Tour overview
11.01 – 17.01.27
Рованиеми, Лапонија – Зошто Дедо Мраз ја избрал Лапонија за земјата во која ќе живее? Легендата вели дека ниту ирвасите ниту елфовите што му помагаат не сакале жештини, па затоа се преселил во мистичните густи шуми на околу 2000 километри од Северниот Пол, на самиот раб на Арктичкиот поларен круг, каде поларната ноќ трае цел месец. Мистика и романтика, возбуда што ќе нè врати во детството и небесна игра на светлината – Лапонија нè чека.
| ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО |
| ПРВ ДЕН: 11.01.2027 (ПОНЕДЕЛНИК) СКОПЈЕ – СОФИЈА |
Поаѓање кон аеродромот во Софија во вечерните часови со организиран трансфер. Пристигнување на аеродромот во раните утрински часови.
| ВТОР ДЕН: 12.01.2027 (ВТОРНИК) СОФИЈА – ФРАНКФУРТ – РОВАНИЕМИ |
Лет за Франкфурт во 06:25 часот по локално време, слетување во 07:55. Лет за Рованиеми во 08:45 часот, слетување во 12:55 по локално време. Организиран трансфер со автобус до хотелот Santasport Resort 3* во Рованиеми, главниот град на Лапонија и најсеверен регион на Финска. Сместување на групата и слободно време за одмор од патувањето. Во договорено време тргнуваме на разглед на едно од најубавите места во Рованиеми: тематскиот музеј и научен центар Арктикум, кој ќе ви го одземе здивот уште со својата необична полукружна градба со долга стаклена галерија. Тоа е еден од најдобрите музеи во Финска, а изложбените простори вклучуваат арктичка флора и фауна, традиционални костими на Самите – староседелците на Лапонија, мебел и риболовни предмети. Со посетата ќе ја запознаеме културата на Самите и природните феномени на Арктикот. Во договорено време враќање во хотелот. Во вечерните часови гостите можат да го користат спа центарот во хотелот (со доплата). Ноќевање.
| ТРЕТ ДЕН: 13.01.2027 (СРЕДА) РОВАНИЕМИ |
Појадок во хотел. Започнуваат авантурите. Наутро заминуваме на посета на фарма со хаски, каде ќе се запознаеме со одгледувањето и дресурата на овие арктички кучиња. Едно од највозбудливите искуства во Лапонија е возењето низ снежната дивина со санки што ги влечат кучињата – пет километри возбуда што ќе се паметат цел живот. Враќање во фармата за топла напивка и фотографирање со хаскиите. Во договорено време враќање во хотелот. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Во вечерните часови нè чека уште една авантура – потрага по природниот феномен поларна светлина. Ги напуштаме градските светла и со автобус се упатуваме кон темна и мирна природа, на место од каде поларната светлина најдобро се набљудува. Покрај логорскиот оган ќе слушнеме најинтересни приказни за овој феномен. Aurora Borealis ги фасцинира луѓето од целиот свет, а нејзиното појавување зависи од временските услови. Дури и ако немаме среќа да ја видиме, неколку часа ќе уживаме во несекојдневна вечер со топли пијалоци и фински колбаси печени на оган. Во договорено време враќање во хотелот. Ноќевање.
| ЧЕТВРТ ДЕН: 14.01.2027 (ЧЕТВРТОК) РОВАНИЕМИ |
Појадок во хотел. Уште еден ден на магичниот север и нова арктичка авантура – посета на хотел од мраз. Со организиран трансфер се упатуваме кон хотел изграден целосно од снег и мраз, кој го топи доаѓањето на пролетта, а на почетокот на следната зима се гради нов, различен од претходниот. Прошетката низ ходниците и собите украсени со скулптури од мраз е задолжителен дел од патувањето во Рованиеми. Ќе ја посетиме и ледената капела со олтар и клупи, каде секоја сезона се склучуваат бракови, како и ресторанот и барот, исто така направени од мраз, во кои пијалоците се служат во чаши од мраз. Слободно време за уживање во волшебниот амбиент и за уникатни фотографии. Враќање во хотелот и слободно време до крајот на денот за прошетки низ градот или за користење на спа центарот во хотелот. Ноќевање.
| ПЕТТИ ДЕН: 15.01.2027 (ПЕТОК) РОВАНИЕМИ |
Појадок во хотел. Организирано заминување кон фарма со ирваси. Блиската средба со миленичињата на Дедо Мраз ја зголемува нашата возбуда и љубопитство, а ирвасите ќе нè возат 400 метри низ снежната убавина. Не се брзи животни и возењето не трае долго, но доживувањето е единствено. Иако ирвасите не сакаат да се галат, ќе бидат среќни ако ги нахраниме. Потоа заминуваме во центарот на Рованиеми и се фотографираме на линијата што го означува местото низ кое минува Арктичкиот поларен круг. Ова е град што живее за зимата, а ирваси среќаваме на секој чекор – уште од аеродромот осветлен со седум светлечки ирваси, па до проектирањето на градот од познатиот фински архитект Алвар Аалто, со улици распоредени во облик на роговите на ирвасот. Следува најмагичниот момент – средбата со насмеаниот старец што сме го сонувале како деца и сме го чекале под елката. Овојпат сигурно ќе го видиме во неговото село, каде живее заедно со своите помошници што работат цела година за сите деца да добијат подароци за Божиќ. Дедо Мраз ќе го запознаеме во неговата канцеларија. Слободно време за прошетка низ селото, а потоа посета на официјалната пошта на Дедо Мраз, од каде можеме да испратиме честитки до пријателите ширум светот со специјален поштенски печат на Арктичкиот круг. Во договорено време враќање во хотелот. Слободно време за одмор и за сонување на доживувањата од овој возбудлив ден, со кој завршува оваа зимска приказна. Ноќевање.
| ШЕСТИ ДЕН: 16.01.2027 (САБОТА) РОВАНИЕМИ – ФРАНКФУРТ – СОФИЈА |
Појадок во хотел и слободно време за уште неколку часа уживање во поларната бајка. Одјавување од хотелот и организиран трансфер до аеродромот. Лет за Франкфурт во 13:50 часот, слетување во 16:15 по локално време. Полетување од Франкфурт во 19:45 часот, слетување во Софија во 23:00 по локално време. Организиран трансфер со автобус од аеродромот во Софија кон Македонија.
| СЕДМИ ДЕН: 17.01.2027 (НЕДЕЛА) СОФИЈА – СКОПЈЕ |
Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.
| ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: од 1990 евра
ПОПУСТ ЗА ДЕЦА: 300 евра |
| Во цената на аранжманот е вклучено: |
- Авионски билет на релација Софија – Франкфурт – Рованиеми – Франкфурт – Софија;
- Аеродромски такси;
- Рачен багаж до 8 kg и чекиран багаж до 20 kg по лице;
- Организиран автобуски превоз Скопје – Софија – Скопје;
- Сите трансфери предвидени во програмата;
- 4 ноќевања со појадок и вечера во хотелот Santasport Resort 3* во Рованиеми;
- Влезница за музејот Арктикум во Рованиеми;
- Потрага по поларната светлина со вклучен превоз и пикник;
- Посета на фарма со хаски и возење со санки;
- Посета на фарма со ирваси и возење со санки;
- Посета на селото на Дедо Мраз со вклучен превоз;
- Посета на замрзнатиот хотел со вклучена влезница;
- Зимска облека за активностите на отворено;
- Лиценциран туристички водич;
- Лиценциран туристички придружник;
| Во цената на аранжманот не е вклучено: |
- Доплата за еднокреветна соба – 350 €;
- Користење на внатрешниот базен и спа центарот во хотелот во Рованиеми;
- Патничко осигурување;
| НАПОМЕНИ: |
Попустот од 300 евра за деца важи само ако децата патуваат заедно со две возрасни лица кои плаќаат полна цена на аранжманот.
- За потврда на резервацијата е потребна задолжителна уплата од 100 евра (6.200 денари) најдоцна до 25.08.2026. Во случај на отказ на резервацијата, уплатениот депозит е неповратен;
- Втора рата до 24.09.2026;
- Трета рата до 25.11.2026;
- Целосна доплата на аранжманот до 10.12.2026;
- Секоја резервација без уплата е валидна само 48 часа;
- За реализација на аранжманот се потребни минимум 30 патници;
- За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Балкан Експрес
ID040

