Tour overview
ФЕРАРА – градот на најубавите палати. Тој е град со бајковита убавина и голем број знаменитости, а најголемиот број знаменитости на Ферара датираат од 14 и 15 век. Заштитен знак на овој град е велосипедот кој доминира како превозно средство.
БОЛОЊА – главен град на регионот Emilia Romanga. Позната по својата архитектура во која доминира топлата црвено-портокалова боја, а самиот центар на градот, со оглед на тоа што има само половина милион жители, е многу голем и добро сочуван. Болоња се смета за гастрономски главен град во Италија, а шпагети болоњезе и болоња лазањи се специјалитети познати низ целиот свет. Денес, во Болоња се сместени некои од најпознатите факултети во Италија, како и најстариот универзитет во Европа, основан во 11 век.
РАВЕНА – Шармантен град кога го нарекуваат европска престолнина на мозаиците! Токму во овој град Данте Алигиери ги поминал последните години од својот живот, каде што бил погребан.
САН МАРИНО – Република Сан Марино е една од најмалите земји во Европа. Урбаниот центар на Сан Марино е заштитен со три кули на врвовите на Монте Титано…
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ |
ПРВ ДЕН: 23.05.2024 |
Состанок на патници во 11:30 часот на Дрводекор. Поаѓање во 12.00 часот. Ноќно возење низ Србија, преку Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и гранични формалности.
ВТОР ДЕН 24.05.2024 |
Пристигнување во претпладневните часови во Ферара, која во 16 век била еден од најголемите уметнички центри во Италија, познат по сликарството и музиката. Разглед на центарот на градот заштитен од УНЕСКО. Во градот доминираат ренесансните градби, меѓу кои се издвојува дворецот на семејство d’Este. По разгледот, слободно време за индивидуални активности. Патувањето го продолжуваме до Римини. Сместување во хотел. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН 25.05.2024 |
Појадок. По појадокот, можност за организирање целодневна факултативна екскурзија до Болоња и Равена. Болоња е прекрасен средновековен град со ренесансни палати. Центарот на градот се состои од два идентични плоштади, Маџоре и Нетуно. Тоа е елегантен јавен простор опкружен од сите страни со средновековни палати. Црвеникаво-кафеавата структура и левичарската репутација и го дадоа на Болоња прекарот „La Rossa” (Црвена), додека поради нејзината наклонетост кон културната и образовната сфера, беше наречена „La Dotta“ (Изучувач). По пристигнувањето разглед на градот: споменикот на Нептун, базиликата Сан Петронио, Универзитетот Due Torri, Палатата Banki, Piazza Maggiore… Слободно време. Патувањето продолжува за Равена. Во рамките на своите антички ѕидини, Равена го зачувува најбогатото наследство на мозаици, од кои повеќето датираат од 5 и 6 век. Поради оваа причина, ранохристијанските и византиските цркви и крстилници се признати како дел од Светското наследство на УНЕСКО. По пристигнувањето, разглед на градот: Народниот плоштад, споменикот на Гарибалди, капелата каде што се наоѓа гробот на познатиот поет Данте Алегиери, прошетка до црквата Сан Витале, мавзолејот на Гала Пласидија… Слободно време. Враќање во Римини. Слободно време. Ноќевање.
ЧЕТВРТИ ДЕН 26.05.2024 |
Појадок. Напуштање на хотелот. Слободно време или факултативно поаѓање до САН МАРИНО. По пристигнувањето во Сан Марино разгледување: Базиликата Св. Марина која датира од XIX век и ги чува моштите на заштитникот на градот, Градското собрание, кулите на Сан Марино (Guaita од XI век, Cesta од XIII век и Montale XIV век)… Слободно време за индивидуални активности. Враќање во Римини и продолжување на патувањето кон Македонија со повремени застанувања за одмор и гранични формалности. Пристигнување во пладневните часови на 27.05.2024 (понеделник).
ПРОМО ЦЕНА: 139€ / 8.618,00 МКД |
РЕДОВНА ЦЕНА: 159€ / 9.858,00 МКД |
Во цената на аранжманот е вклучено: |
– 2 ноќевања со појадок во Римини или околината, појадок – континентален.
– Автобуски превоз на дадената релација
– Бесплатен трансфер од: Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково), Велес
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено: |
Факултативни екскурзии:
– Задолжителен разглед на Ферара – 15 евра
– Целодневен разглед на Болоља и Равена – 35 евра
– Сан Марино – 30 евра
– СПЕЦИЈАЛНА ЦЕНА ЗА ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ: 75 евра
– Задолжителна туристичка такса во Римини 2,5 еур по лице по ноќевање
– Патничко осигурување
– Влез во музеи, галерии и сл.
– Индивидуални трошоци
НАПОМЕНИ: |
– За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот
– Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
– Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%
– За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
– За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
– За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 3 месеци од денот на патувањето. За ова патување валидни се само пасошите на кои пишува “Република Северна Македонија”.
– Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
– Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Балкан Експрес Травел.
НАШИОТ ФЕЈСБУК ПРОФИЛ
(Кликнете на сликата подолу, ќе Ве однесе на нашиот профил)
НАШИОТ ИНСТАГРАМ ПРОФИЛ
ID039
ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |