Tour overview
Неа Плагија е мало и мирно летувалиште на западниот брег на Халкидики, во близина на Неа Мудања и пред почетокот на Касандра, на околу 60 км од Солун. Низ целото место се протега убава песочна плажа долга околу 4 км, со постепен влез во морето, а со соседната Неа Флогита е поврзана со пешачка патека покрај морето. Во местото има таверни, кафулиња, маркети и пекари, а зајдисонцата се особено убави.
Вилата „Thalassa Beach“ е одлична вила во строгиот центар на Неа Плагија, на главното шеталиште, на околу 40 метри од плажата. Апартманите се на првиот кат и сите имаат страничен поглед на морето. Вилата е од А категорија, има пешкири, а паркирањето е можно на улицата покрај вилата.
15% ПОПУСТ ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 31.01.2027
10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ СО АВАНС ДО 31.01.2027 |
Попустите важат само за лица што плаќаат цела цена. Цените на термините означени со ѕвездичка се промотивни, односно не подлежат на попуст.
| Термин |
1/2+2 Апартман |
1/4 Дуплекс |
| 20.05.2027* |
135 € |
140 € |
| 30.05.2027 |
135 € |
140 € |
| 09.06.2027 |
180 € |
190 € |
| 19.06.2027 |
220 € |
230 € |
| 29.06.2027 |
265 € |
275 € |
| 09.07.2027 |
295 € |
310 € |
| 19.07.2027 |
350 € |
365 € |
| 29.07.2027 |
350 € |
365 € |
| 08.08.2027 |
350 € |
365 € |
| 18.08.2027 |
315 € |
330 € |
| 28.08.2027 |
240 € |
250 € |
| 07.09.2027 |
190 € |
195 € |
| 17.09.2027 |
150 € |
155 € |
Цената е по лице за 10 ноќевања, без превоз.
КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕДОТ Е ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА
СМЕСТУВАЊЕ ОД 16:00, А НАПУШТАЊЕ НА ЕДИНИЦИТЕ ДО 09:00 ЧАСОТ (ЛОКАЛНО ВРЕМЕ)
ПОСТЕЛНИНАТА СЕ МЕНУВА ЕДНАШ ЗА ВРЕМЕ НА ПРЕСТОЈОТ
ВИЛАТА ИМА ПЕШКИРИ
Сместувачки капацитети:
1/2+2 Апартман – околу 35 м² + тераса: добро опремена кујна со трпезариска маса (голем фрижидер со замрзнувач, шпорет со рерна, машина за садови), дневен простор со две софи (два лежаја, нешто помали од стандардните), спална соба со два стандардни лежаја и плафонски вентилатор, бања со када и голема покриена тераса со гарнитура за седење. Има Wi-Fi, TV, комарници и клима уред во дневниот простор. Цената е по лице кога во апартманот се 4 лица.
1/4 Дуплекс – околу 40 м² + тераси: добро опремена кујна со трпезариска маса и софа (голем фрижидер со замрзнувач, шпорет со рерна), две спални соби со по два стандардни лежаја, бања со када и две големи покриени тераси со гарнитура за седење. Има Wi-Fi, TV, комарници и два клима уреда (во дневниот простор и во едната спална соба), а другата спална соба има плафонски вентилатор.
- 10 ноќевања во апартман или дуплекс во вилата Thalassa Beach;
- Услуги на претставник на агенцијата во местото на престој;
- Превоз;
- Меѓународно патничко здравствено осигурување;
- Климатска такса (Climate resilience fee) – 2 € по единица од ноќ, се плаќа на лице место;
- Индивидуални и останати трошоци на патникот;
– Дете до 7 години без посебен лежај не плаќа сместување;
– Сите лица што користат лежај плаќаат цена по лице од табелата, според бројот на лица во единицата;
– Софите во 1/2+2 апартманот се за деца до 12 години (до 15 години на барање);
– Доплата за едно возрасно лице во единица (1/1) е 80% од цената во табелата;
– Патниците минимум 24 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
– Кога има акциски попуст, или кога едната смена е со звездичка на втората смена НЕ се одобрува дополнителен попуст;
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21 ) пред поаѓање;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства ) само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените ( зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во случај на направена поголема штета во АПАРТМАНИТЕ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
– Хигиената во единиците за време на престојот ја одржуваат самите гости;
– Организаторот не гарантира кат, поглед и број на единица, освен ако тоа не е наведено во ценовникот;
– Можна е промена на распоредот на лежаите; организаторот гарантира само договорениот број лежаи;
– Креветите во Грција се потесни од нашите: стандарден кревет е широк 75–90 cm, а француски 110–140 cm;
- Превозот не е вклучен во цената – информации за цената на превозот во агенција;
ID081
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |