Tour overview
Полихроно се наоѓа на првиот крак на полуостровот Халкидики, Касандра, 98 км југоисточно од Солун. Опкружено со бујна медитеранска вегетација, долга песочна плитка плажа, што е особено погодно за деца. Уживајте заедно со целото семејство на убавото осветлено шеталиште покрај морето, кое има голема понуда на различни ресторани – традиционална грчка кујна, свежо уловени риби, гиро, суфлаки, пици и друга брза храна. Токму затоа оваа година ве покануваме во Полихроно, да уживате заедно со вашето семејство и деца, покрај кристалното море како и многубројните продавници. Полихроно е доста познато фамилијарно туристичко место. За сите тие кои патуваат со кола, локацијата е идеална за посета на соседните туристички места како што се: Ханиоти, Криопиги, Калитеа, Афитос и мн. Други. Полихроно е дестинацијата за оваа лето, не се двоумете, резервирајте си одмор со време.
Вила „Мескини“ (целосно реновирана) се наоѓа на 70 м од плажа и на 100 м од центарот на Полихроно. Располага со 8 апартмани, 4 на високо приземје, 3 на прв кат и еден на приземје. Секој апартман комплетно реновиран и е опремен со мини кујна, бања, балкон и ТВ. Апартманите се со една спална соба и со еден брачен кревет, а во кујната има кревет на спуштање на кој можат да спијат две деца до 11.99 години или еден возрасен. И еден апартман е со брачен кревет и еден единечен во спална и кревет на спуштање во кујна, на кој можат да спијат две деца до 11.99 години или еден возрасен. Користењето на Wi-Fi е вклучено во цена, а клима се доплаќа кај газдите. Во вилата има WIFI.
Координати на вилата Мескини.
| 15% попуст за резервации до 31.03.2026 на цените во табелата (минимум уплата од 50%) |
| Период | Ноќевања | 1/2+1 апартман | 1/3+Exb апартман |
| 23.05.2026* | 7 | 131* | 131* |
| 30.05.2026* | 7 | полно | 155* |
| 06.06.2026* | 7 | полно | полно |
| 13.06.2026* | 7 | полно | 219* |
| 20.06.2026* | 7 | полно | полно |
| 27.06.2026* | 7 | 549* | 589* |
| 04.07.2026 | 7 | 589 | 629 |
| 11.07.2026 | 7 | 619 | 649 |
| 18.07.2026 | 7 | 669 | 699 |
| 25.07.2026 | 7 | 669 | 699 |
| 01.08.2026 | 7 | 669 | 699 |
| 08.08.2026 | 7 | 669 | полно |
| 15.08.2026 | 7 | 619 | 649 |
| 22.08.2026 | 7 | 589 | 629 |
| 29.08.2026* | 7 | 239* | 239* |
| 05.09.2026* | 7 | полно | 191* |
| 12.09.2026* | 7 | 167* | 167* |
| 19.09.2026* | 7 | 131* | полно |
| 26.09.2026* | 7 | 119* | 119* |
Цените означени со ѕвездички се по лице со вклучен превоз
ПЛАЌААТ МИНИМУМ ДВЕ ЛИЦА ВО 1/2+1 АПП, ТРИ ЛИЦА ВО 1/3 +1 И ЗА СО СОПСТВЕН ПРЕВОЗ, ЦЕНАТА НЕ СЕ НАМАЛУВА
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Наем на апартман за 7 ноќевања/8 дена
- Wi fi интернет
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА
- Автобуски превоз (за возрасен 50 евра/ 40 евра во еден правец; деца од 2-11.99г. 40 евра/ 35 евра во еден правец; деца до 2 год. – бесплатно.
- Туристичка такса 2 евра на ден – се плаќа во агенција
- Здравствено и патничко осигурување
- Климa уред – 35 евра за целиот престој (се плаќа во објектот)
| ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕТО |
Соба бр. 1 (високо приземје) 1/2+1
Aпартманот има комплетно опремена кујна, со нова софа и нова маса за ручање. Од лева страна има голем плакар, а од десна страна е тоалетот. Спална соба со брачен кревет, со килма и ТВ. Од тука се излегува на балкон, кој има поглед на море.
Соба бр. 2 (високо приземје) 1/2+1
Апартманот има комплетно опремена кујна, со нова софа и нова маса за ручање и голем фрижидер. Десно има плакар, а лево е тоалетот. Спалната е со два единечни кревети со клима и ТВ. Од собата се излегува на тераса, која има поглед на море.
Соба бр. 3 (високо приземје) 1/2+1
Апартманот има комплетно опремена кујна, со нова софа, нова масичка за ручање и мал фрижидер. Лево има плакар, а десно е тоалетот. Спалната е со брачен кревет со клима и ТВ.
Соба бр. 4 (високо приземје) 1/3+1
Апартманот има комплетно опремена кујна, со голем фрижидер и шпорет, во делот од кујната има масичка, софа и фотелја. Десно има плакар, а лево е тоалетот. Собата е со еден брачен кревет и еден единечен. Тераса со поглед према црквичката.
Соба бр. 5 (1 кат) 1/2+1
Апартманот има комплетно опремена кујна во која има нова масичка за ручање, нова софа и мал фрижидер. Лево има плакар, десно е тоалетот. Спалната е со брачен кревет. Терасата има поглед на море.
Соба бр. 6 (1 кат) 1/2+1
Апартманот има комплетно опремена кујна со нова софа, нова масичка и мал фрижидер. Десно има плакар, лево е тоалетот. Собата има брачен кревет. Терасата има поглед на море.
Соба бр. 7 (1 кат) 1/2+1
Апартманот има комплетно опремена кујна со нова софа, нова масичка и голем фрижидер, тоалет и собата има брачен кревет. Терасата има поглед кон црквичката.
Соба бр. 8 (приземје – посебен влез) 1/2+1
Апартманот има посебен влез. Комплетно реновиран апартман. Лево е тоалетот и кујничката комплетно опремена. Собата има брачен кревет и фотелја на спушање. Терасичката е пред влезот напред.
| НАПОМЕНИ |
- Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
- Цените се изразени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1 евро = 62 денари)
- Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може на дополнително барање да се смести едно дете до 5.99 години, во кревет со двајца возрасни.
- Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ULTRA FIRST, LAST MINUTE и BLACK FRIDAY понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети, по цени, кои се разликуваат од цените објавени во ценовникот. Лицата што веќе го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надомест на средствата за разликата во цена.
- Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 21 ден пред терминот на поаѓање.
- При отказ на аранжманот од страна на клиентот од било која причина ќе бидат задржани манипулативни трошоци во фиксен износ од 620 мкд.
- Сместувањето во собите е по 14:00 часот локално време, а напуштањето е во 09:00 часот локално време.
- При спојување на последователен термин, одобруваме 10% попуст на вториот термин на редовната цена.
- По завршувањето на летувањето, патниците се должни да го остават апартманот/студиото во чиста состојба. Доколку е причинета одредена материјална штета за време на престојот, се надоместува на лице место кај сопствениот на вилата.
- Превозот дали ќе биде со автобус или комбе зависи од бројот на патници.
- Патувања кои се резервирани по цени за рано букирање или резервации во последен момент за отказ, без оглед на времето кога е откажано патувањето, се наплатува 100 % од уплатената сума.
- Доколку патникот сака да го промени терминот пред денот на претходно потврденото поаѓање, доколку е можно организаторот ќе изврши промена на резервацијата и ќе наплати манипулативни-административни трошоци во износ од 10€ (евра), по пријава-договор
- За ова патување важат општите услови за патување на Т.А. „Балкан експрес травел“.
- Дадените цени во табелата се по лице со вклучен превоз до крај на јуни, 29.08 и цел септември, а цените во јули и август се за наем на апартман.
ID045
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |
Download pdf brochure




