Tour overview

На само 10 минути возење со траект од пристаништето Трипити ќе пристигнете до прекрасниот Божествен остров – рајот на Халкидики – островот Амулијани. Со површина од само 4,5 км² и со околу 600 жители, прекрасна тиркизна вода, ситен песок, маслинови и борови насади, повелете да уживате.

Центарот на островот изобилува со многу ресторани со свежа и вкусна риба, гиро, кафетерии, продавници – супермаркети, слаткарници, бутици, сувенирници и занимливости за најмалите, рент-а-кар услуги. На источната страна на островот се наоѓа градот Амулијани. Од тука можете да ги посетите и да уживате на непосредните плажи, но не заборавајте да ги посетите и плажите: Мегали Амос, Св. Ѓорги, Вавос, Елефант Бич – источна страна; на западната и северозападната страна Фака, Карагација, Аликес Бич и уште неколку други Божествени убавини.

Вилата „Пасалимани“ – поглед на море, лоцирана е во центарот на градот Амулијани со прекрасен поглед кон морето. Убаво опремена вила. Секоја соба има кујна комплетно опремена со кујнски инвентар, мал фрижидер со комора и плотна со 2 рингли. Има клима-уред, ТВ и тераса со маса и столици и прекрасен поглед кон морската шир. Секоја соба има стандардно купатило и WC. Вилата има и безжичен интернет и јавен паркинг, што функционира на принципот „прво слободно место“.

Координати на Вилата;

7% ПОПУСТ ЗА НАЕМ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ СО УПЛАТА ОД 70% ДО 20.11.2026

Цените во табелата се однесуваат за наем на студио за 7 ноќевања без превоз.

Цените во табелата се редовни, без попустот од 7%.

Термин Студио 1/3 бр. 1 (максимум 3 лица) поглед на море
28.05.2027 179 €
04.06.2027 279 €
11.06.2027 389 €
18.06.2027 459 €
25.06.2027 489 €
02.07.2027 579 €
09.07.2027 659 €
16.07.2027 679 €
23.07.2027 679 €
30.07.2027 679 €
06.08.2027 679 €
13.08.2027 679 €
20.08.2027 639 €
27.08.2027 529 €
03.09.2027 459 €
10.09.2027 249 €
17.09.2027 189 €

Сите патници, вклучувајќи ги децата и бебињата, се бројат во максималниот капацитет на собата. Децата може да користат кревет за возрасни во рамките на тој капацитет.

ИНФО ЗА ПРЕСТОЈОТ

КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕДОТ, WI-FI Е БЕСПЛАТНО
СПРОТИ ВИЛАТА ИМА ПАРКИНГ И ГОСТИТЕ ГО КОРИСТАТ НА ПРИНЦИП ПРВО СЛОБОДНО МЕСТО
АПАРТМАНОТ: Имаат крпи; Имаат тоалетна хартија и сапун

Сместувачки капацитети:
СТУДИО БР. 1 1/3 – Студиото се наоѓа на прв кат. Има еден дупол кревет комотен за спиење на 2 лица и еден поединечен кревет. Има плакар за алишта, ТВ и клима уред. Кујната е во посебна просторија одвоена со ѕид, опремена со аспиратор, плотна со две рингли, фрижидер со комора и комплетен кујнски инвентар. Има сопствено купатило и WC. Студиото излегува на тераса со маса и столици и прекрасен поглед на море.

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
  • Наем на студио за 7 ноќевања;
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
  • Превоз;
  • Туристичка такса – 2 € од ноќ (се плаќа во агенција);
  • Индивидуални и останати трошоци на патникот;
НАПОМЕНИ

– Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1 € = 62 ден.);
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање;
– 7% попуст за наем при уплата на 70% од вредноста на аранжманот до 20.11.2026;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства) само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените (зголемување или намалување) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во случај на направена поголема штета во СТУДИОТО, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
– Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2 € од ноќ за студијата (доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета).

ПРЕВОЗ
  • 60 € за возрасни – повратна карта;
  • 40 € за деца до 12 години – повратна карта;
  • 40 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
  • 20 € (доплата за избор на прв ред седиште);
  • 10 € (доплата за избор на седиште, освен прв ред на седиште);
  • Деца до 2 години бесплатно – не користат седиште;
  • Доплата за трансфер: БИТОЛА ДО НЕГОТИНО 30 € ПО ЛИЦЕ – ПОВРАТНА КАРТА; ПРИЛЕП ДО НЕГОТИНО 25 € ПО ЛИЦЕ – ПОВРАТНА КАРТА
  • Бродска карта (се плаќа на лице место во бродот): 10 € за возрасни – повратна карта;
  • Бродска карта (се плаќа на лице место во бродот): 7 € за дете од 2 до 12 години – повратна карта;
МЕСТО И ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ

Деновите дадени во табелата се денови на поаѓање од:

Град Место на тргнување Време
Куманово Бензинска пумпа Макпетрол 03:00 часот наутро
Скопје Спортска сала Борис Трајковски 04:00 часот наутро
Велес Мотел Македонија бенз. Мак. Оил 04:30 часот наутро
Кочани Основен Суд 03:15 часот наутро
Штип Нова Пошта 04:00 часот наутро
Неготино Бензинска пумпа Макпетрол 05:00 часот наутро
Гевгелија Бензинска пумпа Окта-Шимов 06:00 часот наутро
Прилеп Бензинска пумпа Лукоил 04:00 часот наутро
Битола Спортска сала 03:15 часот наутро

ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР 25 € ПО ЛИЦЕ ОД ПРИЛЕП И 30 € ОД БИТОЛА

ID 031

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ