зона со многубројни продавници и кафичи, на само 2 мин. до прекрасната песочна плажа и на 800 м од познатиот бич бар Молос. Тоа е 3+1 студио, со француски лежај и единечен кревет, опремено со кујна, шпорет, нов фрижидер, основни садови за соодветниот број на лица, ТВ, сопствено дворче, Wi-Fi интернет, купатило со туш и клима уред. Погодно е за 3 возрасни лица или за семејство со 2 деца до 12 години, со можност за помошен лежај со доплата.
Координати на Вилата
| BLACK FRIDAY – 25% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 30.11.2026, СО ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 30.12.2026 |
| 15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 31.01.2027, СО 100% УПЛАТА ДО 25.02.2027 |
| 10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 25.02.2027, СО 100% УПЛАТА ДО 20.03.2027 |
| 7% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 30.04.2027, СО 100% УПЛАТА ДО 15.05.2027 |
Цените во табелата се редовни, без попустите. Попустите не важат за промо цените (означени со ѕвездичка) и не се комбинираат.
| ТЕРМИН |
НОЌЕВАЊЕ |
1/2 Студио |
1/3 Студио |
| 20.05.2027* |
7 |
129 € |
159 € |
| 27.05.2027* |
7 |
179 € |
199 € |
| 03.06.2027 |
7 |
229 € |
259 € |
| 10.06.2027 |
7 |
269 € |
299 € |
| 17.06.2027 |
7 |
309 € |
339 € |
| 24.06.2027 |
7 |
369 € |
399 € |
| 01.07.2027 |
7 |
419 € |
439 € |
| 08.07.2027 |
7 |
459 € |
489 € |
| 15.07.2027 |
7 |
549 € |
579 € |
| 22.07.2027 |
7 |
549 € |
579 € |
| 29.07.2027 |
7 |
549 € |
579 € |
| 05.08.2027 |
7 |
549 € |
579 € |
| 12.08.2027 |
7 |
549 € |
579 € |
| 19.08.2027 |
7 |
479 € |
509 € |
| 26.08.2027 |
7 |
399 € |
429 € |
| 02.09.2027 |
7 |
349 € |
379 € |
| 09.09.2027 |
7 |
289 € |
319 € |
| 16.09.2027* |
7 |
229 € |
259 € |
| 23.09.2027* |
7 |
179 € |
209 € |
Цените во табелата се однесуваат за наем на студио за 7 ноќевања, без превоз.
Цените означени со ѕвездичка (*) се промо цени и на нив не следува дополнителен попуст.
- Наем на студио за 7 ноќевања / 8 дена;
- Wi-Fi интернет (агенцијата не гарантира за брзината и јачината);
- Клима уред.
- Превоз (цени, време и места на поаѓање – подолу);
- Патничко осигурување;
- Паркинг;
- Помошен лежај – 30 € за 7 ноќевања, се плаќа во објектот;
- Туристичка такса 2 € на ден – се плаќа во агенцијата.
- При резервација се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна 21 ден пред реализацијата на аранжманот.
- BLACK FRIDAY попустот од 25% важи за резервации до 30.11.2026, со целосна уплата до 30.12.2026.
- За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин (ПОПУСТИТЕ ВАЖАТ САМО ЗА РЕДОВНИТЕ ЦЕНИ). Попустите не може да се комбинираат.
- На промо цените НЕ следува попуст за рана резервација, за 2 последователни термини и BLACK FRIDAY попуст.
- Цените се во €, се плаќа во денари по курс 1 € = 62 денари.
- Сместување од 14:00 часот, напуштање на студиото до 09:00 часот.
- Студиото нема крпи.
- Организаторот го задржува правото да ги продава своите капацитети преку понудата LAST MINUTE по цени, кои се различни од оние во ценовникот. Страните, кои платиле за аранжманот по цените објавени во овој ценовник, немаат право да бараат надомест за разликата во цената.
- Патниците слегуваат на најблиската локација до сместувањето, каде може да се паркира автобус.
- При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за хигиената. По завршување на Вашето летување, должни сте студиото да го оставите во пристојна (чиста) состојба.
- Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот на студиото ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место.
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж. Секој дополнителен багаж се наплаќа 20 евра по куфер.
- Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата).
- Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
- Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона, можни се определени доцнења, за кои однапред се извинуваме.
- Агенцијата распоредот на седење во автобусот го прави 2 дена пред датумот на поаѓање. Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.
| Цени, време на поаѓање, места на поаѓање до/од |
| Скопје-Халкидики – ЧЕТВРТОК |
Време на поаѓање |
Цена |
| Скопје – Дрводекор |
03:00 |
50€ |
| Велес – (кружен тек на влезот-БП Макпетрол) |
03:45 |
50€ |
| Штип – (паркинг пред пошта), трансфер до Велес |
03:30 |
65€ |
| Кавадарци (Дреново бензиска Макпетрол-нов кружен) |
04:30 |
50€ |
| Цени, време на поаѓање, места на поаѓање до/од |
| Битола – Халкидики – ЧЕТВРТОК |
Време на поаѓање |
Цена |
| Битола – Автобуска станица Транскоп – на перон |
05:30 |
45€ |
| Прилеп – (БП Селида), трансфер до Битола |
05:00 |
45€ |
| Струга – (Хотел Дрим), трансфер до Битола |
03:45 |
55€ |
| Охрид – (БП Лук Оил излез кон Битола), трансфер до Битола |
04:00 |
55€ |
| Ресен – (спроти автобуска станица), трансфер до Битола |
04:45 |
55€ |
- Деца од 2-11,99 год – попуст од 10€ од редовната цена
- Деца до 1,99 год – бесплатно и не користат седиште
- Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патничко возило или комбе.
- Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до/од објектот на сместување.
ID 046
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |
Download pdf brochure