Tour overview

Тасос е најсеверниот остров на грчкиот архипелаг, оддалечен околу 400 км од Скопје. По пристигнувањето до пристаништето, со само 30 минути возење со траект, се стигнува до овој прекрасен зелен остров.

Тасос е вистинска комбинација на море и планина, со прекрасни песочни плажи, кристално чиста вода и тиркизносина боја на морето. Островот изобилува со густи борови шуми, природни сенки и планински возвишенија, кои му даваат посебен шарм и неповторлива убавина.

Над плажите Скала Потамија и Голден Бич гордо се издигнува планината Ипсарион, со највисокиот врв на островот на 1.204 метри надморска височина. Во должина од околу 3 километри се протега една од најубавите плажи на Тасос – Голден Бич, која ги поврзува Скала Потамија и Голден Бич. Плажата е добитник на сино знаме, меѓународно признание за чистота и квалитет. Кога сонцето ќе се издигне високо на небото, златниот песок заблескува и ја открива вистинската убавина по која оваа плажа го добила своето име.

Вила „Стефанија“ се наоѓа во Скала Потамија, на само 150 метри од прекрасната песочна плажа Голден Бич. Одличната местоположба ја прави идеален избор за сите што сакаат да уживаат во близината на морето и убавините на еден од најатрактивните делови на островот Тасос.

Вилата располага со сопствен паркинг, а во непосредна близина се наоѓаат супермаркети, ресторани и традиционални таверни, што овозможува удобен и пријатен престој.

Координати на Вилата;

7% ПОПУСТ ЗА НАЕМ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ СО УПЛАТА ОД 70% ДО 20.11.2026

Цените во табелата се однесуваат за наем на студио за 7 ноќевања без превоз.

Цените во табелата се редовни, без попустот од 7%.

Термин 1/3 Студио 1/4 Студио
28.05.2027 129 € 149 €
04.06.2027 199 € 219 €
11.06.2027 299 € 329 €
18.06.2027 339 € 379 €
25.06.2027 409 € 469 €
02.07.2027 469 € 509 €
09.07.2027 499 € 539 €
16.07.2027 529 € 609 €
23.07.2027 559 € 619 €
30.07.2027 559 € 619 €
06.08.2027 559 € 619 €
13.08.2027 519 € 589 €
20.08.2027 459 € 539 €
27.08.2027 379 € 419 €
03.09.2027 359 € 369 €
10.09.2027 279 € 269 €
17.09.2027 129 € 129 €
ИНФО ЗА ПРЕСТОЈОТ

КОРИСТЕЊЕ НА КЛИМА, ПАРКИНГ, WI-FI (БЕСПЛАТНО)
СТУДИЈАТА: ИМААТ КРПИ ЗА ЛИЦЕ; ИМААТ ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА И САПУН; ЧИСТЕЊЕ 2 ПАТИ ЗА ПРЕСТОЈ ОД 7 ДЕНА

Сместувачки капацитети:
Студио бр. 101 1/4 (4 лица)
Студио бр. 102 1/4 (4 лица)
Студио бр. 103 1/3 (3 лица)
Студио бр. 104 1/3 (3 лица)

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
  • Наем на студио за 7 ноќевања;
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
  • Превоз;
  • Туристичка такса – 2 € од ноќ (се плаќа во агенција);
  • Индивидуални и останати трошоци на патникот;
НАПОМЕНИ

– Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1 € = 62 ден.);
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање;
– 7% попуст за наем при уплата на 70% од вредноста на аранжманот до 20.11.2026;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства) само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените (зголемување или намалување) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во случај на направена поголема штета во СТУДИЈАТА, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
– Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2 € од ноќ за студијата (доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета).

ПРЕВОЗ
  • 75 € за возрасни – повратна карта;
  • 60 € за деца до 12 години – повратна карта;
  • 60 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
  • 20 € (доплата за избор на прв ред седиште);
  • 10 € (доплата за избор на седиште, освен прв ред на седиште);
  • Деца до 2 години бесплатно – не користат седиште;
  • Доплата за трансфер: БИТОЛА ДО НЕГОТИНО 30 € ПО ЛИЦЕ – ПОВРАТНА КАРТА; ПРИЛЕП ДО НЕГОТИНО 25 € ПО ЛИЦЕ – ПОВРАТНА КАРТА
  • Доплата за бродска карта: 20 € за возрасни – повратна карта;
  • Доплата за бродска карта: 15 € за дете од 2 до 12 години – повратна карта;
МЕСТО И ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ

Деновите дадени во табелата се денови на поаѓање од:

Град Место на тргнување Време
Куманово Бензинска пумпа Макпетрол 00:15 часот наутро
Скопје Спортска сала Борис Трајковски 01:00 часот наутро
Велес Мотел Македонија бенз. Мак. Оил 01:45 часот наутро
Кочани Основен Суд 00:15 часот наутро
Штип Нова Пошта 01:00 часот наутро
Неготино Бензинска пумпа Макпетрол 02:15 часот наутро
Гевгелија Бензинска пумпа Окта-Шимов 03:00 часот наутро
Прилеп Бензинска пумпа Лукоил 00:45 часот наутро
Битола Спортска сала 00:00 часот наутро

ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР 25 € ПО ЛИЦЕ ОД ПРИЛЕП И 30 € ПО ЛИЦЕ ОД БИТОЛА

ID031

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:
Download pdf brochure

ФОТОГРАФИИ

Download pdf brochure