Tour overview
| ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО |
| 1. ДЕН 30.12.2025 СКОПЈЕ – ПРОЛОМ БАЊА |
Состанок на групата рано наутро во 05.30 часот на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања околу пладне, пречек од вработените на хотелот Радан и сместување по соби. Ручек. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на услугите од Велнес Центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.
| 2. ДЕН 31.12.2025 ПРОЛОМ БАЊА |
Појадок. Ден предвиден за организирана посета со автобус и локалет водич (дококу временските услови се поволни) до локалитетот Ѓавола Варош, мистичен споменик на природата, околу кој се врзани повеќе легенди, споменикот е избран во ТОП 77 од изборот за најголемите чуда на природата. Враќање во хотел. Ручек. Можност за користење на СПА услугите на хотелот. Предлог: 30 минути во солена соба, 30 минути во сауна и ладен туш, релаксација во џакузи. Прослава на Новата 2026та Година со свечена вечера, програма, неограничени пијалоци и жива музика! Ноќевање.
| 3. ДЕН 01.01.2026 ПРОЛОМ БАЊА |
Појадок. Во 10 часот заминување на организирана прошетка низ Пролом Бања до единствената црква брвнара во овој крај, Лазарица, позната по единствениот светски мистичен феноме, 6 стебла од сливи кои при растењето 6 пати се вртат околу себе. Враќање во хотел. Ручек. Можност за користење на СПА услугите на хотелот. Предлог: 30 минути во солена соба, 30 минути во сауна и ладен туш, релаксација во џакузи. Свечена гала вечера со неограничени пијалоци и жива музика! Ноќевање.
| 4. ДЕН 02.01.2026 ПРОЛОМ БАЊА |
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Заминување кон Македонија околу пладне. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки поапатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерни часови.
|
ПРОМО цена на аранжманот за резервации до 15.11.2025 – 429€/26.598 денари
Цена по лице за минимум 2 лица во соба
|
| Редовна цена на аранжманот 449€/27.838 денари
Цена по лице за минимум 2 лица во соба |
| ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА: |
– Автобуски превоз на наведената релација;
– Сместување во стандардни двокреветни соби;
– Исхрана на база полн пансион појадок, ручек и вечера (сите 3 оброци на база шведска маса);
– Користење на услугите од Велнес Центар: затворен базен со Пролом вода, отворено – затворен базен со Пролом вода, сауна, солена соба, џакузи, парна бања, тепидариум;
– Новогодишна вечера со жива музика и неограничени домашни пијалоци (не вклучува виски, виљамовка и премиум вина);
– Свечена гала Вечера со неограничени домашни пијалоци (не вклучува виски, виљамовка и премиум вина), богата програма и жива музика на 01.01.2026;
– Користење сала за забава (сони, пинг понг, билјард, пикадо);
– Вежби во базен.
| ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА: |
– Патничко и здравствено осигурување;
– Масажи;
– Индивидуални трошоци.
| ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ: |
– Дете до 6,99 год во придружба на 2 возрасни ГРАТИС во хотел плаќа само превоз 35€/2.170ден;
– Деца од 7 до 12 год. во придружба на 2 возрасни плаќаат 50% од цената на возрасен;
– Излет до Ѓавола Варош со локален водич со автобуски превоз и влезница – 5€ (доплата на лице место);
– Доплата за еднокреветна соба 45 евра на цената на аранжманот.
| НАПОМЕНА: |
– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта;
– За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници;
– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање;
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција;
– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62 мкд.;
– Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни соби за најмалку 2 лица во соба;
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите;
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување;
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба;
– За ова патување важат општите услови за патување на Т.А. Балкан експрес травел и СКТМ.
ID 025
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |
| ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ: |




