Tour overview
Вила “ISI Lux” се наоѓа нa 20m oд плажа во централниот дел на Потидеа каде што е најширока плажата, веднаш пред хотел “Potidea Golden Beach”. Вилата е изградена во 2017 год и е на два спрата (високо приземје и први кат). Има прекрасно уреден двор со парк и масички со столчиња / кујна и скара кои се на располагање на гостите. Во близина на вилата на околу 50м има супермаркет.
Структура и распоред на студија и апартмани: 1/3 студија и /2+1/ апартман со една спална за 3 лица (брачен кревет+едно легло во кујната), дуплекс апартман со две одделни спални соби 2+2 за 4 лица (брачен во двете спални) на I-ви кат. Студијата се на високо приземје и I-ви кат /апартманите со една и две спални соби се на I кат. Сите се опремени со комплетно нов мебел, кујна (со прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер…), тоалет, крпи за лице и тело, клима (вклучена во цената), ТВ, бесплатен Wi-Fi интернет, гардеробер, балкон со масичка и столчиња. Гостите со сопствени возила може да паркираат пред вилата доколку има слободен паркинг или на 50м од вилата има паркинг. Ви посакуваме пријатен престој.
Координати: 40.191784, 23.334865
| ТЕРМИН |
НОЌИ |
1/3 Студио |
| 30.05.2026* |
7 |
175€ |
| 06.06.2026* |
7 |
215€ |
| 13.06.2026* |
7 |
255€ |
| 20.06.2026* |
7 |
305€ |
| 27.06.2026 |
7 |
565€ |
| 04.07.2026 |
7 |
605€ |
| 11.07.2026 |
7 |
655€ |
| 18.07.2026 |
7 |
715€ |
| 25.07.2026 |
7 |
715€ |
| 01.08.2026 |
7 |
715€ |
| 08.08.2026 |
7 |
715€ |
| 15.08.2026 |
7 |
715€ |
| 22.08.2026 |
7 |
655€ |
| 29.08.2026* |
7 |
325€ |
| 05.09.2026* |
7 |
285€ |
| 12.09.2026* |
7 |
235€ |
| 19.09.2026* |
7 |
185€ |
- – Цените СО * се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
- – Цените БЕЗ * за 7 ноќи/8 дена се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
- – Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- – При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- – Во студио или апартман со една спална плаќаат минимум 2 лица | 3-то лице се сместува БЕСПЛАТНО, плаќа само превоз доколку користи;
- – Во дуплекс апартман со две одделни спални соби плаќаат минимум 4 лица во термините по лице со превоз;
- – Во студио/апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години – БЕСПЛАТНО;
- – Поради генерално чистење на студијата/апартманите после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
- – Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
- – Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
- – Превозот ги остава патниците пред вилата доколку е можно да влезе минибус, доколку се патува со автобус НЕ е можно и ги остава/зема кај стадионот. Околу 400м од вилата;
- – Wi-Fi интернет и КЛИМА – БЕСПЛАТНИ!!
- – Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НЕ важат за првиот и последниот термин.
- – За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
- – За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (СО *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
- – Доплата за туристичка такса – 2€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект);
- – Доплата за превоз: 50€ за возрасни / 40€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
- – Доплата за патничко осигурување (информации во агенција).
ID009
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |
Download pdf brochure