Tour overview
Венеција – Господарка на Јадранот… чудесен град на вода со повеќе од 400 канали и исто толку мостви, со векови е еден од најчудесните градови што некогаш човекот ги создал…Венеција е колаж од раскошни палати на каналот Гранде, таинствени улички, канали, мостови, гондоли, повеќе од 100 фасцинантни цркви, симпатични плоштади и колоритни фасади… Најуникатен град на планетата Земја… во минатото најмоќна светска поморска и трговска сила… денес го живее истиот сјај од врвот на својата слава во 15 от век. Венеција не може никој да Ви ја прераскаже… едноставно морате да ја доживеете нејзината убавина.
| ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ |
| ПРВ ДЕН: 01.05.2024 |
Состанок на групата во 11.30 ч на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање во 12.00ч. Се патува преку грaничниот премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
| ВТОР ДЕН 02.05.2024 |
Очекувано пристигнување во Трст во претпладневните часови. Прошетка низ центарот на градот,плоштадот на Обединување,каналот Гранде, Понте Росо… Слободно време за индивидуални прошетки.Во договор со водичот патувањето продолжува накај Лидо ди Јесолосо попатна посета на Outlet шопинг центар Palmanova. Во попладневните часови пруистигнување во Лидо. Сместување во хотел. Слободна вечер за прошетки низ Лидое.. Ноќевањ
| ТРЕТ ДЕН 03.05.2024 |
Појадок. По појадокот заминуваме накај Милано. По пристигнувањето одиме на разглед на градот: тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наога најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миланска опера една од најпознатите оперски куќи во светот… Слободно време за индивидуални прошетки. Во договор со водичот продолжуваме кон Верона. Прошетка низ плоштадите Бра, Ербе и Данте, Арената, куќата на Јулија.Слободно време за прошетка по пешачката улица Мазини, и можност за шопинг. Не пропуштајте добра Италијанска пица на плоштадот Бра. Во вечерните часови враќање во Лидо. Ноќевање.
| ЧЕТВРТИ ДЕН 04.05.2024 |
Појадок . Напуштање на собите. Заминување за Венеција. Превоз со брод од пристаништето Пунта Сабиони до Венеција. Прошетка низ Заспаната убавица од средниот век. плоштадот и црквата Сан Марко, мостот Риалто, мостот на воздишките, Дуждевата палата, каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки. Убаво е да се искачите на кулата звоник од каде има прекрасен поглед на цела Венеција и секако возете се со гондола низ каналите на Венеција, посетете ја Дуждевата палата и црквата Св.Марко. Во договор со водичот поаѓање кон Скопје. Ноќно возење со попатни пауза за одмор и царински формалности.
| ПЕТТИ ДЕН 05.05.2024 |
Пристигнување во Скопје во попладневните часови.
| ПРОМОТИВНА ЦЕНА: 149€ / 9.240 МКД до 30.03.2024 |
| РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 169€ / 10,480 МКД |
Цена по лице за миним 2 лица во соба за уплата во денарска противвредност 1€/62мкд
| Во цената на аранжманот е вклучено: |
-Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
–2 ноќевања со појадок во Лидо ди Јесоло Хотел Portofino 3*
-Организација на аранжманот
– Лиценциран туристички придружник на патувањето
| Во цената на аранжманот НЕ е вклучено: |
– Превоз + бродски билет до/од Венеција 30 €
– Посета на Милано и Верона 60 €
– Туристичка такса за ноќевање во Италија( 2 € по лице по ноќ, се плаќа во агенција)
– Влезници за музеи и споменици
– Задолжително патничко осигурување 200 мкд
– Доплатаза еднокреветна соба 2.100 денари
– Доплата за избор на седиште 30 €
– Доплата за дополнително седиште 150 €
| НАПОМЕНИ: |
- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%,целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- Останатите услови на патување важат според годишниот програм на БАЛКАН ЕКСПРЕС ТРАВЕЛ
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
ID 002
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |


