Tour overview

GRAND ROYALE 4* – БАНСКО
ЗИМА 2026/2027

Банско, Бугарија – Апартманскиот комплекс „Grand Royale“ е вистински избор за семејства и друштва што сакаат повеќе простор и слобода на одмор. Се наоѓа на околу еден километар од гондолата, а до неа ве носи бесплатен ски-шатл. До живописното старо Банско, со калдрмисаните улички и традиционалните меани, стигнувате со кратка прошетка.

Апартманите во „Гранд Ројал“ се со една или две спални, посебен дневен дел и балкон, а располагаат и со фрижидер и микробранова печка. По скијањето ве чека спа центарот со затоплен внатрешен базен (30–32°C), детски базен, џакузи, финска и инфрацрвена сауна и парна бања. За најмалите има детско катче и игротека, а вечерта можете да ја завршите во ресторанот или лоби барот.

ЗОШТО „GRAND ROYALE“?
  • Цени по апартман, а не по лице – одлично за семејства и друштва;
  • Едноспални и двоспални апартмани со дневен дел, балкон, фрижидер и микробранова;
  • Спа центар: затоплен базен, детски базен, џакузи, сауни, парна бања и фитнес – вклучено во цената;
  • Бесплатен шатл до жичарницата и бесплатен паркинг;
  • Бонус ноќевања (7=6, 6=5, 14=12) во декември, март и април;
  • Детско катче и ски-гардеробер.
РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА И БОНУСИ
  • 10% попуст за резервација и уплата до 15.10.2026;
  • 5% попуст за резервација и уплата до 15.11.2026;
  • Попустот за рана резервација не важи за престој во периодите 01.12–22.12.2026 и 29.12.2026–03.01.2027 и не се однесува на доплатата за полупансион;
  • Бонуси 6=5, 7=6 и 14=12 за престој во периодите 01.12–22.12.2026 и 28.02–03.04.2027 (важат и за полупансион);
  • Попустот за рана резервација може да се комбинира со бонусите.
ЦЕНОВНИК ЗИМА 2026/2027
Цените се по апартман за 1 ноќевање на база НОЌЕВАЊЕ СО ПОЈАДОК
Тип на сместување 01.12–22.12.2026
14.03–03.04.2027
04.01–05.02.2027
28.02–13.03.2027
23.12–28.12.2026
06.02–27.02.2027
29.12.2026–03.01.2027
Едноспален апартман (2+2) 87€ 126€ 145€ 177€
Двоспален апартман (4+2) 158€ 237€ 274€ 338€
Доплата за полупансион 26€ по возрасен / 13€ по дете (3–12.99 год.) на ден
Попусти за деца и дополнително легло:
  • Дете до 2.99 год. – 9€ на ден (и за ноќевање со појадок и за полупансион);
  • Деца од 3 до 12.99 год. на дополнително легло – 50% попуст од цената за возрасен;
  • Возрасен на дополнително легло – 30% попуст од цената за возрасен;
  • За сместување во двоспален апартман се плаќаат минимум 4 полни цени.
Во цената е вклучено:
  • Ноќевање со појадок;
  • Превоз до жичарницата (според распоред);
  • Користење на внатрешен базен (30–32°C), џакузи, финска сауна, инфрацрвена сауна, парна бања, релакс зона и фитнес;
  • Детско катче;
  • Ски-гардеробер;
  • Паркинг;
  • Интернет.
Во цената не е вклучено:
  • Доплата за полупансион – 26€ за возрасни, 13€ за деца од 3 до 12.99 год. на ден;
  • Новогодишна вечера (задолжителна) – 120€ за возрасни, 60€ за деца;
  • Божиќна вечера на 25.12.2026 – 45€ за возрасни, 22€ за деца;
  • За празничните вечери не се плаќа доплата за стандардна вечера, само празничната;
  • Туристичка такса – 1€ по лице на ден за возрасни и деца над 2 год.;
  • Масажи и спа третмани;
  • Сè она што не е наведено во „Во цената е вклучено“.

ID0

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:


Download pdf brochure