Tour overview
Во областа Епир постои магичниот дел на Јонското Море, местото каде што се спојуваат две спротивставени природни убавини: планината и морето. Оваа убавина го освојува секој турист што ја посетил Парга, овозможувајќи му да ужива во мирот, автентичноста и интимноста на оваа светска туристичка дестинација. Кога ќе прошетате во стариот град, се чувствувате како да патувате во времето, опкружени со сегашноста. Плажите Крионери, Писо Крионери во центарот на градот и плажата Валтос под Венецијанскиот замок се вистинско уживање во Парга на Јонското Море.
Вилата „NASOS“ лоцирана е во самиот центар на градот во Парга. Лоцирана е на 2 минути од плоштадот. Од плажата Крионери е оддалечена 200 метри. Прекрасна местоположба. Дуплекс-апартманот има кујна комплетно опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер со комора и електричен шпорет, микробранова печка, клима-уред, ТВ и тераса со поглед кон море во далечина. Дуплекс-апартманот има убаво опремено купатило и WC. Вилата има и безжичен интернет. На располагање имате и платен паркинг.
Координати на Вилата;
Цените во табелата се однесуваат за наем на дуплекс-апартман за 7 ноќевања без превоз.
| Термин | 1/2+1/2+1 Дуплекс-апартман |
| 29.05.2027 | 299 € |
| 05.06.2027 | 459 € |
| 12.06.2027 | 599 € |
| 19.06.2027 | 659 € |
| 26.06.2027 | 699 € |
| 03.07.2027 | 729 € |
| 10.07.2027 | 759 € |
| 17.07.2027 | 799 € |
| 24.07.2027 | 799 € |
| 31.07.2027 | 799 € |
| 07.08.2027 | 799 € |
| 14.08.2027 | 739 € |
| 21.08.2027 | 659 € |
| 28.08.2027 | 629 € |
| 04.09.2027 | 529 € |
| 11.09.2027 | 459 € |
| 18.09.2027 | 369 € |
Сите патници, вклучувајќи ги децата и бебињата, се бројат во максималниот капацитет на собата. Децата може да користат кревет за возрасни во рамките на тој капацитет.
| ИНФО ЗА ПРЕСТОЈОТ |
КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕДОТ, WI-FI Е БЕСПЛАТНО
ДУПЛЕКС-АПАРТМАНОТ: Имаат крпи; Имаат тоалетна хартија и сапун
Сместувачки капацитети:
Прв кат:
Дуплекс-апартман бр. 2 1/2+1/2+1 (5 лица) – Дуплекс-апартманот се наоѓа на прв кат. Располага со две спални соби, кујна, купатило и тераса. Првата спална соба има еден дупол кревет, комотен за спиење на 2 лица, а овде може да се додаде кревет на спуштање за дете до 14 год. Втората спална соба има еден дупол кревет, комотен за спиење на 2 лица. Има плакар за алишта, ТВ и клима-уред. Кујната е во посебна просторија, одвоена со ѕид, комплетно опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер со комора, електричен шпорет и микробранова печка. Има сопствено купатило и WC. Апартманот излегува на тераса со поглед на море во далечина.
| ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА |
- Наем на дуплекс-апартман за 7 ноќевања;
| ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА |
- Превоз;
- Туристичка такса – 2 € од ноќ (се плаќа во агенција);
- Индивидуални и останати трошоци на патникот;
| НАПОМЕНИ |
– Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1 € = 62 ден.);
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства) само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените (зголемување или намалување) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Во случај на направена поголема штета во ДУПЛЕКС-АПАРТМАНОТ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
– Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2 € од ноќ за студијата и апартманите (доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета).
| ПРЕВОЗ |
- 80 € за возрасни – повратна карта;
- 55 € за деца до 12 години – повратна карта;
- 45 € за возрасни или дете – карта во еден правец;
- 20 € за прв ред на седиште;
- 10 € за бирање на седиште во превозно средство, освен прв ред на седишта;
- Доплата за трансфер: 25 € по лице од Прилеп и 30 € по лице од Битола;
| МЕСТО И ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ |
Деновите дадени во табелата се денови на поаѓање од:
| Град | Место на тргнување | Време |
| Куманово | Бензинска пумпа Макпетрол | 00:15 часот наутро |
| Скопје | Спроти Хотел Бристол (паркинг) | 01:30 часот наутро |
| Велес | Мотел Македонија (бензинска пумпа Мак Оил) | 02:00 часот наутро |
| Кочани | Основен суд | 00:30 часот наутро |
| Штип | Нова Пошта | 01:00 часот наутро |
| Неготино | Бензинска пумпа Макпетрол | 02:30 часот наутро |
| Гевгелија | Бензинска пумпа Окта-Шимов | 03:00 часот наутро |
| Прилеп | Бензинска пумпа Лукоил | 01:30 часот наутро |
| Битола | Спортска сала | 00:30 часот наутро |
ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР 25 € ПО ЛИЦЕ ОД ПРИЛЕП И 30 € ПО ЛИЦЕ ОД БИТОЛА
ID 031
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |
| ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ: |

