Tour overview

Прага – раскошната убавица, место со прекрасни пејзажи какви што нема никаде на светот. Сместена во срцето на Европа, плени со својата архитектура и традиција. Таа е значајна раскрсница на уметноста и науката. Главен град на Чешката Република, позната како златен град, град на стотици кули, град на мостови, град на пивото…

Лежи на брегот на реката В’лтава, најголемата река во Чешка, која градот го дели на четири дела (Стар Град, Нов Град, Храдчани и Мала Страна). Многу уметници го опишале овој магичен град во своите дела меѓу кои се вбројуваат Бедриж Сметана, Антониј Дворжак, Франц Кафка.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:
ПРВ ДЕН 07.12 (САБОТА)-08.12 (НЕДЕЛА) | СКОПЈЕ – ТИРАНА – ПРАГА

Состанок на групата пред хотел Континентал во договорено време на 07.12.2024 и поаѓање за Тирана. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување на аеродромот во Тирана три часа пред летот кој полетува за Прага во 10:00 часот и слетува во 12:10 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотелот и сместување во собите после 14:00 часот.

Денот започнува со пешачка тура од Карлов Мост, прекрасна средновековна градба која нуди прекрасен поглед на реката Влтава и градот. Мостот го поврзува Стариот град со Малиот град (Мала Страна). Продолжуваме кон Староградскиот плоштад каде е лоциран познатиот астрономски часовник, Црквата “Дева Марија пред Тин” и разни историски градби меѓу кои спаѓаат и Еврејскиот музеј кој ја крие долгата историја на градот. Слободно време за уживање во божиќните пазари/ресторани.

Во вечерните часови враќање назад во хотел и ноќевање.

ВТОР ДЕН 09.12 (ПОНЕДЕЛНИК) | ПРАГА (Прашки град, Петрин и Мала Страна)

Појадок. По појадокот, се упатуваме кон величествениот Прашки град (или Прашкиот Замок), најголемиот антички замок во светот каде се наоѓаат катедралата Свети Витус, Кралската палата и живописната улица со мали историски куќи. По обиколка на замокот, се упатуваме кон Мала Страна (Малиот град), шармантна област со барокна архитектура. Ќе го посетиме и ѕидот на Ленон, што одразува почит кон Џон Ленон како симбол на мирот и слободата.
Во попладневните часови, прошетка низ ридот Петрин, кој нуди панорамски поглед на Прага. Тука е лоцирана и кулата Петрин, мини реплика на Ајфеловата кула. Можност за ручек во некоја традиционална чешка таверна во Мала Страна. Продолжуваме кон „Dancing house“ – познатата крива зграда во Прага како знак за слобода, каде се наоѓа и тераса со 360 степени панорамски поглед кон Прага, каде ќе уживаме во зајдисонцето и во некое од чешките традиционални пива. Слободно време за уживање во божиќните пазари.

Враќање назад во хотелот и ноќевање.

ТРЕТ ДЕН 10.12 (ВТОРНИК) | ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ – ПРАГА

Појадок. По појадокот, се упатуваме кон Карлови Вари, еден од најпознатите бањски градови во Чешка, познат по топлите извори и прекрасната архитектура. Посета на Бањата на 12-те извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка, музејот на Бехеровка… и да уживате во романтична прошетка низ ова неверојатно инспиративно градче. Слободни активности до пред тргнување. Во доцните попладневни часови враќање во Прага.

Ноќевање.

ЧЕТВРТИ ДЕН 11.12  (СРЕДА) | ПРАГА – БРАТИСЛАВА – СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот одјавување од хотелот и со воз се упатуваме кон Братислава каде пристигнуваме во попладневните часови. Разглед на старото градско јадро на Братислава, познатиот средновековен главен плоштад со Роландовата фонтана, Михалската порта, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Словачкиот национален театар и барокната Палата Palffy каде што Моцарт ги изведувал своите дела. Слободно време за ручек во стариот дел на градот (Old Town). Посета на традиционалниот божиќен базар и можност да ги пробате нивните најпознати божиќни специјалитети.

Во доцните попладневни часови се упатуваме кон аеродромот во Братислава со пристигнување три часа пред летот кој полетува во 23:25 часот и слетува во Скопје во 00:55 часот.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА: 459 € / 28.458 МКД
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  499 € / 30.938 МКД
Во цената на аранжманот е вклучено:
  • Трансфер на релација Скопје – Тирана;
  • Авионски превоз Тирана – Прага и Братислава – Скопје;
  • Аеродромски такси – подложни на промена;
  • Рачен багаж – ранче (40cm×30cm×20cm);
  • Трансфери од аеродром до хотел;
  • 3 ноќевања во хотел на база ноќевање со појадок;
  • Карта за воз на релација Прага – Братислава;
  • Трошоци за организација на патувањето;
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
  • Картичка за локален превоз во Прага (72 часа) – 15 € по лице;
  • Факултативни излети(Посета на Карлови Вари, посета на Прашки град, Петрин и Мала Страна);
  • Влезници во објекти се со доплата;
  • Градска туристичка такса;
  • Патничко осигурување (задолжително);
  • Индивидуални трошоци на патниците;
НАПОМЕНИ:
  • Цената е изразена во евра со денарски курс од 62,00 ден;
  • При пријавување и склучување на договорот се уплаќа аконтација од 50% од вкупниот износ и најдоцна 15 дена пред датумот на патување се доплаќа остатокот;
  • Плаќањето може да биде готовинско, со платежни картички или на фактура;
  • За програмата важат Општите Услови на патување на СКТМ и Т.А. БАЛКАН ЕКСПРЕС ТРАВЕЛ;
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето;
  • ТЕРМИНИТЕ и ЦЕНИТЕ на аранжманот се подложни на промени и се согласно моментална расположливост;
  • Распоредот на активностите е подложен на промени согласно можностите и временските услови;
  • За реализација на патувањето е потребен минимален број од 10 патници. Доколку минималниот број на патници не се исполни патниците патуваат без придружник од агенцијата, но со сите потребни информации за патувањето, рутите на движење, информации за превозните средства кои ќе се користат и достапност за консултации и прашања за време на целото патување;
  • Кај аранжманите кои вклучуваат авио превоз, по купувањето на картата не е возможна рефундација на истите и во тој случај важат условите на авио компанијата;
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со low cost авио компанија, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекцијата, патниците се должни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет;
  • Цените со low cost аранжмани подложни се на промени и по уплатата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот;
  • Агенцијата не сноси одговорност за промени на конекциите на авио компаниите;
  • Наведените саатници на летовите во програмата подложни се на промени и зависат од авио компанијата;
  • Пред секое патување Ве молиме, внимателно да ги прочитате Општите услови за патување на БАЛКАН ЕКСПРЕС ТРАВЕЛ и СКТМ, бидејќи тие се дел од секоја Програма и Договор за патување;

ID072

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.

ФОТОГРАФИИ