Tour overview

Вила „Maria“ е лоцирана во центарот на Неа Флогита 50 метри од плажа, во близина на хотел „Corfu“. Вилата располага со четири-креветен апартман (спална соба со два единечни кревети од која се излегува на тараса, WC, кујна и дневен престој каде што можат да се сместат уште двајца, дневниот престој излегува на тараса и има lcd-tv со тотал TV).
*доплата за туристичка такса 2 евра од ноќ – во агенцијата.
*Користењето на клима уред и интернет е вклучено во цената.

Координати на вила „Марија“.

Цени за наем на апартман

Термини Ноќевања 1/4 /Апартман
23.05.2026 7 150 промо
30.05.2026 7 200
06.06.2026 7 300
13.06.2026 7 400
20.06.2026 7 460
27.06.2026 7 510
04.07.2026 7 620
11.07.2026 7 660
18.07.2026 7 670
25.07.2026 7 680
01.08.2026 7 680
08.08.2026 7 680
15.08.2026 7 660
22.08.2026 7 610
29.08.2026 7 510
05.09.2026 7 410
12.09.2026 7 310
19.09.2026 7 190

Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 денари.

За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин, попустите не се комбинираат.

НАПОМЕНИ
  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот;
  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот;
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин;
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер го задржуваат правото да не ги примат лицата што не се наведени во ваучерот или за нив да побараат соодветен финансиски надомест;
  • Апартманите не поседуваат крпи. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата;
  • Гостите се сместуваат во исчистена соба, во текот на сместувањето сами се грижат за хигиената;
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за неа од клиентите што се сместени во моментот;
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Користењето на клима-уредот и интернетот е вклучено во цената;
  • Агенцијата не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда;
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, нивниот недостиг не е одговорност на вработените во агенцијата и на самата агенција;
  • За овој апартман важат Општите услови за патување на СКТМ и Т.А. „Балкан експрес травел“.
ПРЕВОЗ

Организиран превоз со придружник-пратител на групата, до место што е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот:

  • 3а возрасни 50 евра/ еден правец 40 евра
  • За деца до 12 години 40 евра/ еден правец 35 евра
  • Деца до 2 години бесплатно, без седиште

ID043

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

 

 

Download pdf brochure