Tour overview

Ксaмил е место со прекрасни егзотични плажи и величенствено тиркизно море на ривиерата на Јужна Албанија. Затоа, ставете го Ксамил во прв план за вашиот следен одмор и нема да зажалите бидејќи ќе уживате во одлична храна, долги сончеви денови, пливање и рибарење … и покрај големата побарувачка и посетеност сепак сето тоа го добивате за разумна цена, за разлика од другите познати туристички места.
Островите се приказна за себе. Една од плажите е оддалечена нецели 100 метри од најблискиот остров, па до него може да стигнете со пливање. Островот нема плажа, има неколку лежалки на сплав, но задоволството да се исплива до островот е и повеќе од доволно. До пооддалечениот остров секојдневно пловат моторни чамци. Погледот вреди милиони, тивкиот ветер и мирното море кое ви дава спокојство е вистинско место за уживање и релаксација. Зајдисонцето пак, ќе ве остави без здив. Топлите портокалови зраци кои полека го најавуваат крајот на летото ќе ве остават без здив.
Вила КЛЕОН е нова вила која што e во сопствен закуп на т.а.ОРБИТА и се наоѓа на само 100 метри од прекрасната плажа Bella Vista и на околу 100 метри од центарот на Ксамил. Pасполага со двокреветни со дополнително легло, трокреветни соби и трокреветни соби со дополнително легло на приземје, со комплетно опремена сопствена кујна, купатило, балкон, клима, WI-FI.

-15% за резервации до 31.01.2024
-10 % за резервации до 29.02.2024
-5 % за резервации до 30.04.2024
со уплата од минимум 30% и доплата до 15 дена пред тргнување!
ВИЛА КЛЕОН
Термин Ноќевања 1/2 студио 1/3 студио
01.06 – 08.06 7 159 179
08.06 – 15.06 7 189 209
15.06 – 22.06 7 219 239
22.06 – 29.06 7 249 269
29.06 – 06.07 7 319 339
06.07 – 13.07 7 359 379
13.07 – 20.07 7 399 409
20.07 – 27.07 7 399 409
27.07 – 03.08 7 399 409
03.08 – 10.08 7 399 409
10.08 – 17.08 7 399 409
17.08 – 24.08 7 379 399
24.08 – 31.08 7 329 349
31.08 – 07.09 7 219 239
07.09 – 14.09 7 199 219

 Цените се за НАЕМ на СТУДИО за 7 ноќевања.

НАПОМЕНИ:
  • ДОПЛАТА ЗА + 1 ДОПОЛНИТЕЛНО КРЕВЕТЧЕ ЗА ДЕТЕ ДО 15 ГОДИНИ Е 5 ЕВРА НА ДЕН!!!
  • За аранжманите купени со попуст НЕ Е дозволено: промена на дата, име и презиме на патниците по извршената уплата, во случај на промена важат редовните цени и се доплаќа до износот;
  • Деца до 5.99 години дозволено да спие со родител на еден кревет;
  • Климата е вклучена во цената;
  • Собите се преземаат во 12:00 часот, а се напуштаат во 08:00 часот по локално време;
  • За хигиената на собите се грижат гостите;
  • За промена на постелнината се грижи одговорно лице на барање на гостите.
ПЛАЌАЊЕ:
  • Плаќањето е во денари по курс 1 евро – 62мкд;
  • Уплата при резервација 30% од вкупната сума, доплатата минимум 10 дена пред поаѓање;
  • За раните попусти уплатата треба да се плати вкупната сума до одредениот датум. 
ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕТО:
  • 1/2 – Студио на приземје
    • Студиото е 18м2, има голем брачен кревет, балкон, поглед на градината, комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
    • Максимален капацитет: 2 возрасни + 1 дете до 4,99 години + 1 дете до 14,99 години на дополнителен кревет со доплата од 5 евра на ден.
  • 1/3 – Студио на приземје
    • Студиото е 22м2, има голем брачен кревет + единечен кревет, балкон, поглед на градината, комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
    • Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 4,99 години + 1 дете до 14,99 години на дополнителен кревет со доплата од 5 евра на ден.

Агенцијата како оргранизатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата.

ПОПУСТИ:
  • За уплатени два последователни термини 7+7 ноќевања одобруваме 7% попуст на вториот термин;
  • Не е дозволено комбинирање на попустот за рана уплата со другите попусти!
ПРЕВОЗ:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Ксамил преку Грција:

-Скопје (Дрводекор) -Трансфер до Битола 65€ по лице

-Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес – 80€ по лице

-Велес (бензинска пумпа, Макпетрол кружен тек) – 65€ по лице
-Кавадарци ( Дреново бензинска пумпа, Макпетрол) – 65€ по лице

-Деца од 2-11,99год: -10еур од цената на возрасен

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Ксамил преку Грција:

-Битола (Транскоп) – 55€ по лице

-Прилеп (бензинска пумпа Luk Oil) – Трансфер до Битола – 55€

-Струга (Хотел Дрим)- Трансфер до Битола – 65€ по лице
-Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола-65€ по лице 
-Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола -65€ по лице
-Деца од 2-11,99год: -10еур од цената на возрасен

Време на поаѓање за АЛБАНИЈА:

Сатници на поаѓање: 

  • 00:00 h Скопје (Дрводекор) трансфер до Битола
  • 00:45 h Велес (бензинска пумпа Макпетрол на кружен тек) трансфер до Битола
  • 00:00 h Штип (паркинг пред пошта) трансфер до Битола
  • 01:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново) трансфер до Битола
  • 02:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил) 
  • 03:00 h Битола (автобуска Станица Транскоп на перон) 
  • 00:00 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола
  • 01:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) 
  • 01:15 h Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола 

Агенцијата го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70% или доколку настане промена на цената на горивото.

 

D 048

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
Download pdf brochure