649€
  • НОВА ГОДИНА 2027
  • Опис
  • Програма
  • Фотографии

Tour overview

29.12.2026 – 03.01.2027

Новогодишен Париз – доживејте ја новогодишната атмосфера на Париз, градот на светлината, уметноста, културата и романтиката. Во текот на патувањето ќе ги посетите најпознатите знаменитости на француската престолнина, ќе уживате во празничната атмосфера и ќе имате можност за посета на Лувр, Версај, Ајфеловата кула, Дизниленд и крстарење по Сена.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04:00 часот. Полетување за Париз во 06:00 ч. Број на лет W6 4719. Слетување во Париз на аеродромот „Бове“ во 09:05 часот. Трансфер и панорамски разглед на градот: Париската опера, плоштадот Вандом, црквата Мадлена, музејот Лувр, Кралската палата, центарот Бобур, плоштадот Конкорд, Градската куќа, плоштадот Бастиља, катедралата Нотр-Дам на островот Сите, универзитетот Сорбона, Пантеонот, Домот на Инвалидите, Трокадеро, Ајфеловата кула, Марсовите полиња, Триумфалната порта, Елисејските полиња… Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.

ВТОР ДЕН: 30.12.2026 (СРЕДА) ПАРИЗ – ЛУВР

Појадок. Можност за факултативна посета на најголемиот и најпосетен музеј во светот – Лувр. Во музејот се чуваат едни од најпознатите уметнички дела на светот: Мона Лиза од Леонардо Да Винчи, Венера од островот Милос, Крилестата победа „Nike“ од Самотраки, „Сплавот на медузата“… како и голем број на познати слики од Рембрант, Рубенс, Титијан, Пусен… (одење и враќање со метро). Можност за индивидуални прошетки и посети низ центарот на Париз: Катедралата Нотр Дам, Латинската четврт, Луксембуршките градини… Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН: 31.12.2026 (ЧЕТВРТОК) ПАРИЗ – ПИГАЛ И МОНМАРТР

Појадок. Прошетка со јавен превоз и придружникот на групата низ квартот Пигал, каде се наоѓа и познатото кабаре „Мулен Руж“. Јужно од булеварот Клиши, современите бистра им отстапуваат место на величествените неокласични градби од 19-тиот век, кои на оваа област ѝ го донеле прекарот „Нувел Атен“ (Нова Атина). Меѓу значајните уметнички музеи се вбројуваат Националниот музеј „Гистав Моро“ и Музејот на романтичарскиот живот. Прошетката продолжува накај уметничкиот кварт Монтмартр со катедралата Сакр Кер, од каде се пружа прекрасен поглед на Париз. Слободно време за индивидуални прошетки и активности. Вечерта, прошетка до плоштадот Конкорд и авенијата Шанзелизе до Триумфалната порта за прослава на Новогодишната ноќ… Ноќевање.

ЧЕТВРТИ ДЕН: 01.01.2027 (ПЕТОК) ПАРИЗ – ДИЗНИЛЕНД

Појадок. Можност за индивидуална посета (превоз со градска железница) до најголемиот забавен парк за возрасни и деца во Европа – ДИЗНИЛЕНД. Европскиот Дизниленд е посветен на децата и оние кои што знаат да се радуваат како деца, со надеж дека ќе биде извор на среќа и инспирација за целиот свет. Волт Дизни Студиото е посветено на безвременската фасцинација и приврзаност кон киното и телевизијата. Дизниленд во Париз се состои од два парка, Дизниленд Парк и Волт Дизни Студио Парк, како и шопинг област. Во шопинг зоната има продавници, ресторани, бутици… Враќање во Париз. Ноќевање.

ПЕТТИ ДЕН: 02.01.2027 (САБОТА) ПАРИЗ – ВЕРСАЈ / АЈФЕЛОВА КУЛА / КРСТАРЕЊЕ ПО СЕНА

Појадок. Полудневен факултативен излет во Версај – еден од најлуксузните кралски дворци во Европа изграден во XVII век, кој е воедно и последната резиденција на француските кралеви. Дворецот бил седиште на француската монархија и центар на моќта од 1682 год. кога Луј XIV се преселил од Париз во Версај, па сè додека кралското семејство не било приморано да се врати во Париз поради Француската револуција. Посета на апартманите на кралот и кралицата, салата на огледалата… Факултативна посета на Ајфеловата кула – симболот на Париз (изградена за светската изложба во 1889 год.). Единствената прилика да се види прекрасната панорама на Париз од врвот на Ајфеловата кула. Факултативно вечерно крстарење по реката Сена. Романтично пловење со брод и прекрасните звуци на француската шансона, додека се набљудува панорамата на градот од една друга перспектива. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.

ШЕСТИ ДЕН: 03.01.2027 (НЕДЕЛА) ПАРИЗ – СКОПЈЕ

Напуштање на собите во хотелот, спакуван појадок. Трансфер до аеродромот „Бове“ во 05:30ч. Рано наутро. Лет за Скопје во 09:40ч. Број на лет W6 4720. Пристигнување во Скопје во 12:25ч.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 699 евра
43.338 денари – плаќање во денарска противвредностПРОМО ЦЕНА: 649 евра
  • Авионски превоз на релација: Скопје – Париз – Скопје (со WizzAir);
  • Аеродромски такси;
  • Рачна торба до 8 кг (30x20x40 cm);
  • Организирани трансфери со автобус во Париз на релација: аеродром – хотел – аеродром;
  • Сместување во хотел Hotel Campanile Paris Est – Pantin 3*, на база 5 ноќевања со појадок;
  • Организиран панорамски разглед на Париз;
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
  • Туристичка такса за сместување – 5,2 € по лице од ноќ;
  • Wizz Priority со голема кабинска торба 55x40x23 cm до 10 кг;
  • Пријавен багаж до 20 кг – информација во агенција;
  • Пријавен багаж до 32 кг – информација во агенција;
  • Доплата за седишта еден до друг – информација во агенција;
  • Доплата за 1/1 соба – 210 €;
  • Посета со влезница за Ајфелова кула – 19-29 €;
  • Крстарење по Сена – од 20 €;
  • Посета на Лувр со јавен превоз, резервација и влезница – 40 € (уплата при продажба);
  • Посета на Версај со јавен превоз, резервација, водич и влезница – 65 € (уплата при продажба);
  • Карти за јавен превоз;
  • Посета на забавниот парк Дизниленд;
  • Патничко здравствено осигурување.
НАПОМЕНИ:
  • За реализација на факултативните посети, потребен е минимум од 15 патници;
  • Можни се промени во редоследот на програмата во зависност на работното време на објектите за посета;
  • Организаторот не одговара доколку објектите го променат работното време или го ограничат влезот;
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ.

ID011

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ