Tour overview
30.12.2026 – 02.01.2027
Будва – Нова Година 2027 – Дочек на Новата година во Будва, со сместување во хотелот MB 3* во центарот на градот. Новогодишен концерт пред Стариот град со Жељко Јоксимовиќ, факултативна посета на Дубровник и излет до Котор, Тиват и Порто Монтенегро.
| ПРВ ДЕН: 30.12.2026 (СРЕДА) МАКЕДОНИЈА – БУДВА |
Поаѓање од повеќе градови во Македонија: Штип (Нова пошта) во 22:00 часот, Свети Николе (Овче Поле) во 22:20 часот, Велес (бензинска пумпа Макпетрол, кај кружниот тек на влезот) во 23:00 часот и Скопје (автобуската постројка спроти хотел Континентал) во 23:45 часот. Организиран трансфер од Струмица (бензинска пумпа Макпетрол на влезот) во 21:00 часот и од Радовиш (бензинска пумпа Лукоил) во 21:30 часот – 10 € по лице во двата правци. Ноќно возење преку Косово и Албанија, со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.
| ВТОР ДЕН: 31.12.2026 (ЧЕТВРТОК) БУДВА – ДОЧЕК НА НОВАТА 2027 ГОДИНА |
Пристигнување во Будва во претпладневните часови и сместување во хотелот MB 3*, на одлична локација во центарот на Будва. Слободно попладне за одмор и индивидуални прошетки низ Будва: кејот покрај Словенската плажа, Стариот град, цитаделата и бројните кафулиња, ресторани, бутици и галерии. Вечерта дочек на Новата 2027 година на платото пред Стариот град, со новогодишен концерт на кој, меѓу другите познати музички ѕвезди, настапува Жељко Јоксимовиќ, или дочек во некој од ресторантите и ноќните клубови (индивидуално). Факултативно: дочек во Тиват со Светлана Ражнатовиќ – Цеца (организиран трансфер 10 €). Ноќевање.
| ТРЕТ ДЕН: 01.01.2027 (ПЕТОК) БУДВА – ДУБРОВНИК – БУДВА (ФАКУЛТАТИВНО) |
Можност за целодневен факултативен излет до Дубровник, еден од најубавите стари градови на Медитеранот. Се патува преку Тиват, со траект. Со своите плоштади, катедрали, фонтани и музеи, Дубровник ја чува автентичноста од 15. и 16. век, а од градските ѕидини се пружа незаборавен поглед кон островот Локрум и Јадранското море. Слободно време за прошетка, па враќање во Будва. Вечерта реприза на новогодишната ноќ, со концерти пред Стариот град. Ноќевање.
| ПОСЛЕДЕН ДЕН: 02.01.2027 (САБОТА) БУДВА – КОТОР – ТИВАТ – ПОРТО МОНТЕНЕГРО – МАКЕДОНИЈА |
Факултативен излет до Бококоторскиот залив. Прошетка низ средновековниот Котор, опкружен со ѕидини, со тесни улички, катедралата Св. Трифун и црквите Св. Лука, Св. Ана и Пресвета Богородица – градот е под заштита на УНЕСКО. Слободно време или можност да ги пробате познатата његушка пршута, сирењето и домашното вино. Потоа продолжуваме кон Тиват и луксузниот комплекс Порто Монтенегро, често споредуван со Монако, каде што може да уживате во кафе покрај брегот, со поглед на јахтите. Во попладневните часови поаѓање кон Македонија, со попатни паузи. Пристигнување во доцните вечерни часови.
| ПРОМОТИВНА ЦЕНА: 125 евра / 7.750 денари
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 145 евра / 8.990 денари |
| Во цената на аранжманот е вклучено: |
- Превоз со туристички автобус на дадената релација;
- 2 ноќевања во хотелот MB 3* во центарот на Будва;
- Организација и реализација на програмата;
- Придружник на групата;
| Во цената на аранжманот не е вклучено: |
- Факултативен целодневен излет до Дубровник – 35 €;
- Факултативна посета на Котор, Тиват и Порто Монтенегро – 25 €;
- Организиран трансфер од Будва до Тиват на 31.12 за концертот на Цеца – 10 € (минимум 25 патници);
- Задолжителна туристичка такса – 5 € по лице за ноќ (се плаќа во агенција);
- Патничко и здравствено осигурување;
- Доплата за избор на седиште во автобусот – 20 € во двата правци;
- Влезници за музеи и културно-историски споменици;
| ПОПУСТИ И ОПЦИОНАЛНИ ДОПЛАТИ: |
- Дете од 2 до 12 години (со редовно легло и седиште во автобусот): 105 €;
- Доплата за еднокреветна соба: 90 €;
- Организиран трансфер од Струмица и Радовиш: 10 € по лице во двата правци;
За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници.
- Резервацијата се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот, а доплатата најдоцна 21 ден пред поаѓање;
- Цените се дадени во евра, а уплатата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
- Задолжителен е избор на најмалку еден од факултативните излети;
- Пасошот треба да важи најмалку 3 месеци по завршувањето на патувањето (можно е патување и со лична карта). За влез во Хрватска (Дубровник) потребен е пасош;
- Важноста на патната исправа е лична обврска на патникот;
- Патниците се должни да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на групата и да ги почитуваат насоките на организаторот во автобусот;
- Ако не се собере минималниот број патници, организаторот може да го откаже аранжманот најдоцна 5 дена пред поаѓање;
- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на програмата;
- За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Балкан Експрес
ID009
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |