Tour overview

Дуплекс апартман „МИА 1“ се наоѓа на 20 метри од песочната плажа на Неа Флогита. Апартманот се наоѓа на први кат и во својот состав има 2 спални соби, посебна дневна соба, посебна кујна, заедничко купатило, ходник и 2 балкони. Во спалните соби има по еден брачен и еден единечен кревет и по еден плакар. Во дневната соба има голема трпезариска маса со столици, гарнитура за седење, телевизор и клима уред, кој е бесплатен. Кујната е опремена со основен прибор за приготвување на храна, плотна со рерна и голем фрижидер со комора за замрзнување. Од едната спална се излегува на помал балкон (со поглед кон дворот), а од дневната соба и од кујната се излегува на другиот балкон кој што има страничен поглед кон море. Клима уред и wi-fi вклучени во цена. Агенцијата не може да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

Координати на дуплекс апартманот „Миа 1“.

 

ЦЕНИ ЗА НАЕМ НА ДУПЛЕКС АПАРТМАНОТ
ПЕРИОД НОЌЕВАЊА 1/6 ДУПЛЕКС АПП
31.05 – 07.06.2026 7 550 €
07.06 – 14.06.2026 7 670 €
14.06 – 21.06.2026 7 780 €
21.06 – 28.06.2026 7 840 €
28.06 – 05.07.2026 7 910 €
05.07 – 12.07.2026 7 940 €
12.07 – 19.07.2026 7 940 €
19.07 – 26.07.2026 7 940 €
26.07 – 02.08.2026 7 940 €
02.08 – 09.08.2026 7 940 €
09.08 – 16.08.2026 7 940 €
16.08 – 23.08.2026 7 940 €
23.08 – 30.08.2026 7 940 €
30.08 – 06.09.2026 7 890 €
06.09 – 13.09.2026 7 780 €
13.09 – 20.09.2026 7 700 €
22.09 – 27.09.2026 7 625 €
Цените се изразени во евра за плаќање во денарска противвредност 1€ = 62 денари.

 

НАПОМЕНИ
  • Туристичка такса се плаќа во агенција 4 € од ноќ од дуплекс апартман;
  • Клима уред бесплатно (ако се користи само кога гостите се во апартманот, во спротивно сопственикот има право да им  наплати по 5 евра од ден или да им ја скрати таа услуга.);
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла;
  • Агенцијата може опционално да организира превоз до место што е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот (минибусот);
  • Секој патник има право на 1 парче багаж;
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти;
  • Сопственикот на објектот го задржува правото при евентуално направена-причинета штета да изврши наплата за неа од клиентите што се сместени во моментот;
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената;
  • Сместувањето е првиот ден по 14 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден до 9 часот по локално време;
  • Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат општите услови за патување на Т.А. „Балкан експрес травел“, кои се наоѓаат на задната страна од договорот за резервација;
  • При промена на патници во резервацијата (по барање на патниците), се наплаќа 10 евра за манипулативни трошоци;
  • За важечка резервација се смета  само со уплата на 50% од целосната вредност на аранжманот, а целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање, освен ако не е поинаку назначено во условите за резервација.
ПРЕВОЗ

Има опција за организиран превоз:

  • 50 евра за возрасни – повратна карта;
  • 40 евра за возрасни – карта во еден правец;
  • 40 евра за деца до 12 години – повратна карта;

*Деца од 02 години бесплатно – не користи седиште.

ID067

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ