Tour overview

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики и е на само 340 км од Скопје. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулијани.

Апартманите „Seawaves“ се наоѓаат во самиот центар на Јерисос, на само 40 метри од плажата. Модерно уредените единици се на првиот кат и имаат приватни балкони со поглед на морето, а од апартманот се гледа и централниот мол. Плажата, кафулињата, ресторантите и продавниците се на неколку чекори, а за гостите има бесплатен паркинг на улица.

5% ПОПУСТ ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 15.11.2026

Цените во табелата се редовни, а попустот се пресметува при уплата.

Термин Ноќевање 1/2 Студио 1/3 Апартман 1/4 Апартман
02.06.2027 10 715 € 1025 € 1079 €
12.06.2027 10 715 € 1025 € 1079 €
22.06.2027 10 799 € 1180 € 1240 €
02.07.2027 10 1079 € 1270 € 1340 €
12.07.2027 10 1100 € 1380 € 1460 €
22.07.2027 10 1140 € 1480 € 1560 €
01.08.2027 10 1140 € 1480 € 1560 €
11.08.2027 10 1140 € 1480 € 1560 €
21.08.2027 10 1099 € 1390 € 1490 €
31.08.2027 10 799 € 1025 € 1079 €
10.09.2027 10 715 € 949 € 999 €

ЦЕНИ ПО СТУДИО / АПАРТМАН ЗА НАЕМ НА 10 НОЌЕВАЊА, БЕЗ ПРЕВОЗ

ИНФО ЗА ПРЕСТОЈОТ

КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕДОТ Е ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА
СМЕСТУВАЊЕ ПОСЛЕ 15:00, А НАПУШТАЊЕ НА СТУДИЈАТА И АПАРТМАНИТЕ ДО 09:00 ЧАСОТ (ЛОКАЛНО ВРЕМЕ)
ВИЛАТА ИМА ПЕШКИРИ

Сместувачки капацитети:
1/2 Студио – модерно студио од околу 17 м², со king-size кревет, кујна, модерна бања, склоплива трпезариска маса, TV, клима уред, Wi-Fi, машина за перење алишта и тераса.
Апартман 1/3 и 1/4 – апартман од околу 40 м², со дневна соба со кујна и аголна гарнитура на расклопување и спална соба со king-size (француски) кревет, бања, TV, клима уред, Wi-Fi, машина за перење алишта и балкон со поглед на морето и централниот мол.

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
  • 10 ноќевања во студио или апартман во Seawaves;
  • Користење на клима уредот;
  • Постелнина и пешкири;
  • Услуги на претставник на агенцијата во местото на престој;
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
  • Превоз;
  • Меѓународно патничко здравствено осигурување;
  • Климатска такса – 2 € по студио/апартман дневно, се плаќа на лице место;
  • Факултативни излети;
  • Индивидуални и останати трошоци на патникот;
НАПОМЕНИ

– Патниците минимум 24 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
– Цените се за наем на цело студио или апартман за 10 ноќевања (11 дена), согласно предвидениот капацитет. Датумот во ценовникот е денот на пристигнување;
– Кога има акциски попуст, на втората смена НЕ се одобрува дополнителен попуст;
– За важечка резервација се смета само со уплата на 40% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21 ) пред поаѓање;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства ) само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените ( зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет;
– Хигиената во студијата и апартманите за време на престојот ја одржуваат самите гости;
– Фотографиите прикажуваат еден или повеќе типови единици, а не нужно сите типови што ги има објектот;
– Агенцијата го задржува правото непродадените капацитети да ги понуди по Last Minute цени. Подоцнежното намалување на цената не е основа за враќање на разликата за веќе уплатени резервации;
– Во случај на направена поголема штета во АПАРТМАНИТЕ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;

ПРЕВОЗ
  • Превозот не е вклучен во цената – информации за цената на превозот во агенција;

ID082

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ