Tour overview
04.12.2026 – 07.12.2026
Букурешт и Трансилванија – Божиќен маркет – уживајте во Букурешт во своето најубаво, празнично издание! Доживејте ја магијата на Божиќниот маркет, празничните светилки, мирисот на зимските деликатеси и прекрасната атмосфера што го исполнува градот. Една зимска приказна што вреди да се доживее, надополнета со можност за посета на најубавите места во Трансилванија и уживање во уникатниот амбиент на замоците Пелеш и Бран и шармантниот Брашов.
| ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО |
| ПРВ ДЕН: 04.12.2026 (ПЕТОК) МАКЕДОНИЈА – БУКУРЕШТ |
Состанок на групата во 18:00 часот и планирано поаѓање во 18:30 часот од пред спортската сала во Битола. Попатно собирање на патници од Прилеп, Велес, Росоман, Скопје и Куманово, доколку има пријавени патници. Патниците ќе бидат известени за точното време и место на поаѓање најдоцна два дена пред патувањето. Ноќно возење преку Бугарија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
| ВТОР ДЕН: 05.12.2026 (САБОТА) БУКУРЕШТ |
Пристигнување во Букурешт во утринските часови. Следува разглед на градот. Главниот град на Романија е познат и како „Мал Париз на Истокот“, а меѓу неговите најпознати знаменитости се Плоштадот на револуцијата, Операта, Воената академија, Триумфалната капија, Палатата на парламентот – најголемата административна зграда во Европа, Патријаршијата, Музејот на селото и други знаменитости. По разгледот сместување во хотел. Слободно време за одмор од патувањето. Во вечерните часови организирана посета на Божиќниот маркет во Букурешт со организиран превоз и туристички придружник – факултативно, 5 евра. Во договореното време враќање во хотелот. Ноќевање.
| ТРЕТ ДЕН: 06.12.2026 (НЕДЕЛА) ПЕЛЕШ – БРАН – БРАШОВ |
Појадок. По појадокот се упатуваме на целодневен факултативен излет кон Трансилванија. Ќе посетиме три места, три различни приказни и ќе доживееме едно незаборавно патување низ Трансилванија. Замокот Пелеш е еден од најубавите замоци во Романија, сместен во прекрасниот планински предел на Карпатите, со богата архитектура, раскошни ентериери и вистинска кралска атмосфера. Продолжуваме кон замокот Бран, познат и како Замокот на Дракула, еден од најпознатите и најпосетуваните замоци во Романија и вистинска атракција за сите љубители на историјата, легендите и мистичните приказни. Прошетката низ замокот нè враќа во едно поинакво време, исполнето со легенди и мистериозна атмосфера. На крај се упатуваме кон Брашов – срцето на Трансилванија, сместен во подножјето на Карпатите и познат како еден од најубавите и најшармантните градови во Романија. Следува прошетка низ стариот град. Во договореното време, со туристичкиот придружник, се враќаме во Букурешт. Ноќевање.
| ЧЕТВРТИ ДЕН: 07.12.2026 (ПОНЕДЕЛНИК) ТЕРМАЛНИ БАЊИ – МАКЕДОНИЈА |
Појадок. По појадокот го напуштаме хотелот и се упатуваме кон Термалните бањи – факултативно. Предвидено е слободно време од околу 3 часа. Во договореното време собирање на групата и поаѓање кон Македонија. Патувањето продолжува транзитно преку Бугарија, со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во вечерните часови или во раните утрински часови на 08.12.2026.
| ПРОМО ЦЕНА: 149 евра За резервации до 31.10.2026 РЕДОВНА ЦЕНА: 169 евра |
| Во цената на аранжманот е вклучено: |
- Автобуски превоз на наведената релација: Битола, Прилеп, Велес, Скопје и Куманово;
- Две ноќевања во хотел 3★ со појадок во Букурешт;
- Разглед на Букурешт со локален туристички водич;
- Туристички придружник за време на целото патување.
| Во цената на аранжманот не е вклучено: |
- Вечерна посета на Божиќниот маркет во Букурешт – 5 евра;
- Факултативен излет ТРАНСИЛВАНИЈА – 65 евра, со вклучен превоз, посета и влезница за Пелеш, Брашов и Бран; влезницата за замокот Бран се плаќа индивидуално на лице место;
- Факултативна посета на ТЕРМАЛНИ БАЊИ – 45 евра, со вклучен превоз и влезница;
- Патничко осигурување – информации во агенција;
- Доплата за еднокреветна соба – 50 евра.
| НАПОМЕНИ: |
- За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници. Во спротивно, крајниот рок за известување за евентуален отказ на аранжманот е најдоцна 5 дена пред датумот на поаѓање.
- За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 пријавени патници.
- Задржано е правото на измена на редоследот на поединечните содржини во програмата доколку се процени дека тоа е потребно.
- Патувањето мора да биде со валиден пасош. За патување на територијата на ЕУ пасошот не смее да има помалку од 3 месеци до истекот.
- Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ поради ситуации кои не можеле да се предвидат, а патувањето не може да се реализира, уплатените средства ќе му бидат вратени на клиентот.
- Доколку патувањето се реализира според планираното и нема пречки за неговата реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, откажувањето ќе се реализира согласно Општите услови за патување на СКТМ.
- Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобусот што ќе му биде доделено. Дополнителни промени не се можни. Распоредот на седење се прави земајќи ги предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудниците, како и периодот на уплатата.
- Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата може да доплати 10 евра по лице и да избере седиште, со исклучок на првиот ред, кој е резервиран за персоналот.
- Патниците ќе бидат известени за точното време и место на поаѓање најдоцна два дена пред тргнувањето.
- Патниците самите сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.
- Поради светската економска криза, можно е да дојде до намалување на квалитетот на услугата за сместување, на што агенцијата нема влијание.
- Агенцијата не учествува во организацијата на слободното време на патниците и нема влијание врз реализацијата на факултативните излети кои се во организација на туроператорот во државата.
- Малолетните деца кои патуваат без еден родител треба да имаат согласност од вториот родител за преминување на границата. Доколку патуваат без родителите, потребна е заверена согласност од двајцата родители и придружба од овластено полнолетно лице при преминувањето на границата.
- Слободните капацитети може да бидат понудени по различна цена преку акции или last minute понуди. Патниците кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право на надомест поради промената на цената.
ID077

