349€
  • 23-ТИ ОКТОМВРИ
  • Опис
  • Програма
  • Фотографии

Tour overview

Состанок на аеродромот во Скопје.Полетување за Прага во 10:40 ч. Слетување во Прага во 12:55 часот. После царинските формалности следува организиран трансфер до хотел. Сместување и слободно време.Во приквечерните часови може да се организира првото запознавање со Прага, по предлог на пратителот на групата.

ВТОР ДЕН 24.10.2026 (САБОТА) ПРАГА 

Појадок во хотел.По појадокот следува организиран разглед на градот со локален водич.Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник – Орлој, црквата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, националниот музеј, дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито, Златната улица…Остатокот од денот е слободен за индивидуални активности или можност за ноќно крстарење по Влтава… Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН 25.10.2026 (НЕДЕЛА)  ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ

Појадок. По појадокот следува посета на Карлови Вари – најпознатиот бањски центар во Чешка и омиленото место на европската аристократија. Ќе имате можност да ги видете топлите извори и да се запознаете со лековитите својства на водите, можност да купите сувенири и производи со лековити својства од Карлови Вари. Враќање назад кон Прага, слободно време. Ноќевање.

ЧЕТВРТИ ДЕН 25.10.2026  ПРАГА – СКОПЈЕ

Појадок во хотел. После појадокот ќе имате слободно време во Прага. Во договорено време следи трансфер до аеродром. Во 21:20 полетување кон Скопје. Слетување 23:20.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА ПРВИТЕ 10 МЕСТА: 349 евра

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 399 евра

Во цената на аранжманот е вклучено:
  • Лет на релација Скопје – Прага – Скопје
  • Аеродромски такси
  • Мала кабинска торба до 8кг (40x30x20cm)
  • Организирани трансфери аеродром – хотел – аеродром
  • Сместување во Hotel Ilf 3* на услуга ВВ – 3 ноќевања
  • Разглед на Прага со локален водич
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
    • Туристичка такса 4 € по лице на ноќ – се плаќа во агенција;
    • Посета на Карлови Вари со организиран трансфер – 50 €
    • Крстарење по Влтава – 20 €
    • Патничко осигурување;
    • Билети за јавен превоз.

ЗАДОЛЖИТЕЛНA ЕДНА ЕКСКУРЗИЈА !!

ВАЖНА НАПОМЕНА : ПОРАДИ ПОТРЕБА ЗА НАВРЕМЕНО РЕЗЕРВИРАЊЕ НА ТРАНСФЕРИ И ВЛЕЗНИЦИ ЗА НАВЕДЕНИТЕ ЕКСКУРЗИИ, КЛИЕНТИТЕ МОРА ДА СЕ ИЗЈАСНАТ ЗА ИСТИТЕ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПАТУВАЊЕТО. РЕАЛИЗАЦИЈА НА ФАКУЛТАТИВИТЕ ЗАВИСИ ОД БРОЈ НА ПРИЈАВЕНИ ПАТНИЦИ (МИНИМУМ 16) НЕ ГАРАНТИРАМЕ МЕСТО НА ТРАНСФЕР ДОКОЛКУ КЛИЕНТОТ СЕ ОДЛУЧИ ЗА ЕКСКУРЗИЈА НА ЛИЦЕ МЕСТО.
РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОГРАМАТА НЕ ЗАВИСИ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРЕДЛОГ ЕКСКУРЗИИТЕ !!

ОПШТИ НАПОМЕНИ:
    • Организатор на аранжманот е Т.А. Балкан Експрес;
    • Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
    • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
    • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
    • За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 20 патника;
    • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
    • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
    • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
    • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
    • За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
    • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
    • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.

           За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Балкан Експрес

ID001

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ