Tour overview

За целосни уплати заклучно со 16 јануари, 15% попуст на сите термини а 20% попуст на термините 27.6, 4.7 и 22.8

Куќа „Палаис де Фурка“ е лоцирана во мирниот дел на Фурка, близу црквата. Оддалечена е од море околу 50 метри или 4-5 минути од центарот. Има прекрасно уреден голем двор со многу зеленило и содржини за деца, сопствен приватен паркинг. Располага со четирикреветни апартмани на приземје, сите опремени со ЛЦД ТВ, клима (вклучена во цената), тоалет, комплетно опремена кујна и големи тераси со поглед кон дворот. Во собите нема пешкири како дел од опремата.

Координати на вилата „Palais de Furkа“.

Цената е објавена за 1 (едно) лице во кое се вклучени 7 ноќевања со вклучен превоз

ТЕРМИН НОЌЕВАЊА 1 И 2 ЛИЦЕ 3 И 4 ЛИЦЕ
30/5-6/6 7 139×2 55×2
6/6-13/6 7 179×2 55×2
13/6-20/6 7 219×2 55×2
20/6-27/6 7 235×2 55×2
27/6-4/7 7 249×2 55×2
4/7-11/7 7 259×2 55×2

– Задолжитено се плаќа за секое легло според цените наведени во табелата –

Цената е објавена за наем на апартман за 7 ноќевања

ТЕРМИН НОЌЕВАЊА ЧЕТИРИКРЕВЕТЕН АПАРТМАН
11/7-18/7 7 665
18/7-25/7 7 735
25/7-1/8 7 770
1/8-8/8 7 770
8/8-15/8 7 770
15/8-22/8 7 700

– Задолжитено плаќаат сите патници повозрасни од 1 година кои престојуваат во собите –

Цената е објавена за 1 (едно) лице во кое се вклучени 7 ноќевања со вклучен превоз

ТЕРМИН НОЌЕВАЊА 1 И 2 ЛИЦЕ 3 И 4 ЛИЦЕ
22/8-29/8 7 255×2 55×2
29/8-5/9 7 239×2 55×2
5/9-15/9 10 239×2 55×2
15/9-25/9 10 209x2 55×2

– Задолжитено се плаќа за секое легло според цените наведени во табелата –

  1. Бр. 2, 3, 5, 6 (четирикреветни апартмани) на приземје. Посебно одвоена кујна, два брачни – француски кревета во спална соба. Бр. 2 и 3 гледаат кон улица, бр. 5 и 6 гледаав во дворот.
  2. Бр. 4 (четирикреветен апартман) на приземје. Поглед кон улица и кон двор. Брачен – француски кревет во посебна спална соба и два единечни кревета во иста просторија со кујната.
НАПОМЕНИ: 

 

  • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денарска противвредност а по курс 1 евро = 62 мкд.
  • Вонсезонските цени (табела 1 и 3) се дадени (објавени) по лице за 7 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Доплатата за 3 и 4 лице (во зависност од бројот на кревети, а без разлика дали ќе престојуваат помалку лица) е задолжителна.
  • Цените во табела 2 се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 7 ноќевања и се плаќа целосно според бројот на кревети во секоја соба без разлика дали во неа ќе престојуваат помалку лица од бројот на кревети но не и повеќе, во цената не е вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
  • Сезонските цени се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 7 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
    • За возрасни 3,100 денари (50 евра)
    • За деца до 11,99 години 2.170 денари (40 евра)
  • Тргнувањето од Скопје се договара најдоцна 48 часа пред секоја смена, додека за враќањето од Грција кон Македонија, местото и времето се договараат со придружникот-пратител на групата.
  • Распоредот на седење во автобус се прави системски според денот т.е. датумот на уплата на аранжманот.
  • Ограничување или доплата за багаж во автобусите нема. Се замолуваат патниците да понесат оптимална количина или број на патни торби, куфери и сл. а со цел патувањето да биде полесно и комотно за сите. Доколку нема доволно простор за прекумерниот багаж т.а. „Т.А. Балкан Експрес Травел“ не може да сноси одговорност, истата е на секој патник поединечно.
  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот на 7 или на 10 ноќевања.
  • За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 50% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна доплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот, а доколку не се изврши во предвиденото време, агенцијата може да го смета како отказ на аранжман. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
  • Промена на веќе постоечка резервација, како имиња и презимиња на патници изнесува 930 денари (15 евра) додека промена на термин подразбира отказ на истата и се наплаќа според табелата од Општите услови за патување.
  • При правење на резервација на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од важечки пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
  • Преземањето на собите е од 15 часот првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин. Љубезно молиме да се почитуваме и ова правило.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од т.а. „Т.А. Балкан Експрес Травел“. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • На денот на пристигнување, за гостите во куќите, вработените во т.а. „Т.А. Балкан Експрес Травел“ ќе бидат на располагање до 18ч по локално време, а потоа за нив ќе се грижат претставниците или сопствениците на куќите, на телефонски броеви (Viber, WhatsApp…) кои патниците ќе ги добијат при подигнување на ваучер во агенцијата.
  • Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените освен ако таа не е напишана во Договорот за патување. Нашата веб-страница  е од информативен карактер.
  • Категоризацијата на објектите – куќите не е во надлежност на т.а. „Т.А. Балкан Експрес Травел“ туку е во ингеренции на локалните надлежни институции, како ЕОТ, Министерство за туризам и сл.
  • За информациите добиени од вработените на т.а. „Т.А. Балкан Експрес Травел“, агенцијата-организатор ја презема целосната одговорност кон странките-патници за време на аранжманот, за кои било други форми и извори на информации (google, booking.com, air bnb…) за капацитетите, „Т.А. Балкан Експрес Травел“ не може и нема да преземе одговорност.
  • Агенцијата организира превоз со лиценциран придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот. Трансферите до влезот во куќите, со такси или кое и да е друго превозно средство се доплаќаат 5 евра по лице.
  • Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци, без доплата на клима-уред, интернет и слично, за евентуална промена т.а. „Т.А. Балкан Експрес Травел“ ќе ги информира своите клиенти според меѓусебно потпишаниот договор со партнерите.
  • Туристичката такса која изнесува 2 евра на ден се плаќа на самото место
  • т.а. „Т.А. Балкан Експрес Травел“ не може и нема да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи (важност најмалку 3 месеци од денот на враќање) и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во Т.А. Балкан Експрес Травел и на самата агенција.

ID029

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
Download pdf brochure