Tour overview
На само 220 км оддалеченост, Ставрос е живописно крајбрежно место во северна Грција, сместено на источниот брег на Стримонскиот залив. Името Ставрос потекнува од грчкиот збор „Σταυρός“ што значи „крст“, тоа е симбол со длабоко духовно и историско значење, кој упатува на силната православна традиција на ова подрачје. Ставрос е опкружен со природна убавина и е во близина на планината Холомондас, која нуди зелени пејзажи, чист воздух и многу пријатна клима. Морето овде е мирно, плитко и исклучително чисто. Токму оваа комбинација од планина и море го прави Ставрос особено привлечен за семејства, но и за сите што бараат спокоен одмор. Овде има долги песочни уредени плажи, а некои од нив се носители на сино знаменце што гарантира квалитет на водата и висок еколошки стандард. Шеталиштето е исполнето со кафулиња, традиционални грчки таверни и мали продавници со локални производи.
Вилата „Литакис – студио“ е убаво опремена вила и се наоѓа на 50 метри од плажа. Секое студио има кујна стандардно опремена со кујнски инвентар, фрижидер, решо со две рингли, купатило и WC, спална соба, тераса, ТВ, клима уред и wi-fi конекција.
Координати на Вилата;
ЦЕНИТЕ ЗА ТЕРМИНИТЕ (14.05; 21.05; 28.05; 04.06; 27.08; 03.09; 10.09 и 17.09.2027) ОЗНАЧЕНИ СО ЅВЕЗДИЧКА * ВО ТАБЕЛАТА СЕ ПАКЕТ АРАНЖМАНИ И СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ СО ВКЛУЧЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ. ОСТАНАТИТЕ ЦЕНИ ЗА ДАДЕНИТЕ СМЕНИ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ЗА 7 НОЌИ.
Цените за пакет аранжманите (означени со *) се со веќе вкалкулиран попуст.
| Термин | Студио 1/2 Бр. 6 | Студио 1/3 Бр. 1, 3, 4 | Студио 1/4 Бр. 5 | Студио 1/4 Бр. 2 |
| 14.05.2027* | 69 € | 69 € | 69 € | 69 € |
| 21.05.2027* | 79 € | 89 € | 109 € | 89 € |
| 28.05.2027* | 109 € | 119 € | 139 € | 119 € |
| 04.06.2027* | 139 € | 149 € | 169 € | 149 € |
| 11.06.2027 | 379 € | 399 € | 429 € | 399 € |
| 18.06.2027 | 399 € | 419 € | 449 € | 419 € |
| 25.06.2027 | 409 € | 429 € | 459 € | 429 € |
| 02.07.2027 | 449 € | 469 € | 499 € | 469 € |
| 09.07.2027 | 479 € | 499 € | 539 € | 499 € |
| 16.07.2027 | 529 € | 549 € | 579 € | 549 € |
| 23.07.2027 | 529 € | 549 € | 579 € | 549 € |
| 30.07.2027 | 529 € | 549 € | 579 € | 549 € |
| 06.08.2027 | 529 € | 549 € | 579 € | 549 € |
| 13.08.2027 | 529 € | 549 € | 579 € | 549 € |
| 20.08.2027 | 489 € | 509 € | 529 € | 509 € |
| 27.08.2027* | 189 € | 209 € | 219 € | 209 € |
| 03.09.2027* | 159 € | 169 € | 179 € | 169 € |
| 10.09.2027* | 139 € | 149 € | 159 € | 149 € |
| 17.09.2027* | 119 € | 129 € | 139 € | 129 € |
Плаќаат минимум 2 лица, трето, четврто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз доколку користат 60 € за возрасен или 40 € за дете до 12 години.
Сите патници, вклучувајќи ги децата и бебињата, се бројат во максималниот капацитет на собата. Децата може да користат кревет за возрасни во рамките на тој капацитет.
| ИНФО ЗА ПРЕСТОЈОТ |
КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕДОТ, WI-FI Е БЕСПЛАТНО
АПАРТМАНИТЕ и СТУДИЈАТА: ИМААТ КРПИ; ИМААТ ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА И САПУН
Сместувачки капацитети:
СТУДИО БР. 1 (1/3) – 3 лица – Студиото располага со еден дупли кревет и еден поединечен кревет. Вкупно во студиото можат да престојуваат три лица. Во склоп на истата соба има кујна комплетно опремена со кујнски инвентар, фрижидер, решо со две рингли, плакар за алишта, ТВ, клима уред. Од собата се излегува на тераса со маса и столови. Прозорците имаат комарници и ролетни. Студиото располага со стандардно купатило и WC.
СТУДИО БР. 2 (1/4) – 4 лица – Студиото располага со еден дупли кревет и два поединечни кревети. Вкупно во студиото можат да престојуваат четири лица. Има плакар за алишта, ТВ, клима уред. Во склопот на истата соба има кујна комплетно опремена со кујнски инвентар, фрижидер, решо со две рингли. Од собата се излегува на тераса со маса и столови. Прозорците имаат комарници и ролетни. Тоалетот се наоѓа веднаш до собата посебно одвоен.
СТУДИО БР. 3 (1/3) – 3 лица – Студиото располага со еден дупли кревет и еден поединечен кревет. Вкупно во студиото можат да престојуваат три лица. Во склопот на истата соба има кујна комплетно опремена со кујнски инвентар, фрижидер, решо со две рингли, плакар за алишта, ТВ, клима уред. Од собата се излегува на тераса со маса и столови. Прозорците имаат комарници и ролетни. Студиото располага со стандардно купатило и WC.
СТУДИО БР. 4 (1/3) – 3 лица – Студиото располага со еден дупли кревет и еден поединечен кревет. Вкупно во студиото можат да престојуваат три лица. Во склопот на истата соба има кујна комплетно опремена со кујнски инвентар, фрижидер, решо со две рингли, плакар за алишта, ТВ, клима уред. Од собата се излегува на тераса со маса и столици со поглед на море во далечина. Прозорците имаат комарници и ролетни. Студиото располага со стандардно купатило и WC.
СТУДИО БР. 5 (1/4) – 4 лица – Студиото располага со еден дупли кревет и два поединечни кревети. Вкупно во студиото можат да престојуваат четири лица. Има плакар за алишта, ТВ, клима уред. Во склопот на истата соба има кујна комплетно опремена со кујнски инвентар, фрижидер, решо со две рингли. Од собата се излегува на тераса со маса и столици со поглед на море во далечина. Прозорците имаат комарници и ролетни. Студиото располага со стандардно купатило и WC.
СТУДИО БР. 6 (1/2) – 2 лица – Студиото располага со еден дупли кревет. Вкупно во студиото можат да престојуваат две лица. Има плакар за алишта, ТВ, клима уред. Во склопот на истата соба одвоена со ѕитче има кујна комплетно опремена со кујнски инвентар, фрижидер, решо со две рингли. Од собата се излегува на тераса со маса и столици со поглед на море во далечина. Прозорците имаат комарници и ролетни. Студиото располага со стандардно купатило и WC.
| ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА |
- Пакет аранжман (термини со *): 7 ноќевања во студио и автобуски превоз;
- Наем (термини без *): 7 ноќевања во студио;
| ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА |
- Превоз за термините за наем;
- Туристичка такса – 2 € од ноќ (се плаќа во агенција);
- Индивидуални и останати трошоци на патникот;
| УСЛОВИ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАНИТЕ |
– За пакет аранжманот во СТУДИО потребни се минимум 2 лица;
– Трето, четврто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз доколку користат 60 € за возрасен или 40 € за дете до 12 години;
– Дете до 2 години не плаќа (бесплатно), не користи седиште во автобус;
– За патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10 € по лице;
– Сите патници, вклучувајќи ги децата и бебињата, се бројат во максималниот капацитет на собата. Децата може да користат кревет за возрасни во рамките на тој капацитет.
| НАПОМЕНИ |
– Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1 € = 62 ден.);
– Кога има акциски попуст, НЕ важи за смените со ѕвездичка;
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање;
– Цените за пакет аранжманите се со вкалкулиран попуст;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства) само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените (зголемување или намалување) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во случај на направена поголема штета во СТУДИЈАТА, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
– Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2 € од ноќ за студијата и апартманите (доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета).
| ПРЕВОЗ |
- 60 € за возрасни – повратна карта;
- 40 € за деца до 12 години – повратна карта;
- 40 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
- 20 € (доплата за избор на прв ред седиште);
- 10 € (доплата за избор на седиште, освен прв ред на седиште);
- Деца до 2 години бесплатно – не користат седиште;
- Доплата за трансфер: БИТОЛА ДО НЕГОТИНО 30 € ПО ЛИЦЕ – ПОВРАТНА КАРТА; ПРИЛЕП ДО НЕГОТИНО 25 € ПО ЛИЦЕ – ПОВРАТНА КАРТА
| МЕСТО И ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ |
Деновите дадени во табелата се денови на поаѓање од:
| Град | Место на тргнување | Време |
| Куманово | Бензинска пумпа Макпетрол | 03:00 часот наутро |
| Скопје | Спортска сала Борис Трајковски | 04:00 часот наутро |
| Велес | Мотел Македонија бенз. Мак. Оил | 04:30 часот наутро |
| Кочани | Основен Суд | 03:15 часот наутро |
| Штип | Нова Пошта | 04:00 часот наутро |
| Неготино | Бензинска пумпа Макпетрол | 05:00 часот наутро |
| Гевгелија | Бензинска пумпа Окта-Шимов | 06:00 часот наутро |
| Прилеп | Бензинска пумпа Лукоил | 04:00 часот наутро |
| Битола | Спортска сала | 03:15 часот наутро |
ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР 25 € ПО ЛИЦЕ ОД ПРИЛЕП И 30 € ПО ЛИЦЕ ОД БИТОЛА
ID031
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |
| ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ: |

