Tour overview

Никити се наоѓа на северниот дел на полуостровот Ситонија помеѓу Метаморфозис и Неос Мармарас и ги разделува двата полуострови Касандра и Ситонија. Во последните неколку години ова е едно од најбараните туристички места на Халкидики. Има долга песочна плажа и кристално чиста морска вода, а на прекрасно уреденото шеталиште покрај градската плажа се наоѓаат изобилство кафе барови, ресторани и таверни. Во градот има сешто е потребно за пријатен одмор: три големи супермаркети: (Lidl, Masutis и Marinopoulos), мини маркети, месари, пекари, слатарници, лекар, аптека.

Вилата „Maria`s house“ се наоѓа во централниот дел на Никити, на само 20 метри од плажата.Располагаме со трокреветен и петкреветен апартман на прв спрат кои имаат поглед на улица и страничен поглед од тераситекон морето. Сместувачките капацитети се опремени со модерен мебел, мини кујни, телевизории клима уреди чие користење е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот. Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи. Терасите се заштитени со тенди. Сместувачките капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

Koрдинати: 40.217358, 23.665887

-5 % за 100% уплата до 25.03.2024
Вила “Maria House” – Никити
Смена: Ноќевања: 1/2+2 апартман  1/5 апартман
20.05-30.05.2024 10 350  500 
30.05-09.06.2024 10 450 600 
09.06-19.06.2024 10 600 800 
19.06-29.06.2024 10 700  900 
29.06-09.07-2024 10 750  950 
09.07-19.07.2024 10 800  990 
19.07-29.07.2024 10 800  990 
29.07-08.08.2024 10 800  990 
08.08-18.08.2024 10 800 990 
18.08-28.08.2024 10 800  990 
28.08-07.09.2024 10 750  950 
07.09-17.09.2024 10 700  900 
17.09-27.09.2024 10 500  700 
27.09-01.10.2024 4 160 200 

Апартман бр.1

Трокреветен апартман на прв спрат од вилата. Во првата просторија има голема трепезариска маса и тука се сместени елементите од кујната (електричен шпорет со рерна, аспиратор, голем фрижидер со комора, основни садови за готвење и јадење). Од оваа просторија се продолжува во друга која не е одделена со врата. Тука има еден кревет на расклопување на кој можат да спијат две деца до 10 години или едно возрасно лице, мебел, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Од оваа просторија се излегува на терасата која е долга и тесна, заштитена е со тенда и има страничен поглед на море и директен поглед на улица. Од оваа просторија се влегува во спална соба која е издвоена со врата. Опремена е со еден дупли кревет и има прозор. Купатилото е со нормална големина.

Апартман бр.2

Петкреветен апартман на прв спрат од вилата. Првата просторија е голема. Во неа има еден единечен кревет, а од истата просторија се влегува во издвоен дел каде има голема трепезариска маса и тука се сместени елементите од кујната (мини електричен шпорет со рерна, голем фрижидер со комора, основни садови за готвење и јадење). Просторијата има прозор. Од првата просторија се влегува до две посебни спални соби издвоени со врати. Тука има по еден дупли кревет, мебел, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Терасата е долга и тесна, заштитена е со тенда и има страничен поглед на море и директен поглед на улица. Купатилото е со нормална големина.

 

НАПОМЕНИ: 
  • Цените во табелата се однесуваат за наем на цел апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз (последната смена е на 4 ноќевања).
  • Туристичката агенција има право да ги продаде преостанатите капацитети по last minute понуда. Патникот нема право да бара рефундација доколку има разлика во цената.
  • Доколку патникот го откаже аранжманот кој го уплатил по early booking цена, се применуваат општите условите за отказ согласно потпишаниот договор за патување. Патникот не може да го користи истиот попуст за следен термин.
  • Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети.
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден во 09.00 часот по локално време.
  • Доплата за туристичка такса во Грција – 1,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата).
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари.
  • Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неа Флогита-Никити-Неос Мармарас.
  • Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции.
  • Цена на повратен билет – 50 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 години – 40 евра.
  • Цена за билет во еден правец 40 евра; деца од 2-12 години- 35 евра.
  • Распоредот на седење во автобусот е според датумот на уплата.
  • Напомена: Патниците се оставаат до најблиската локација до каде има пристап за превозното средство. Секој патник самостојно го пренесува својот багаж од автобусот до сместувачките капацитети. Багажот е ограничен на еден голем куфер и една мала патна торба по патник.                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                  ID047
ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004
Download pdf brochure