Tour overview
| 7 % попуст за 50 % уплата веднаш и целосна доплата заклучно со 15.03.2025 (сабота) Попустот е важечки за резервации заклучно со 03.02.2025 (понеделник) |
НЕА ФЛОГИТА е туристичко место на западната страна од првиот крак Касандра во областа Халкидики, на само 290 км од Скопје. Препознатливо е по најдолгата песочна плажа на Халкидики, бистрината на водата, авенијата на палмите, боровите, бујната вегетација, како и многубројните ресторани, продавници и детски забавни паркови. Сето ова ќе ви ги направи деновите на Вашиот одмор незаборавни. На само 5-7 минути возење јужно од Неа Флогита ве пресретнува градот Неа Модања, еден од најголемите и најурбаните градови во областа Халкидики.
Куќа „La Plage“ е лоцирана во новиот дел на Неа Флогита, прва линија море, на сама плажа. Располагаме со 3 четирикреветни студија, 2 четирикреветни апартмани и 2 дуплекс апартмани (сите со директен, отворен поглед на море). Сите соби располагаат со пространи балкони, комплетно опремена кујна, ЛЦД ТВ, сопствени реновирани тоалети со пешкири. Интернетот и климата се вклучени во цената. Паркинг простор обезбеден пред вилата. Пред вилата има кафе бар со лежалки во кој нашите патници имаат поволности.
Координати на Вилата;
1. Вонсезонски цени
| Цените во табелата се однесуваат за 7 ноќевања со вклучен превоз по лице | |||||||
| Термин | Ноќевања | 1/3+1 Студио бр.1 | 1/3+1 Студио бр.3 и бр.5 | 1/4+1 Апартман бр.6 | 1/3+1 Апартман бр.4 | 1/5+1 Дуплекс бр.2 | 1/5+2 Дуплекс бр.7 |
| 18.05.2025 | 7 | 99 | 109 | 89 | 99 | 89 | 109 |
| 25.05.2025 | 7 | 119 | 129 | 109 | 119 | 99 | 119 |
| 01.06.2025 | 7 | 139 | 149 | 129 | 139 | 119 | 139 |
| 08.06.2025 | 7 | 179 | 199 | 179 | 189 | 139 | 159 |
| 15.06.2025 | 7 | 219 | 239 | 189 | 199 | 159 | 179 |
| 22.06.2025 | 7 | 249 | 269 | 209 | 219 | 169 | 199 |
Плаќаат минимум 2 лица во Студио, плаќаат минимум 3 лица во Апартман и плаќаат минимум 4 лица во Дуплекс останатите лица доплаќаат само превоз
2. Сезонски цени
| Цените во табелата се однесуваат за наем на студио за 7 ноќевања без превоз | |||||||
| Термин | Ноќевања | 1/3+1 Студио бр.1 | 1/3+1 Студио бр.3 и бр.5 | 1/4+1 Апартман бр.6 | 1/3+1 Апартман бр.4 | 1/5+1 Дуплекс бр.2 | 1/5+2 Дуплекс бр.7 |
| 29.06.2025 | 7 | 579 | 599 | 699 | 709 | 719 | 799 |
| 06.07.2025 | 7 | 619 | 649 | 749 | 769 | 779 | 859 |
| 13.07.2025 | 7 | 669 | 699 | 799 | 829 | 839 | 929 |
| 20.07.2025 | 7 | 669 | 699 | 799 | 829 | 839 | 929 |
| 27.07.2025 | 7 | 699 | 739 | 849 | 869 | 879 | 979 |
| 03.08.2025 | 7 | 699 | 739 | 849 | 869 | 879 | 979 |
| 10.08.2025 | 7 | 669 | 699 | 799 | 829 | 839 | 929 |
| 17.08.2025 | 7 | 669 | 699 | 799 | 829 | 839 | 929 |
| 24.08.2025 | 7 | 639 | 659 | 759 | 789 | 799 | 879 |
1. Вонсезонски цени
| Цените во табелата се однесуваат за 7 ноќевања со вклучен превоз по лице | |||||||
| Термин | Ноќевања | 1/3+1 Студио бр.1 | 1/3+1 Студио бр.3 и бр.5 | 1/4+1 Апартман бр.6 | 1/3+1 Апартман бр.4 | 1/5+1 Дуплекс бр.2 | 1/5+2 Дуплекс бр.7 |
| 31.08.2025 | 7 | 219 | 239 | 189 | 199 | 159 | 179 |
| 07.09.2025 | 7 | 189 | 209 | 179 | 189 | 139 | 159 |
| 14.09.2025 | 7 | 139 | 149 | 139 | 149 | 119 | 139 |
| 21.09.2025 | 7 | 99 | 109 | 99 | 109 | 99 | 109 |
Плаќаат минимум 2 лица во Студио, плаќаат минимум 3 лица во Апартман и плаќаат минимум 4 лица во Дуплекс останатите лица доплаќаат само превоз
| ИНФО ЗА ПРЕСТОЈОТ |
Приземје:
Студио бр. 1
Располага со комплетно опремена кујна, тоалет, голема пространа тераса со директен поглед море, клима, ТВ, Wi-Fi, комарници и тенда. Има француски кревет и софа на пуштање.
Дуплекс бр. 2
Располага со комплетно опремена кујна, 2 одвоени спални соби, тоалет, голема пространа тераса со директен поглед море, клима, ТВ, Wi-Fi, комарници и тенда. Во прва спална соба има француски кревет за 2 лица, во втората соба има француски кревет и софа на пуштање.
Студио бр. 3
Располага со комплетно опремена кујна, тоалет, голема пространа тераса со директен поглед море, клима, ТВ, Wi-Fi, комарници и тенда. Има француски кревет и аголна гарнитура на пуштање.
Прв кат:
Апартман бр.4
Располага со дневна соба со целосно опремена кујна, една спална соба, тоалет и пространа тераса со директен фронтален поглед море, клима, ТВ, Wi-Fi, комарници и тенда. Во спална соба има француски кревет за 2 лица а во дневна соба софа на пуштање.
Втор кат:
Студио бр. 5
Располага со комплетно опремена кујна, тоалет, голема пространа тераса со директен поглед море, клима, ТВ, Wi-Fi, комарници и тенда. Има француски кревет и софа на пуштање.
Апартман бр.6
Располага со дневна соба со целосно опремена кујна, една спална соба, тоалет и пространа тераса со директен поглед море, клима, ТВ, Wi-Fi, комарници и тенда. Во спална соба има француски кревет за 2 лица и софа на пуштање а во дневна соба софа на пуштање.
Дуплекс бр. 7
Огромен дуплекс апартман кој располага со комплетно опремена кујна, 2 спални соби, тоалет, голема пространа тераса со директен поглед море, клима, ТВ, Wi-Fi, комарници и тенда. Во дневна соба има аголна гарнитура на пуштање, во една соба има француски кревет за 2 лица, во втората соба има француски кревет и софа на пуштање.
| НАПОМЕНИ |
- Во студио / апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
- Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
- Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
- Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро=62 мкд).
- Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
- Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
- Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 2 евра на ден по студио/апартман.
- Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Балкан Експрес Травел НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
- Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Балкан Експрес Травел“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
| ПРЕВОЗ |
- 50 € за возрасни – повратна карта
- 35€ за деца до 12 години – повратна карта;
- 40 € за возрасни – карта во еден правец;
- 35 € за деца – карта во еден правец;
- Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште
- За патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10€ по лице
ID 052
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |