Tour overview
Неос Мармарас е едно од најпознатите летувалишта на Ситонија, вториот крак на Халкидики, со марина, живописен центар и многу таверни, кафулиња и продавници.
Вилата „Magio Living“ (Вила Магио) е целосно реновирана за сезоната 2025. Се наоѓа во Неос Мармарас, на околу 50 метри од морскиот брег и околу 130 метри од почетокот на градската плажа, а центарот е на кратка пешачка оддалеченост. Во приземјето на објектот има супермаркет, а во непосредна близина се пекара, таверни, ресторани и кафулиња. Вилата има 8 двокреветни студија на првиот и вториот кат, наменети за две лица. Секое студио има сопствена бања со туш и тоалет, мини кујна со фрижидер, решо, аспиратор и основен прибор за подготовка на лесни јадења, телевизор, Wi-Fi, клима уред (вклучен во цената), гардеробер, балкон или тераса, постелнина и пешкири. Паркирањето е можно на јавните улични места во околината, според расположливоста.
Координати на Вилата;
| ДО 30% BLACK FRIDAY ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ СО УПЛАТА ОД 50% ВЕДНАШ И 50% ДО 30.11.2026 |
Прецртаните цени се редовни, а до нив се цените со Black Friday попуст.
| Термин |
Ноќевање |
1/2 Студио |
| 15.05.2027 |
7 |
299 € 210 € |
| 22.05.2027 |
7 |
375 € 263 € |
| 29.05.2027 |
7 |
524 € 367 € |
| 05.06.2027 |
7 |
671 € 470 € |
| 12.06.2027 |
7 |
899 € 765 € |
| 19.06.2027 |
7 |
959 € 816 € |
| 26.06.2027 |
7 |
929 € 790 € |
| 03.07.2027 |
7 |
998 € 799 € |
| 10.07.2027 |
7 |
1032 € 826 € |
| 17.07.2027 |
7 |
1109 € 888 € |
| 24.07.2027 |
7 |
1109 € 888 € |
| 31.07.2027 |
7 |
1169 € 936 € |
| 07.08.2027 |
7 |
1169 € 1053 € |
| 14.08.2027 |
7 |
1169 € 1053 € |
| 21.08.2027 |
7 |
1169 € 1053 € |
| 28.08.2027 |
7 |
1109 € 777 € |
| 04.09.2027 |
7 |
884 € 619 € |
| 11.09.2027 |
7 |
671 € 470 € |
| 18.09.2027 |
7 |
344 € 241 € |
ЦЕНИ ПО СТУДИО ЗА НАЕМ НА 7 НОЌЕВАЊА, БЕЗ ПРЕВОЗ И БЕЗ ОБРОЦИ
КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕДОТ Е ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА
WI-FI, ПОСТЕЛНИНА И ПЕШКИРИ СЕ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНАТА
ВО ПРИЗЕМЈЕТО НА ОБЈЕКТОТ ИМА СУПЕРМАРКЕТ; ВИЛАТА НЕМА СОПСТВЕН ПАРКИНГ
СМЕСТУВАЊЕ ПОСЛЕ 15:00, А НАПУШТАЊЕ НА СТУДИЈАТА ДО 10:00 ЧАСОТ (ЛОКАЛНО ВРЕМЕ)
Сместувачки капацитети:
1/2 Студио – двокреветно студио со брачен кревет, на првиот или вториот кат.
- 7 ноќевања во студио;
- Користење клима уред;
- Користење на опремата и содржините во студиото, согласно условите на понудата;
- Постелнина и пешкири;
- Автобуски превоз (со доплата – види ПРЕВОЗ);
- Патничко осигурување;
- Туристичка такса – 2 € по студио на ден, односно 14 € за престој од 7 ноќевања (се плаќа на лице место кај сопствениците на вилата);
- Оброци;
- Факултативни излети и влезници;
- Останати индивидуални трошоци;
– Цените се дадени за наем на цело студио за 7 ноќевања, согласно предвидениот капацитет; автобускиот превоз не е вклучен;
– Прецртаните цени се редовни, а другите се со Black Friday попуст; на прикажаната промотивна цена не се пресметува дополнителен попуст;
– За резервација на два последователни термини се одобрува 10% попуст на вториот термин, пресметан од редовната цена; овој попуст не се комбинира со Black Friday, Early Booking и други промотивни попусти;
– Датумите во ценовникот го означуваат почетокот на престојот; при резервација се избира категоријата на сместување, според расположливоста;
– Бројот на гости треба да одговара на предвидениот капацитет на студиото;
– Сместувањето е по 15:00 часот, а напуштањето на студијата е до 10:00 часот, по локално време;
– Хигиената во студиото за време на престојот ја одржуваат гостите; кујните се опремени со основен прибор за подготовка на лесни јадења;
– Фотографиите прикажуваат повеќе студија и служат за општ впечаток за објектот; изгледот, распоредот, катот и погледот може да се разликуваат;
– Паркинг-место не се резервира и не се гарантира со резервацијата;
– Патниците минимум 24 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Патниците самостојно го пренесуваат багажот од местото на запирање на автобусот до објектот; секој патник со организиран превоз има право на едно парче багаж до 20 кг и едно парче рачен багаж;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1 € = 62 ден.);
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање;
– Агенцијата го задржува правото непродадените капацитети да ги понуди по Last Minute цени; подоцнежното намалување на цената не е основа за враќање на разликата за веќе уплатени резервации;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во случај на направена поголема штета, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
- Повратен автобуски превоз за возрасни – 50 € по лице;
- Деца до 12 години – 40 € по лице;
- Деца до 2 години – бесплатно, без сопствено седиште;
- Приклучување на превозот: Скопје / Велес / Неготино / Смоквица / Гевгелија, според распоредот на агенцијата; точните места и часови на поаѓање и враќање се соопштуваат пред патувањето;
ID025
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |