Tour overview

Калитеа е вистинското срце на туристичкиот живот на Касандра. Позната по своите модерни плажни клубови, убави плажи и жив ноќен живот, таа е совршена дестинација за оние што сакаат активен и динамичен одмор. Плажата е песочна, со тиркизна вода и природна сенка од околните борови, создавајќи пријатен амбиент за целодневно уживање. Околу централното шеталиште се наоѓаат продавници, бутици и маркетите за секојдневни потреби, а бројните кафулиња и ресторани нудат вкусна храна и освежителни пијалоци. Околните заливчиња и скриени плажи нудат можност за романтични прошетки и мирни моменти за релаксација, далеку од гужвата.

Вила „Ангелос“ се наоѓа на околу 10 минути пеш од песочната плажа, во самиот центар на Калитеа.

Сместување: Високо приземје и прв кат: двокреветни студија/апартмани, четирикреветни дуплекс апартмани.

  • Студио 1/2– два единечни кревети, мал фрижидер,мала кујна, бања, ТВ, тераса.
  • Апартман 1/2– два единечни кревети, одделена опремена кујна, бања, ТВ, тераса.
  • Апартман дуплекс 1/4- четири единечни кревети (по 2 во посебни соби), одделена опремена кујна, бања, ТВ, тераса.

Клима уредот е вклучен во цената.

Пешкири и хигиенски средства нема во сместувачките капацитети.

Во склоп на објектот има WI-FI интернет (за брзината и јачината на сигналот, Агенцијата не може да Ви гарантира со сигурност).

Период Ноќевања 1/2 студио 1/2 апартман 1/4 дуплекс апартман
24.05-31.05 7 109 € 149 € 219 €
31.05-07.06 7 139 € 189 € 259 €
07.06-14.06 7 169 € 229 € 299 €
14.06-21.06 7 209 € 269 € 379 €
21.06-28.06 7 239 € 309 € 429 €
28.06-05.07 7 309 € 359 € 479 €
05.07-12.07 7 329 € 399 € 519€
12.07-19.07 7 389 € 459 € 589 €
19.07-26.07 7 459 € 529 € 649 €
26.07-02.08 7 459 € 529 € 649 €
02.08-09.08 7 459 € 529 € 649 €
09.08-16.08 7 459 € 529 € 649 €
16.08-23.08 7 459 € 529 € 649 €
23.08-30.08 7 419 € 489 € 599 €
30.08-06.09 7 369 € 439 € 539 €
06.09-13.09 7 289 € 359 € 469 €
13.09-20.09 7 199 € 269 € 359 €
20.09-27.09 7 129 € 199 € 269 €

ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО или АПП за 7 НОЌИ.

Задожолжителна доплата за туристичка такса 2 € по соба на ден (се плаќа во агенција).

НАПОМЕНИ
  • Во апартманите и студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот капацитет може да се смести максимум едно дете до 5,99 години;
  • Сместувањето во апартманите и студијата е во 14:00 (по локално време);
  • Напуштање на апартманите и студијата е во 09:00 (по локално време);
  • Секоја направена штета се плаќа на лице место;
  • За хигиената во апартманите во текот на целиот престој се грижат гостите;
  • Попустот за рана уплата важи само за плаќање во готово и за целосна уплата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена;
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени;
  • Доколку се уплатат два или повеќе аранжмани , одобруваме 7% попуст, на вториот аранжман;
  • За резервација, задолжителна уплата од 30% аванс, во спротивно резервацијата е неважечка;
  • Доплата на целосната сума на аранжманот минимум 21 дена пред поаѓање;
  • Задолжително патничко осигурување;
  • Цените се изразени во EUR во денарска противвредност 1€ = 62 ден.

Важат општите услови за патувањe на T.A. Балкан Експрес Травел.

ПРЕВОЗ

Превозот се доплаќа

Повратен превоз Еден правец
Возрасен 50€ 40€
Деца од 02-12 год. 40€ 30€
Деца до 2 год. Бесплатно (без седиште) Бесплатно (без седиште)

Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.

Превозот ги симнува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус,

Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.

Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 € по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.

ID 055

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:
Download pdf brochure