169€
  • 8-ми Декември
  • Опис
  • Локација
  • Фотографии

Tour overview

ПРВ ДЕН: 06.12.2025 (сабота) СКОПЈЕ – ВРЊАЧКА БАЊА

Состанок на групата на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните) рано наутро во 05.30 часот. Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патот води преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Врњачка Бања околу пладне и сместување во хотел Фонтана 4*. Кратко време за одмор и освежување од патувањето и заминување на информативна прошетка и пешачки разглед на Врњачка Бања: Мостот на Љубовта, изворот Топла Вода, Римските извори, изворот Снежник, изворот Језеро и изворот Слатина… По разгледот враќање во хотел, слободно попладне за одмор, релаксација и користење  на СПА содржините на хотелот.

Ноќевање.  

ВТОР ДЕН 07.12.2025 (недела) ВРЊАЧКА БАЊА – ЖИЧА – ВРЊАЧКА БАЊА

Појадок. Moжност за  факултативна посета на манастирот Жича.  Манастирот со потекло од првата половина на 13от век, познат е по тоа  што тука бил крунисан тогашниот прв крал на Србија, Стефан Немања, братот на Свети Сава. Внатрешноста на црквата е облагородена со фрески кои водат потекло од раниот 13ти век и припаѓаат на т.н. Златно доба на српското сликарство. Манастирот заради своето особено значење денес е заштитен како споменик на културата на Србија. Враќање назад во хотелот, слободно време за индивидуални активности, релаксација и одмор, можност за користење на СПА содржините вклучени во цената.  

Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН 08.12.2025  (понеделник) ВРЊАЧКА БАЊА – СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување за Македонија. Во договорено време со водичот на групата заминување кон Македонија. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце, со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Планирано пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ПРОМО цена за пријава до 15.11.2025 – 169€/10.478ден 
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 179€/11.098ден 
Во цената на аранжманот е вклучено:

– Превоз со високотуристички автобус на наведената релација

– Сместување во хотел Фонтана 4* во центарот на Врњачка Бања во СУПЕРИОР соби

– Организирана прошетка и разглед низ Врњачка Бања

– Исхрана на база 2 ноќевања со поjaдок (опционална доплата за вечера 15€ по лице од ноќ)

– Секојдневно користење на Велнес и Спа центар

– Wi-Fi интернет пристап на јавни површини и во соби;

– Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

– Задолжително патничко и здравствено осигурвање;

– Доплата за туристичка такса 5€/310 ден по лице за 2 ноќи (доплата во агенција);

– Факултативна посета на манастирот Жица 5€ (доплата на лице место)

Попусти и опционални доплати:
– Дете до 6,99год во придружба со 2 возрасни бесплатно во хотел (без сопствено легло) доплаќа само за превоз
35€/2.170ден
– Доплата за еднокреветна соба 40€/2.480ден на цената на аранжманот

НАПОМЕНИ:

– За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта.
– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
– Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата.
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата во случај на потреба.  
– За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ и ТА Балкан Експрес Травел.

       ID025

Download pdf brochure

Коментари

Leave a Review

СЛИЧНИ ПОНУДИ

ГРЦИЈА - ХОТЕЛИ

Hotel Bellagio 3* | ФУРКА | 2026

Хотелот се наоѓа на прекрасна локација, опкружен со бујна зелена борова шума и зеленило, на...

Понуда Види повеќе

Вила MIHALIS | КРФ, ИПСОС | 2026

Вилата Михалис се наоѓа во мирниот дел на Ипсос на 250 метри од плажата. Вилата...

Понуда Види повеќе
ГРЦИЈА – АПАРТМАНИ

Вила MINA LUKS | ИПСОС, KРФ | 2026

Вила „Мина Лукс“ се наоѓа на 150 метри од плажата и се состои од две...

17% Discount
169€139€ Види повеќе