Tour overview
05.12 – 08.12.2026
Барселона за 8-ми Декември – софистицираниот и тренди главен град на Каталонија, полн со позитивна енергија, кој нуди единствен одмор во кој, покрај прекрасните песочни плажи, може да се ужива и во изобилство од културно-уметнички, гастрономски и урбани доживувања. Град кој симболизира забава, дружење, различност и авантури, а пред сè е град со богата душа.
Како ниту едно друго место во светот, Барселона има неверојатно богат микс на култури кои создаваат мозаик од луѓе, мода, музика, храна и танци. Барселона е град на уметници и интелектуалци, инспиративен град налик на ниеден друг. Не дозволувајте да ја пропуштите прошетката во овој необичен град!
| ПРВ ДЕН: 05.12.2026 (САБОТА) СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА |
Пристигнување на аеродромот во Скопје два часа пред летот, кој полетува за Барселона во 12:35 часот и слетува во 15:30 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотелот. Сместување и пауза за одмор.
Слободно време за индивидуални прошетки или заедничко дружење со sangria или cerveza во некој од локалните барови.
| ВТОР ДЕН: 06.12.2026 (НЕДЕЛА) БАРСЕЛОНА |
Ден предвиден за индивидуални активности и прошетки низ Барселона.
| ТРЕТ ДЕН: 07.12.2026 (ПОНЕДЕЛНИК) БАРСЕЛОНА |
Ден предвиден за индивидуални активности и прошетки низ Барселона.
| ЧЕТВРТИ ДЕН: 08.12.2026 (ВТОРНИК) БАРСЕЛОНА – СКОПЈЕ |
Во договореното време трансфер до аеродромот и лет за Скопје.
| ПРОМО ЦЕНА: 499 € (30.940 ден.)
Редовна цена по лице: 619 € |
- Разглед на Барселона – 20 € по лице (задолжително);
- Влезница за Park Güell + Gaudí House Museum – 25 € по лице;
- Влезниците во останатите објекти се со доплата.
- Цената е изразена во евра со денарски курс од 62,00 денари.
- При пријавување и склучување на договорот се уплаќа аконтација од 50% од вкупниот износ, а најдоцна 15 дена пред датумот на патување се доплаќа остатокот.
- Плаќањето може да биде во готово, со платежни картички или на фактура.
- За програмата важат Општите услови за патување на СКТМ.
- Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
- ТЕРМИНИТЕ и ЦЕНИТЕ на аранжманот се подложни на промени и зависат од моменталната расположливост.
- Распоредот на активностите е подложен на промени согласно можностите и временските услови.
- За реализација на патувањето е потребен минимален број од 10 патници. Доколку минималниот број на патници не се исполни, патниците патуваат без придружник од агенцијата, но со сите потребни информации за патувањето, рутите на движење, информациите за превозните средства кои ќе се користат и достапност за консултации и прашања за време на целото патување.
- Кај аранжманите кои вклучуваат авионски превоз, по купувањето на картата не е можна рефундација и во тој случај важат условите на авиокомпанијата.
- Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со low cost авиокомпанија, во случај на одложување или откажување на летот или губење на конекцијата, патниците се должни сами да ги платат новонастанатите трошоци, а агенцијата не може да влијае врз околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
- Цените кај low cost аранжманите се подложни на промени. По уплатата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
- Агенцијата не сноси одговорност за промени на конекциите на авиокомпаниите.
- Наведените саатници на летовите во програмата се подложни на промени и зависат од авиокомпанијата.
- Пред секое патување, Ве молиме внимателно да ги прочитате Општите услови за патување на СКТМ, бидејќи тие се дел од секоја Програма и Договор за патување.
| ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО: |
- Авио превоз Скопје – Барселона – Скопје;
- Аеродромски такси – подложни на промена;
- Рачен багаж – ранец (40 × 30 × 20 cm);
- Трансфери од аеродром до хотел и од хотел до аеродром;
- 3 ноќевања во хотел на база ноќевање со појадок;
- Трошоци за организација на патувањето.
| ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО: |
- Картичка за јавен транспорт – 26 € по лице (опционално);
- Факултативни излети;
- Градска туристичка такса;
- Патничко осигурување (задолжително);
- Индивидуални трошоци на патниците.
ID072
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |