Tour overview

Вила „Јана“ се наоѓа при самиот влез во Пефки, на првата линија до морето и почетокот од шеталиштето на околу 200м од самиот центар. Од своите содржини, вилата располага со повеќе двокреветни и трокреветни студија кои се распоредени на приземјето, првиот и вториот кат од објектот. Сите студија се со површина од околу 20м2 и во својот состав освен комплетно опремена кујна со фрижидер, електрично решо и аспиратор имаат и соодветен мебел, ТV, клима уред и балкон. Во вилата е достапен и WI-FI интернет. Студијата кои се наоѓаат во приземјето, имаат уреден простор со гарнитура за седење.

  • Објектот е „pet friendly“ и прима мали миленичиња, со претходна најава и одобрување од сопственикот на објектот.

Координати на Вилата;

10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 28.02.2026, СО 50% УПЛАТА!
ТЕРМИН НОЌЕВАЊЕ 1/2 Студио 1/2+1 Студио со поглед на море
23.05.2026 7 133€ 138€
30.05.2026 7 143€ 148€
06.06.2026 7 148€ 155€
13.06.2026 7 173€ 182€
20.06.2026 7 173€ 182€
27.06.2026 7 182€ 190€
04.07.2026 7 189€ 199€
11.07.2026 7 197€ 208€
18.07.2026 7 204€ 215€
25.07.2026 7 204€ 215€
01.08.2026 7 204€ 215€
08.08.2026 7 204€ 215€
15.08.2026 7 197€ 208€
22.08.2026 7 189€ 199€
29.08.2026 7 182€ 190€
05.09.2026 7 182€ 190€
12.09.2026 7 164€ 173€
19.09.2026 7 141€ 148€

Цените се дадени по лице за наем на студио за 7 ноќевања со вклучен превоз, за минимум 2 лица во студио/апартман.
За 3, 4 и 5 лице во студио/апартман се доплатува само превоз (за возрасен или дете)

ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕ
  • Студио бр.1, тип 1/2+1 SV (еден брачен кревет со ширина 130 и еден единечен со ширина 90 cm)
  • Студио бр.2, тип 1/2+1 SV (еден брачен кревет со ширина 130 и еден единечен со ширина 90 cm)
  • Студио бр.3, тип 1/2+1 SV (еден брачен кревет со ширина 130 и еден единечен со ширина 90 cm)
  • Студио бр.4, тип 1/1/2+1 SV (еден брачен кревет со ширина 130 и еден единечен со ширина 90 cm)
  • Студио бр.5, тип 1/1 (два единечени кревети со ширина 90 cm)
  • Студио бр. 6 тип 1/2 +1 (еден брачен кревет со ширина 130 и еден единечен со ширина 90 cm)Сите соби се опремени со кујна опремена со мини фрижидер сo комора, решо со две рингли, елемент под кујна, LCD TV, клима и маса и столчиња, (соодветен број на кревети). Прозорите имаат шибер ролетна и завеси, но немаат комарник. Тоалетот е со туш када дирекно на плочки и со прозор.
НАПОМЕНИ
  • Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековните расположиви средства (генерално сместувањето се врши по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
  • Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој. Препорачуваме користење на интернет пакет во роаминг од вашиот оператор
  • Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети. Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
  • Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
  • Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите
  • Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.* Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална опременост на објекти за сместување.
  • Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите. Секоја промена на резервација се наплатува 15 € .
  • ВНИМАНИЕ! Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, од моментот на регистрација и потврда на резервацијата. Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени во резервациите и во договорот за услуги.
  • При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
  • Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
  • За овој аранжман важат Општите услови на патување на ТА БАЛКАН ЕКСПРЕС ТРАВЕЛ Скопје кои се составен дел од Договорот за патување.
ПРЕВОЗ
Цени, време на поаѓање, места на поаѓање до/од
Скопје до 20 Јуни (Автобус+Траект) Време на поаѓање Цена
Скопје – паркинг, СРЦ “Борис Трајковски” 00:30 70€
Велес – бензиска пумпа, мотел Македонија 01:00 70€
Неготино – бензиска пумпа “Макпетрол” 01:30 70€
Смоквица – бензиска пумпа “Shell” 02:00 70€
Гевгелија – бензиска пумпа, граничен премин 02:30 70€
Цени, време на поаѓање, места на поаѓање до/од
Скопје од 27 Јуни (Автобус+Траект) Време на поаѓање Цена
Скопје – паркинг, СРЦ “Борис Трајковски” 23:30 70€
Велес – бензиска пумпа, мотел Македонија 00:00 70€
Неготино – бензиска пумпа “Макпетрол” 00:30 70€
Смоквица – бензиска пумпа “Shell” 01:00 70€
Гевгелија – бензиска пумпа, граничен премин 01:30 70€
  • Цена на повратен автобуски превоз: 70 EUR (50 EUR за дете 02 до 12 год.)
  • Цена на автобуски превоз во правец: 50 EUR
  • Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
  • Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.

ID 011

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ