Tour overview
„Северниот Бисер“ на Италија како го нарекуваат Милано, со бурна историја и стари градби, денеска е центар на Светската Мода. Се е предодредено на Модата , од Архитектурата до спомениците и начинот на живот. Тука ќе уживате во ремек делото на Готиката во ликот на најголемата Готска Катедрала во Светот, најпознатата Оперска куќа во светот – La Scala, Пасажот на Виктор Емануел со бројни брендирани бутици. А вечерите поминете ги во Опера, Театар или во многубројните клубови.
| 1. ДЕН | 28.12.2025 | СКОПЈЕ |
Состанок на групата на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски во 09:30 часот. Поаѓање за Милано во 10:00 часот. Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.
| 2. ДЕН | 29.12.2025 | FRANCIACORTA OUTLET – МИЛАНО |
Пристигнување во Franciacorta outlet во утринските часови. Слободно време за предновогодишен шопинг. Продолжуваме кон Милано. Пристигнување во Милано во попладневните часови. Сместување во хотел. Можност за индивидуална (јавен превоз) прошетка по раздвижените и прекрасно украсени улици на модниот центар на светот, многубројните дуќани, луксузни трговски центри (индивидуално). Можност за шопинг по најкреативните божиќни тезги поставени во центарот на Милано. Враќање во хотел индивидуално. Ноќевање.
| 3. ДЕН | 30.12.2025 | МИЛАНО- ЛУГАНО (ШВАЈЦАРИЈА)-КОМО |
Појадок. Предлагаме целодневна посета на Лугано(Швајцарското Монте Карло) и Комо. Разглед на Лугано: катедралата San Lorenzo, црквата Santa Marina di Angelo, стариот град со пркрасните плоштади, казиното, најубавиот парк во Швајцарија “Parco Civico”. Слободно време за прошетки. Потоа го посетуваме градчето Комо кое се наоѓа на брегот на езерото Лаго ди Комо (Италија). Тука Холивудскиот џет-сет има свои вили ( Villa Oleandra на Џорџ Клуни) , вилите на Стинг, Ричард Брансон. Тука е сниман и филмот „Casino Royale“ – Џемс Бонд, „Ocean’s Twelve“. Можност за факултативно крстарење (30 мин) со брод покрај некои од прочуените вили. Слободно време за прошетки. Излет со многу впечатоци. Враќање во Милано во вечерните часови. Ноќевање.
| 4. ДЕН | 31.12.2025 | МИЛАНО |
Појадок. Претпладне факултативно одиме на разглед на градот: тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наога најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 м. долг покриен премин со многубројни продавници, кој пак нѐ води до зградата на Миланска опера една од најпознатите оперски куќи во светот. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел, слободно време за одмор. Вечерта дочек на Нова година на градскиот плоштад. Ноќевање.
| 5. ДЕН | 01.01.2026 | МИЛАНО–СИРМИОНЕ-СКОПЈЕ |
Појадок. По појадокот одјавување од хотел. Во договор со водичот патувањето продолжува кон Сирмионе – езеро Гарда, познат по своите термални извори и прекрасна средновековна архитектура. Слободно време за индивидуални прошетки. Патувањето кон Скопје продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија со попатни паузи. Ноќно возење.
| 6. ДЕН | 01.01.2026 | СКОПЈЕ |
Пристигнување Скопје на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во попладневните часови.
| ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 10 НОЕМВРИ: 249 € / 15.440 денари |
| РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 269 € / 16.680 денари |
| Во цената на аранжманот е вклучено: |
- Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје-Милано-Скопје;
- 3 ноќевања во хотел Hotel Cosmo Palace 4* НП во Милано (околина);
- Организација и водство на програмата;
- Организација на аранжманот;
- Лиценциран туристички придружник.
| Во цената на аранжманот НЕ е вклучено: |
- Задолжително патничко осигурување 300 денари;
- Разглед на Милано со локален водич 20€;
- Факултативен излет за Лугано и Комо 50€;
- Крстарење по езерото Комо (30мин) 20€;
- Задолжителна посета на Сирмионе 20€;
- Туристичка такса Милано 5€ по лице по ноќ (се плаќа во агенција);
- Доплата за еднокреветна соба – 4.650 ден;
- Доплата за избор на седиште во автобус – 20€ (задолжителна резервација при уплата).
- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници;
- Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај. (Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи; трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај – ранч кревет или софа;, четирикреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи – ранч кревет или софа);
- Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата;
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање;
- Останатите услови на патување важат според годишната програма на Т.А. Балкан експрес травел;
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила;
- Патникот има обврска да се јави 24 ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.
ID 002
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |