Tour overview

ЈЕРИСОС е најубавото и најголемото туристичко место на третиот крак Атос. Има прекрасна долга песочна плажа која во зеленило и бујна вегетација ве разладува и разгалува во летните месеци. Голема пешачка зона со многу паркови, игралишта, забавни паркови, таверни, клубови во совршен спокој и мир е епитетот на заливот под Атос – Јерисос. Во местото има супермаркети – Лидл, парфимерии и автентични грчки музеи.

Вилата „Клеопатра“ е модерна вила, лоцирана е на самата плажа, модерно опремена вила и реновирана во 2024 година. Секоја соба има кујна стандардно опремена со кујнски инвентар, во апартманите има големи фрижидери и плотна со 2 рингли. Секоја соба има стандардно купатило и WC. Секоја соба има клима уред и ТВ. Вилата има и безжичен интернет и голем паркинг, кој функционира на прво слободно место.

Координати на Вилата;

7% ПОПУСТ ЗА НАЕМ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ СО УПЛАТА ОД 70% ДО 20.11.2026

ЦЕНИТЕ ЗА ТЕРМИНИТЕ (14.05; 21.05; 28.05; 04.06; 27.08; 03.09; 10.09 и 17.09.2027) ОЗНАЧЕНИ СО ЅВЕЗДИЧКА * ВО ТАБЕЛАТА СЕ ПАКЕТ АРАНЖМАНИ И СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ СО ВКЛУЧЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ. ОСТАНАТИТЕ ЦЕНИ ЗА ДАДЕНИТЕ СМЕНИ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН ЗА 7 НОЌИ.

Цените за наем во табелата се редовни, без попустот од 7%. Цените за пакет аранжманите (означени со *) се со веќе вкалкулиран попуст.

Термин АПП 1/2+1/2+1 бр. 1 и бр. 3 страничен поглед море АПП 1/2+1/2 бр. 2 директен поглед море
14.05.2027* 89 € 99 €
21.05.2027* 149 € 159 €
28.05.2027* 169 € 189 €
04.06.2027* 209 € 219 €
11.06.2027 519 € 539 €
18.06.2027 579 € 599 €
25.06.2027 619 € 639 €
02.07.2027 669 € 689 €
09.07.2027 699 € 719 €
16.07.2027 699 € 719 €
23.07.2027 709 € 739 €
30.07.2027 709 € 739 €
06.08.2027 699 € 719 €
13.08.2027 699 € 719 €
20.08.2027 699 € 689 €
27.08.2027* 279 € 299 €
03.09.2027* 239 € 249 €
10.09.2027* 199 € 209 €
17.09.2027* 139 € 149 €

Плаќаат минимум 2 лица, трето, четврто лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, доплаќаат само превоз доколку користат 60 € за возрасен или 40 € за дете до 12 години.

Сите патници, вклучувајќи ги децата и бебињата, се бројат во максималниот капацитет на собата. Децата може да користат кревет за возрасни во рамките на тој капацитет.

ИНФО ЗА ПРЕСТОЈОТ

КОРИСТЕЊЕТО НА ПАРКИНГ, КЛИМА УРЕДОТ, WI-FI Е БЕСПЛАТНО
ВИЛАТА ИМА ПАРКИНГ (ГОЛЕМ) И ГОСТИТЕ ГО КОРИСТАТ НА ПРИНЦИП ПРВО СЛОБОДНО МЕСТО
АПАРТМАНИТЕ и МЕЗОНЕТИТЕ: Имаат крпи; Имаат тоалетна хартија и сапун

Сместувачки капацитети:
Високо приземје
АПАРТМАН БР. 1 (1/2)+(1/2)+1 дете – 5 лица – Апартманот се наоѓа на високо приземје. Во кујната има еден кревет поединечен + еден поединечен кревет од кој се извлекува уште еден кревет на висина како поединечниот. Кујната е опремена со вградена плотна со две рингли, голем фрижидер и комплетен кујнски инвентар. Во кујната има ТВ и маса за ручање. Спалната соба има еден дупли кревет (француски). Апартманот има плакар за алишта и клима уред. Има сопствено купатило и WC. Излегува на тераса со страничен поглед на море.
Први кат
АПАРТМАН БР. 2 (1/2)+(1/2) – 4 лица – Апартманот се наоѓа на први кат. Во кујната има еден поединечен стандарден кревет и еден кревет на извлекување под поединечниот. Кујната е опремена со вградена плотна со две рингли, голем фрижидер и комплетен кујнски инвентар. Во кујната има маса за ручање, ТВ и клима уред. Спалната соба е со дупли кревет (француски), плакар за алишта. Има сопствено купатило и WC. Апартманот излегува на тераса со директен поглед на море.
АПАРТМАН БР. 3 (1/2)+(1/2) – 4 лица – Апартманот се наоѓа на први кат. Во кујната има еден поединечен стандарден кревет и еден кревет на извлекување. Кујната е опремена со вградена плотна со две рингли, голем фрижидер и комплетен кујнски инвентар. Во кујната има маса за ручање, ТВ и клима уред. Спалната соба е со дупли кревет (француски), плакар за алишта. Има сопствено купатило и WC. Апартманот излегува на тераса со страничен поглед на море.

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
  • Пакет аранжман (термини со *): 7 ноќевања во апартман и автобуски превоз;
  • Наем (термини без *): 7 ноќевања во апартман;
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
  • Превоз за термините за наем;
  • Туристичка такса – 2 € од ноќ (се плаќа во агенција);
  • Индивидуални и останати трошоци на патникот;
УСЛОВИ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАНИТЕ

– За пакет аранжманот во АПАРТМАН потребни се минимум 2 лица;
– Трето, четврто лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, доплаќаат само превоз доколку користат 60 € за возрасен или 40 € за дете до 12 години;
– Дете до 2 години не плаќа (бесплатно), не користи седиште во автобус;
– За патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10 € по лице;
– Сите патници, вклучувајќи ги децата и бебињата, се бројат во максималниот капацитет на собата. Децата може да користат кревет за возрасни во рамките на тој капацитет.

НАПОМЕНИ

– Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1 € = 62 ден.);
– Кога има акциски попуст, НЕ важи за смените со ѕвездичка;
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање;
– 7% попуст за наем при уплата на 70% од вредноста на аранжманот до 20.11.2026; цените за пакет аранжманите се со вкалкулиран попуст;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства) само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените (зголемување или намалување) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во случај на направена поголема штета во АПАРТМАНИТЕ и МЕЗОНЕТИТЕ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
– Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2 € од ноќ за студијата и апартманите (доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета).

ПРЕВОЗ
  • 60 € за возрасни – повратна карта;
  • 40 € за деца до 12 години – повратна карта;
  • 40 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
  • 20 € (доплата за избор на прв ред седиште);
  • 10 € (доплата за избор на седиште, освен прв ред на седиште);
  • Деца до 2 години бесплатно – не користат седиште;
  • Доплата за трансфер: БИТОЛА ДО НЕГОТИНО 30 € ПО ЛИЦЕ – ПОВРАТНА КАРТА; ПРИЛЕП ДО НЕГОТИНО 25 € ПО ЛИЦЕ – ПОВРАТНА КАРТА
МЕСТО И ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ

Деновите дадени во табелата се денови на поаѓање од:

Град Место на тргнување Време
Куманово Бензинска пумпа Макпетрол 03:00 часот наутро
Скопје Спортска сала Борис Трајковски 04:00 часот наутро
Велес Мотел Македонија бенз. Мак. Оил 04:30 часот наутро
Кочани Основен Суд 03:15 часот наутро
Штип Нова Пошта 04:00 часот наутро
Неготино Бензинска пумпа Макпетрол 05:00 часот наутро
Гевгелија Бензинска пумпа Окта-Шимов 06:00 часот наутро
Прилеп Бензинска пумпа Лукоил 04:00 часот наутро
Битола Спортска сала 03:15 часот наутро

ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР 25 € ПО ЛИЦЕ ОД ПРИЛЕП И 30 € БИТОЛА

ID 031

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:
Download pdf brochure