189€
  • 8-ми Декември
  • Опис
  • Програма
  • Фотографии

Tour overview

06.12 – 08.12.26

Куршумлиска Бања – 8 декември – Тридневен одмор и релаксација во Куршумлиска Бања во Србија, во хотелот Планинка 4*, со полупансион, базени со термо-минерална вода и користење на Велнес центарот. Индивидуални прошетки по бањските паркови долж Бањска Река.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО

Состанок на групата рано наутро во 05:30 часот. Поаѓање за Србија во 06:00 часот преку граничниот премин Табановце, со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Куршумлиска Бања и сместување во хотелот Планинка 4*. Слободно попладне за одмор и релаксација со користење на СПА содржините на хотелот. Вечера. Ноќевање.

ВТОР ДЕН: 07.12.2026 (ПОНЕДЕЛНИК) КУРШУМЛИСКА БАЊА

Појадок. Ден за одмор и релаксација со користење на содржините на Велнес центарот на хотелот и индивидуални прошетки долж Бањска Река, во зелено опкружување низ бањските паркови. Вечера. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН: 08.12.2026 (ВТОРНИК) КУРШУМЛИСКА БАЊА – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето за заминување. Поаѓање за Македонија околу пладне преку граничниот премин Табановце, со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА: 189 евра (комплетна уплата до 30.10.2026)

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 199 евра

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација;
  • 2 ноќевања во стандардни соби во хотелот Планинка 4*;
  • Исхрана на база полупансион (појадок и вечера, шведска маса);
  • Користење на внатрешни и надворешни базени со термо-минерална вода со температура од 33 до 35 °C;
  • Секојдневно користење на Велнес центарот: сауна, солена соба, парна бања, ледена пештера, топли клупи (тепидариум) и соба за релаксација;
  • Користење на сала за забава (пинг-понг и билијард), фитнес сала и детска игротека;
  • Туристичка такса;
  • Патничко и здравствено осигурување;
  • Индивидуални трошоци (пијалоци, масажи и останати неспоменати услуги);
ПОПУСТИ И ОПЦИОНАЛНИ ДОПЛАТИ:
  • Дете од 2 до 7 години во придружба на 2 возрасни, на дополнителен кревет: бесплатно во хотел, плаќа само превоз 35 € (на барање);
  • Дете од 7 до 12 години во придружба на 2 возрасни, на дополнителен кревет: плаќа 50% од цената на аранжманот (на барање);
  • Доплата за еднокреветна соба – 20 € (на барање);
  • Доплата за избор на ред на седење во автобусот – 10 € (минимум 2 седишта);
НАПОМЕНИ:
  • За реализација на патувањето се потребни минимум 40 патници;
  • Цените се дадени по лице, за сместување во двокреветна соба со најмалку 2 лица;
  • За резервација е потребна уплата на депозит од најмалку 30%, а доплатата најдоцна до 2 недели пред поаѓање;
  • Седиштата во автобусот се доделуваат според времето на уплата;
  • За патувањето е потребен важечки биометриски пасош со важност од најмалку 3 месеци пред истек или важечка лична карта;
  • Организаторот може да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред поаѓањето ако нема доволен број пријавени;
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра, а уплатата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Балкан Експрес

ID025

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ