Tour overview
Будва е најатрактивното место на Јадранскиот брег. Будва изобилува со долги песочни плажи со вкупна должина од 25 км. Најпознати се Словенска плажа, Милочер, Пржно, Каменово, Могрен 1 и 2 и многу други плажи. А најголема атракција претставува Стариот град. Во непосредна близина се наоѓа и островот Св. Никола, кој е најголем во овој дел од Јадранот.
ВИЛА ПРЕДРАГ – БУДВА
Вила „Предраг“ во Будва се наоѓа на 350 м од Словенска плажа. Вилата располага со убави, комфорни двокреветни, трокреветни и четирикреветни студија. Секоја соба има сопствено купатило, клима (вклучена во цената), фрижидер, како и бокал за кафе/чај. Четирикреветните студија имаат кујна.
| 20% ПОПУСТ ЗА УПЛАТА ОД 50% ДО 31.12.2026 И ЦЕЛОСНА ДОПЛАТА ДО 01.03.2027 |
| Термин |
Еко соба |
Соба |
Студио |
| 20.06 – 27.06.2027 |
160 € |
180 € |
190 € |
| 27.06 – 04.07.2027 |
170 € |
190 € |
200 € |
| 04.07 – 11.07.2027 |
180 € |
200 € |
210 € |
| 11.07 – 18.07.2027 |
190 € |
210 € |
220 € |
| 18.07 – 25.07.2027 |
200 € |
220 € |
235 € |
| 25.07 – 01.08.2027 |
210 € |
230 € |
245 € |
| 01.08 – 08.08.2027 |
210 € |
230 € |
245 € |
| 08.08 – 15.08.2027 |
210 € |
230 € |
245 € |
| 15.08 – 22.08.2027 |
200 € |
220 € |
235 € |
| 22.08 – 29.08.2027 |
190 € |
210 € |
220 € |
| 29.08 – 05.09.2027 |
180 € |
200 € |
210 € |
| 05.09 – 12.09.2027 |
170 € |
190 € |
200 € |
| 12.09 – 19.09.2027 |
160 € |
180 € |
190 € |
Цените се по лице, за 7 ноќевања, со превоз.
- Попуст за трето лице во 1/3 студио / четврто лице во 1/4 студио – 20%;
- Попуст за деца до 12 години – 50%;
- Намалување за патување со сопствен превоз – 10 € по лице.
- 7 ноќевања во вила Предраг;
- Превоз со автобус или минибус;
- Користење на клима уредот;
- Туристичка такса;
- Патничко здравствено осигурување;
- Избор на седиште: 10 € во правец (освен седиштата 1 и 2);
- Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност (1 евро = 62 денари).
- Доколку се прави промена на аранжман уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник и во периодот кога се во тек попустите за рана уплата.
- Сместувањето на првиот ден е по 14 часот, а одјавувањето на последниот ден е во 9 часот.
- Агенцијата не сноси никаква одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во објектите.
- Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе соби и апартмани, а не се селектирани.
- Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, а гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите.
- Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот и евентуално по барање на гостинот, доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.
- Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при што се применуваат локалните стандарди за оптимална опременост на објекти за сместување.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first и last minute или друг тип промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени што се разликуваат од оние што се веќе објавени во ценовникот. Лицата што го уплатиле аранжманот по редовен ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цената.
- За резервација по редовна цена, 30% од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на резервација, а остатокот 21 ден пред поаѓање.
- Патникот во секој момент може да се откаже од аранжманот. Тоа се прави во писмена форма и согласно скалата објавена во општите услови за патување.
- Во случај на отказ на аранжман што е со попуст за рана уплата, 50% од сумата е неповратна, а вториот дел од 50% се задржува согласно скалата објавена во општите услови за патување.
- Поаѓање за Црна Гора: Скопје, „Борис Трајковски“ – 05:00 часот.
- Превозот е со автобус или минибус и е до соодветното место за запирање согласно локалните сообраќајни услови.
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж и 1 парче рачен багаж.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
- Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето. Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона, можни се определени доцнења, за кои однапред се извинуваме.
- Доколку патникот сака да бира седиште, се доплаќа 10 € во правец (освен седиштата 1 и 2).
ID 051
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |