Tour overview

Фурка е мало симпатично место на полуостровот Касандра на Халкидики, на околу 100 километри од Солун. Има песочна плажа со кристално чиста вода во зелено-сина боја, поради четинарите во околината. Наместо шеталиште покрај морето, Фурка има голем и убаво уреден плоштад со кафулиња, продавници, ресторани и игротеки за деца, а во местото има и два супермаркети. За поголем шопинг и ноќен живот, Калитеа е на само 10 километри, а во близина се и Ханиоти, Сивири и Неа Скиони. Фурка е одлично одморалиште за мирен летен одмор, без туристички гужви.

Хотелот „Akropolis“ 3* се наоѓа во Фурка, на околу 250 метри од најблиската песочна плажа, каде има сопствен бар со лежалки и чадори што гостите можат да ги користат со задолжителна потрошувачка во барот. Комплексот се состои од три згради, поврзани со главната зграда во која се наоѓа ресторанот. Над рецепцијата има тераса со маси и столици, од која се пружа прекрасен поглед на морето и на местото – одлично место за уживање во зајдисонцето. Во уредениот двор гостите имаат на располагање базен со бар, со бесплатни лежалки и чадори. Хотелот нуди ноќевање, ноќевање со појадок или полупансион, а за гостите е обезбеден и паркинг простор.

Координати на Хотел „Акрополис“;

20% ПОПУСТ ЗА РАНА УПЛАТА ДО 30.11.2026

Цените во табелата се редовни; со уплата до 30.11.2026 се намалуваат за 20%.

За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст.

Термин Ноќевање 1/4 апартман 1/3 студио
22.05.2027 7 290 € 250 €
29.05.2027 7 330 € 290 €
05.06.2027 7 370 € 320 €
12.06.2027 7 390 € 350 €
19.06.2027 7 450 € 400 €
26.06.2027 7 530 € 470 €
03.07.2027 7 560 € 500 €
10.07.2027 7 670 € 590 €
17.07.2027 7 750 € 680 €
24.07.2027 7 750 € 680 €
31.07.2027 7 750 € 680 €
07.08.2027 7 750 € 680 €
14.08.2027 7 750 € 680 €
21.08.2027 7 730 € 660 €
28.08.2027 7 630 € 580 €
04.09.2027 7 500 € 450 €
11.09.2027 7 400 € 360 €
18.09.2027 7 290 € 250 €

ЦЕНИ ПО СТУДИО / АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА (НАЕМ, БЕЗ ИСХРАНА), БЕЗ ПРЕВОЗ

ИНФО ЗА ПРЕСТОЈОТ

ЦЕНАТА Е ЗА НАЕМ НА СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН ЗА 8 ДЕНА / 7 НОЌЕВАЊА
ВО ЦЕНАТА СЕ ВКЛУЧЕНИ КЛИМА УРЕД И БЕЗЖИЧЕН ИНТЕРНЕТ
ЗА ТЕРМИНИТЕ ОД 19.06.2027 ДО 28.08.2027 ПОЈАДОКОТ Е ЗАДОЛЖИТЕЛЕН – ДОПЛАТА 10 € ПО ЛИЦЕ ДНЕВНО; ДЕЦА ДО 5,99 ГОДИНИ – БЕСПЛАТНО
СМЕСТУВАЊЕ ПОСЛЕ 14:00, А НАПУШТАЊЕ НА СОБАТА ДО 09:00 ЧАСОТ (ЛОКАЛНО ВРЕМЕ)

Сместување:
1/3 студио – брачен и единечен кревет; за три возрасни лица и дете до 11,99 години;
1/4 апартман – две спални соби, едната со брачен, а другата со два единечни кревети; за четири лица;
Сместувачките единици се на приземје, прв или втор кат и имаат кујна, купатило, балкон, клима уред, телевизор и бесплатен Wi-Fi.
Чистењето и менувањето на постелнината и крпите се врши на половина од престојот.

НАПОМЕНИ

– Цените се дадени по студио/апартман, за 7 ноќевања (наем, без исхрана), без превоз;
– За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст;
– Патниците минимум 24 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане. Првиот и последниот ден патниците сами го пренесуваат багажот од местото на запирање до објектот;
– Секој патник има право на 1 парче багаж до 20 кг и 1 рачен багаж; секој дополнителен куфер се доплаќа 10 €;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства ) само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените ( зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Препорачуваме патничко осигурување; може да се направи и осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
– Туристичката такса од 2 € по соба дневно се плаќа на рецепција во хотелот.

ПРЕВОЗ

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики

  • Скопје (Дрводекор) – 50 евра по лице
  • Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 65 евра по лице
  • Велес (бензинска пумпа Мотел Македонија) – 50 евра по лице
  • Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 50 евра по лице
  • Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 50 евра по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:

  • Битола (Автобуска станица Транскоп – на перон) – 45 евра по лице
  • Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола – 45 евра по лице
  • Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола – 55 евра по лице
  • Охрид (БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 55 евра по лице
  • Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 55 евра по лице
  • Деца од 2-11,99 год – Попуст од 10 евра од редовната цена
  • Деца до 1,99 год – бесплатно и не користат седиште

Поаѓање од Фурка за Македонија: во 14:45 часот по грчко, односно 13:45 часот по македонско време.

ID040

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:
Download pdf brochure