Tour overview
08.10 – 13.10.26
Тоскана – Многумина Тоскана ја сметаат за најубавиот дел од Апенинскиот Полуостров, поради нејзините 120 заштитени зони со бајковита природа, прекрасните селца и, најмногу, градовите со исклучителна архитектура. Тоа е колевка на ренесансата, каде што во периодот од 14 до 16 век твореле филозофи и уметници како Данте, Микеланџело и Леонардо да Винчи, а голем дел од нивното наследство е заштитено од УНЕСКО.
| ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО |
| ПРВ ДЕН: 08.10.2026 (ЧЕТВРТОК) СКОПЈЕ – ИТАЛИЈА |
Состанок на групата околу 11:00 часот на паркингот кај хотел Континентал. Поаѓање за Италија околу 11:30 часот. Патување преку Србија, Хрватска и Словенија, со попатни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола. Ноќно возење.
| ВТОР ДЕН: 09.10.2026 (ПЕТОК) БОЛОЊА – МОНТЕКАТИНИ |
Попатно посета на Болоња (времето на пристигнување зависи од попатните околности) и пешачки разглед на градот, со универзитетскиот дел, средновековните градби и фонтаната на Нептун. Продолжуваме кон Монтекатини, сместување во хотел и вечерна прошетка. Ноќевање.
| ТРЕТ ДЕН: 10.10.2026 (САБОТА) ЧИНКВЕ ТЕРЕ – ПИЗА |
Појадок во хотел. Факултативна целодневна посета на најпознатите селца на италијанската ривиера, со разглед на регионот со водич. Ги посетуваме Чинкве Тере, петте селца заштитени од УНЕСКО, а има и слободно време за капење на плажата во Монтероссо. Во вечерните часови одиме во Пиза и ги разгледуваме Пиаца деи Мирачоли (Плоштадот на чудата), катедралата, Кривата кула и гробиштата Санто. Враќање во хотел. Ноќевање.
| ЧЕТВРТ ДЕН: 11.10.2026 (НЕДЕЛА) СИЕНА – САН ЏИМИЊАНО |
Појадок во хотел. Факултативен целодневен излет во градовите Сиена и Сан Џимињано. Во Сиена ги разгледуваме црквата Сан Доменико, катедралата и плоштадот на познатата трка Палио. Следува Сан Џимињано, градот со 14 средновековни кули и архитектура од 13 и 14 век, со слободно време за индивидуално разгледување. Враќање во хотел. Ноќевање.
| ПЕТТИ ДЕН: 12.10.2026 (ПОНЕДЕЛНИК) ФИРЕНЦА – СКОПЈЕ |
Појадок во хотел и одјавување. Факултативен разглед на Фиренца, сместена во срцето на Тоскана на реката Арно. Ги разгледуваме Палацо Векио, катедралата Санта Марија дел Фиоре, Галеријата Уфици, мостот Понте Векио и црквата Санта Кроче. Околу 17:00 – 18:00 часот поаѓање кон Скопје. Ноќно возење.
| ШЕСТИ ДЕН: 13.10.2026 (ВТОРНИК) ПРИСТИГНУВАЊЕ ВО СКОПЈЕ |
Пристигнување во Македонија во попладневните часови.
| ПРОМОТИВНА ЦЕНА: 189 евра + задолжителен пакет факултативи 120 евра
РЕДОВНА ЦЕНА НА ПАКЕТОТ ФАКУЛТАТИВИ: 130 евра |
| Во цената на аранжманот е вклучено: |
- Автобуски превоз на дадената релација;
- 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Монтекатини или околината;
- Посета на Болоња;
- Организација со професионален туристички придружник на патувањето;
- Организирани превози од Битола, Прилеп, Црна Река (Сирков) и Велес;
| Во цената на аранжманот не е вклучено: |
- Факултативен излет Сиена и Сан Џимињано (трансфер + водич) – 50 €;
- Факултативен целодневен излет Чинкве Тере и Пиза (со картичка за воз до петте селца, трансфер + водич) – 50 €;
- Факултативен разглед на Фиренца (со водич) – 30 €;
- Доплата за еднокреветна соба – 70 % од цената на аранжманот;
- Резервирано седиште во автобусот – 20 € по лице (освен првиот ред);
- Туристичка такса во хотелот – 3 € по лице на ден;
- Влезници за музеи и објекти;
- Патничко – здравствено осигурување;
- Индивидуални трошоци;
| НАПОМЕНИ: |
Промотивната цена од 189 евра важи со задолжителна резервација на пакетот факултативи од 120 евра (редовна цена 130 евра).
- За реализација на аранжманот се потребни минимум 40 патници;
- Агенцијата го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 5 дена пред тргнување, доколку нема доволен број пријавени патници;
- Попуст за деца од 2 до 10 години од 10 %, доколку се сместени во соба со двајца возрасни; децата над 10 години плаќаат како возрасни;
- Распоредот на седиштата го определува агенцијата;
- Потребна е копија од пасош со важност од минимум 3 месеци; за малолетни лица е потребна документација со согласност од родителите;
- Сместувањето во хотелот е по 14:00 часот првиот ден;
- Појадокот е континентален, во форма на шведска маса со ограничен избор;
- Во случај на отказ се наплатува административен трошок од 10 € по лице, а детален распоред на отказните проценти е даден во општите услови;
- За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Балкан Експрес
ID040

