Tour overview
Сивири е место што се наоѓа на западниот брег на фамозната Касандра! Сместено помеѓу густата борова шума од едната страна и тиркизносиното море од другата страна, Сивири нема да ве остави рамнодушни во ниеден случај. Ситнопесочната плажа е фантастична за незаборавен семеен одмор, а плиткиот влез во Егејското море им овозможува на најмалите по цел ден да бидат на плажа без никакви грижи! Да не ја заборавиме најдобрата страна на ова магично место: во топлите летни денови сонцето заоѓа околу 21:00!
Вила Христос е со едната нога во песок, во средината на самото шеталиште во Сивири! Сите соби имаат кујна со прибор според бројот на лица во собата, бања, ТВ, WI-FI и клима уред, чие користење е вклучено во цената. Терасите се странично позиционирани кон море и можете секојдневно да уживате во зајдисонцето во удобноста на вашиот апартман/студио. Вилата располага со двокреветни, трокреветни студија и четирикреветни апартмани, што значи дека можат да одговарат на сите структури!
Координати на Вилата;
| Цените во табелата се однесуваат за наем на 7 ноќевања без превоз |
| Термин |
Ноќевање |
1/2 Студио |
1/3 Студио |
1/4 Апартман |
| 22.05.2027 |
7 |
169 |
209 |
229 |
| 29.05.2027 |
7 |
199 |
269 |
289 |
| 05.06.2027 |
7 |
289 |
349 |
389 |
| 12.06.2027 |
7 |
369 |
409 |
479 |
| 19.06.2027 |
7 |
419 |
479 |
559 |
| 26.06.2027 |
7 |
439 |
529 |
609 |
| 03.07.2027 |
7 |
479 |
559 |
649 |
| 10.07.2027 |
7 |
539 |
649 |
769 |
| 17.07.2027 |
7 |
539 |
649 |
769 |
| 24.07.2027 |
7 |
539 |
649 |
769 |
| 31.07.2027 |
7 |
539 |
649 |
769 |
| 07.08.2027 |
7 |
539 |
649 |
769 |
| 14.08.2027 |
7 |
539 |
649 |
769 |
| 21.08.2027 |
7 |
509 |
599 |
719 |
| 28.08.2027 |
7 |
439 |
509 |
599 |
| 04.09.2027 |
7 |
389 |
419 |
489 |
| 11.09.2027 |
7 |
289 |
319 |
359 |
| 18.09.2027 |
7 |
219 |
239 |
279 |
- Цените се однесуваат за наем на студио за 7 ноќевања;
- Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла. Единствено, над бројот на кревети е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години (не користи легло);
- Туристичка такса се плаќа во агенција;
- Сместувањето во собите е после 14:00 часот локално време, а напуштањето на собите е до 10:00 часот локално време;
- Агенцијата не презема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во апартманите/студијата;
- Интернетот во вилата е во функција по 1 јуни;
- Плаќањето се врши во денарска противвредност (1 евро = 62,00 денари);
- Промена на име на патник, термин или сместувачки капацитет без оправдана причина се смета како манипулативен и административен трошок и се наплаќа 620,00 денари (10 евра);
- За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување и целосна уплата најдоцна 21 ден пред започнување на аранжманот;
- За уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања одобруваме вкупен попуст од 5%;
- Различните попусти не се комбинираат, односно не се одобрува попуст на веќе одобрен попуст по друга основа;
- Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти;
- Рана резервација: 10% попуст на сите термини, со уплата од 50% од износот на аранжманот и доплата до 25.02.2027;
- Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на доплата;
- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, на најблиското место каде што може да застане автобусот;
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот;
- Агенцијата го прави распоредот на седење во автобусот 2 дена пред датумот на поаѓање;
- Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот;
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ Скопје-Халкидики-Скопје:
- 60 € возрасни (повратен билет), 45 € возрасни (еден правец)
- 45 € деца од 2 – 12 години (повратен билет), 40 € деца од 2 – 12 години (еден правец)
- БЕСПЛАТНО за деца до 2 години (не користи седиште)
ID044
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |
Download pdf brochure